Ознака: донација

ДОНАЦИЈА ОД 50 ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ СЕМЕЈСТВА

Post Views: 1 Општина Охрид доби донација од 50 таблет компјутери од компанијата „Еколог Интернешнл“ кои ќе бидат наменети за учениците од социјално-ранливи семејства од Охрид кои имаат потреба од вакви електронски уреди за да можат да ја следат наставата „онлајн“. Оваа донација е во насока на соодветно и успешно спроведување на наставата по електронски пат, во време на вонредни услови, предизвикани од пандемијата на Корона вирусот „Ковид 19“. Освен во Охрид, компанијата донираше неколку илјади таблет компјутери и во други општини од Република Северна Македонија.

Continue reading

„Охридски комуналец“ и „Охридски бисер Филеви“ со донација за социјално загрозените семејства

Post Views: 0 Познатиот производител на охридски бисери Михајло Филев и вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ обезбедија стотина пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена за помош на социјално загрозени лица и семејства. Во вакви вонредни услови каде сите трпат последици од корона кризата треба уште повеќе да посветиме внимание на најранливите категории сограѓани, порачуваат овие хумани охриѓани. „Брендот Охридски бисер Филеви секогаш помагал па така и во овие услови кога Охрид не е поштеден од кризата која ја предизвика пандемијата на корона вирус.  Апелирам до сите...

Continue reading

Донација од маски за мобилните тимови на Црвен крст Охрид

Post Views: 2 Поради новонастанатата ситуација а во согласност со препораките за превенција на здравјето и намалување на штетите предизвикани од пандемијата со вирусот КОВИД-19, мобилните тимови на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид деновиве добија донација од 300 маски за повеќекратна употреба од текстилната фирма СаЕл Дооел Охрид. Маските, пред сḕ, се наменети за тимовите на Црвен крст Охрид и Општина Охрид кои работат на достава на намирници и лекови до граѓаните во Охрид, за социјално-ранливи и ризични групи а 100 маски се дадени за употреба...

Continue reading

trenerki

Фондацијата „Вржоски“ со донација за учениците од Дебрца

Post Views: 9   Во Општина Дебрца се оствари средба со претставници од фондацијата “Вржоски„ основана од г-дин Крис Вржовски од Перт Западна Австралија. Од страна на фондацијата на примерните Ученици во основното училиште Дебрца им беа доделени 12 комплети тренерки. Со оваа скромна донација тој на учениците им посака успех во образовниот процес. Оваа донација беше организирана од почесниот Конзул на Република Македонија во Западна Австралија г-дин Зоран Ќосески. На примопредавањето присуствуваа Градоначалникот на општина Дебрца и Директорот од ОУ Дебрца.

Continue reading

Ausvic

60 милиони евра гермнска донација за меморијалниот споменик Аушвиц – Биркенау

Post Views: 1 Германија ќе донира 60 милиони евра за меморијалниот споменик Аушвиц – Биркенау. Предвидено е со тие пари да се финансира работата за обнова на зградата во која престојувале затворениците, гасните комори и другите докази на нацистичките злосторства во поранешниот концентрационен логор. Германија ја вети донацијата, откако полската влада соопшти дека и треба финансиска помош околу работата за обнова на комплексот. „Со ова ја изразуваме нашата историска одговорност“ рече германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервел. Половина од износот го гарантира федералната...

Continue reading

Врачена донација од специјални над душеци за неподвижните лица на геријатрија

Post Views: 2 Донација од 6 над душеци антидекубитални за потребите на неподвижни лица подари ЈП Билјанини извори за геријатриското одделение при Општа болница. За потребите на одделението, покрај душеците ЈП обезбеди и две ПВЦ врати. На лицата кои престојуваат тука им подарија и овошје за престојниот празник Божик. Како општествено одговорно ова јавно претпријатие, со својот хуман гест им ја честитаа Новата година со желби за подобро здравје на пациентите сместени на овој оддел, вели Гордана Јованоска, директор на  од ЈП Билјанини извори. „Од минатата година почнавме со еден проект...

