Ознака: донација

Комодита донираше душеци и перници

Post Views: 50 Comodita Home, најголемиот малопродажен ланец за производи за домот, во рамки на својата хуманитарна кампања „Секој сон е важен“ на 02.03.2022 година, во 11 часот, донираше 160 душеци и 160 перници кои ќе се користат во Ковид Центрите низ Македонија. Донацијата беше предадена пред ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија Скопје од страна на претставникот на Comodita Home, г-дин Харитон Гаџоски, а ја прими д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и координатор на ковид центрите. На средбата, пред присутните новинари се обрати г-дин...

Continue reading

Пристигнаа 30 000 вакцини донација од Турција

Post Views: 1 – Сакам да изразам голема благодарност до Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред сѐ, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата, напиша Филипче. Министерот и премиерот Зоран Заев изминатата беа во работна посета во Истанбул и имаа средба со Ердоган. Според последните информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера вакцинирани се 250.813 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455 граѓани, а вчера вкупно...

Continue reading

Јапонска донација мобилен дигитален рендген апарат за хируршкото одделение при Општа болница Охрид

Post Views: 0 Хируршкото одделение при Општа болница Охрид ќе добие вредна донација од Јапонската влада. За потребите на болницата преку грант ќе се обезбеди мобилен дигитален рендген апарат. За таа цел се потпиша Договор за имплементација на проект од грант програмата за човекова безбедност на Јапонската влада со општина Охрид и Општа болница Охрид. Савада Хиронари, амбасадор на Јапонија во земјава, напомена дека со овој грант ќе и се помогне на болницата да ги подобри своите капацитети и ќе се зголеми безбедноста на операциите на хируршкото одделение. Во рамките на иницијативата...

Continue reading

ЈП „Билјанини Извори“ со донација за Ковид одделението во Охрид

Post Views: 4 ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид денеска ја продолжи традицијата на донирање во пресрет на Божикните празници. Директорката на ЈП „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска, со желба за побрзо надминување на Ковид – 19 пандемијата и брзо оздравување на пациентите болни од корона вирусот му ја предаде донација на директорот на Општа болница – Охрид д-р Горан Балев наменета за Ковид одделението во рамките на болницата. Донацијата се состои од 200 пакети средства за дезинфекција на подови,100 литри течен сапун, 200 пакети – вода за пиење, 160 ролни – бришачи за раце и поголема...

Continue reading

logo

Јапонска донација во Македонија

Post Views: 11 Директорот на Агенцијата за млади и спорт Драган Ѓурчевски денеска ќе го прими Амбасадорот на Јапонија во Австрија Н.Е. Аико Танака кој свечено ќе ја предаде донацијата за Кендо-Иаидо Федерацијата на Македонија, која е донирана од Сејапонската Кендо Федерација.   Донацијата се состои од комплетна опрема која ќе се користи за развој и унапредување на кендо и иаидо спортот во Република Македонија. На церемонијата на примопредавање на донацијата покрај директорот Ѓурчевски и амбасадорот Танака ќе присуствува и претседателот на Кендо- Иаидо федерацијата на Македонија Златко...

Continue reading

ДОНАЦИЈА ОД ТРИЕСЕТ И ШЕСТ КОМПЈУТЕРИ ЗА УЧИЛИШТАТА ВО ОХРИД

Post Views: 4 Врз основа на Одлуката на Владата, за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Општина Охрид, Универзитетот “Свети Апостол Павле“, денес донира триесети шест компјутери за училиштата во Охрид. Компјутерите ќе бидат подеднакво распределени во ОУ “Григор Прличев“ и во средните училишта, “Свети Климент Охридски“, “Свети Наум Охридски“ и средното економско училиште “Свети Кирил и Методиј“.