Continue reading

Вредна донација на охридските ротаријанци за ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 8 Ротари Клубот од Охрид, денеска донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид, наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето. Компјутерската опрема се состои од технички средства во вид на лап топ, фотокопир, печатар, ламирка и останати потрошни материјали кои директно ќе послужат за задоволувањето на посебните образовни потреби на учениците кои се дел од училиштето. Донацијата беше остварена по предходна консултација со управата и стручното лице – дефектолог кое секојдневно работи со децата кои...

Continue reading

Охридската градинка „Билјана“ доби вредна донација од дидактички и игровни материјали од менаџментот на ЈП „Билјанини Извори“

Post Views: 5 Менаџментот на јавното претпријатие „Билјанини Извори“ денес на вработените во градинката „Билјана“ им предаде донација во вредност од 60.000 денари. Вршителот на должност градоначалник на Општина Охрид, Константин Георгиески истакна дека Општина Охрид, оваа година издвоила најмногу средства од буџетот, се со цел да се преземат инфраструктурни зафати на голем дел од образовните установи во градов, токму за подобрување на условите за работа во образованието. Имено, само 23 милиони денари се издвоени за изградба на нова градинка. „Ваквите настани се дедн позитивен ветер...

Continue reading

„Гете институтот“ од Скопје со вредна донација за ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 1 Културната институција на Република Германија во Македонија, „Гете Институтот“, денес на ОУ „Григор Прличев“ од Охрид му подари вредна донација во наставни средства за поттикнување на креативната и иновативна настава по Германски јазик. Инаку ОУ „Григор Прличев“ е едно од трите партнер училишта на „Гете инсититутот“ во земјава, чијашто мрежа на училишта брои околу 1800 образовни субјекти. Една од основните мисии на институтот е подобрување на квалитетот на наставата по Германски јазик во образовните установи во земјава Меѓусебната соработка се состои во нудење и одржување...

Continue reading

По 4 децении во општина Охрид ќе се гради ново училиште како донација од ТИКА

Post Views: 0 ОУ „Братство и единство“ ќе добие нова зграда. Постојниот објект ќе се руши и ќе се изгради комплетно нова училишна зграда и спортска сала.  Проектот е донација на турската агенција за  соработка и координација ТИКА. За оваа цел градоначалникот Јован Стојаноски и претседателот на „ТИКА“ за Балканот и Југо источна Европа, Махмуд Чевик потпишаа меморандум. Понатаму ќе следува потпишување на договор,  проектирање, изведување на градежни работи и опремување на новата училишна зграда со што учениците и наставниот кадар ќе добијат современи услови за одвивање на образовниот...

Continue reading

hokej na treva

Донација во спортска опрема за младите охридски хокеари

Post Views: 10 За младите активно да се занимаваат со било кој спорт, потребни се услови. Владо Вељаноски спортски новинар кој 15 години работи во Националната холандска телевизија и кој е оснивач на фондацијата,ВЛА-ДОБРО, вели дека спортот е една од најважните активности во животот. Но занимавањето со било кој спорт изискува услови. „Па прво да кажам дека сум многу среќен зошто овие деца се уште многу посреќни од мене. Им благодарам на пријателите во Холандија, Рогиер ван ден Вехиер и Ерик ван дер Херст, кои ја донираа оваа опрема на мојата фондација ВЛА-ДОБРО“, вели Вељаноски. Вељаноски,...

Continue reading

Донација од Дортмунд за охридската ТППЕ

Post Views: 1 Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска прими делегација од Дортмунд, Германија предводена од Рудигер Шмит член на градскиот совет. Повод за средбата беше германската донација на противпожарна опрема за Територијалната противпожарната единица од Охрид.„Искрено се радувам на посетата на Рудигер Шмит, член на Градскиот совет на Дортмунд од германската покраина Северна Рајна Вестфалија и разговорите што ги водевме за досегашната и продлабочување на соработката во иднина. Благодарни сме на донацијата за потребите на нашата Територијана противпожарна единица и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top