Continue reading

Адмиралот Фитџералд ќе ја предаде американската донација за полкот за специјални операции на АРМ

Post Views: 13 Во касарната ,,Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод донацијата на објекти за обука од страна на САД, како и доделување на одликувања на припадници од полкот за специјални операции (пСО) на АРМ за учеството во мисијата „Слобода за Ирак“. На свеченоста во името на САД донацијата ќе ја предаде командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, адмиралот Марк Фитџералд кој ќе ги додели и одликувањата. Адмиралот Фитџералд пред чинот на врачување на донацијата, за покажаните високи резултати и успешно и професионално извршување на задачите во мисијата...

Continue reading

Центар за јавно здравје Охрид доби донација UV-C ламба за дезинфекција на простории

Post Views: 3 Центарот за јавно здравје Охрид доби  мобилен  UV-C стерилизатор за дезинфекција на простории како донација од компанијата Тесла Лед дооел – Скопје.  UV-C ламбата од 150W може да дезинфицира од вируси бактерии и габи со ефикасност од 99,9%, простор до 30 м2 за 7 до 8 минути или 900 м2 за 3 часа. „ Ете видовме дека Охрид навистина беше , ако може така да се каже, нападнат од туристи, и едноставно дојдовме на идеа во еден разговор, на некој начин да помогнеме на Охрид и ете тоа што можевме како донација да го направиме го направивме.UV-C од 254nm се покажа како доста...

Continue reading

Донација од „Кармен Бауцентар“ за охридски училишта

Post Views: 0 Основните училишта “Св. Климент Охридски” – Охрид, “Григор Приличев” – Охрид, и “Св. Наум Охридски” – с.Коњско ќе се подноват со ламинатни подови. Компанијата „Кармен Бауцентар“ донираше квалитетен ламинат за 10тина училиници и други простории во овие училишта. „Мотив за реализирање на оваа донација ни беше потребата за подобри услови за настава на најмладите. Овој пат ,  во рамките на нашите можности, донираме ламинатен под од брендот “Swiss Krono”. “Кармен Бауцентар” како општествено-одговорна компанија по договор со Општина Охрид и одлуката на 44тата седница на Советот,...

Continue reading

Донација на заштитни маски во Црвен крст Охрид

Post Views: 0 Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, денеска на Општинскиот Црвен крст му врачи одредена количина на заштитни маски за повеќекратна употреба. Заштитните маски кои се наменети за целната група на пензионери за Општината Охрид ќе им ги додели преку волонтерите на Црвен крст Охрид особено на оние пензионери кои се немоќни, изнемоштени и тешко можат да обезбедат заштитни средства во руралните средини. Здружението покрај ова им доделува заштитни маски и на пензионерите кои секојдневно доаѓаат во Здружението. Инаку Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца пред...

Continue reading

„УВ Гард“ за ЈЗУ Општа болница – Охрид, донација од иноваторите Поцков и Глигоров и Хотел Су

Post Views: 1 „УВ Гард“ уред за дезинфекција со УВ зраци доби денеска ЈЗУ „Општа болница Охрид“. Апаратот е  изум на македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров од Свети Николе а донацијата ја реализираа со поддршка на охридскиот хотел Су како општествено одговорна компанија. „Уредот за дезинфекција, УВ Гард, кој го изработивме за болницата во Охрид денеска го донираме со поддршка од општествено одговорната компанија Хотел Су со цел за зајакнување на условите и заштита на здравствените работници.“– изјави Ивица Поцков. Дезинфекција со помош на УВ светлина не е новина...

Continue reading

СВР Охрид доби вредна донација за заштита на полциските службеници во борбата против Ковид 19.

Post Views: 3 Доделена донација за СВР Охрид во висина од 10.000 евра за заштита на полциските службеници во борбата против Ковид 19. Донацијата е од Програмата ИПА на ЕУ за прекугранична соработка со Албанија и се состои од заштитни маски за повеќекратна употреба, нараквици и дезинфекциони средства, информираше Горан Милески министер за Локална самоуправа. „Ние сметаме дека е неопходно да ги заштитиме полицајците кои се на првата борбена линија по здравствените работници. Нашата полиција во регионот на СВР Охрид ги опфаќа Охрид, Струга , Кичево и Дебар и обезбеди 2500 заштитни маски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top