Ознака: ДОМ

zdravstven dom struga

Вработените од Здравствен дом – Струга, се жалат на мобинг од страна на директорката

Post Views: 7 Превирања во Здравствен дом – Струга. Персоналот од оваа јавна установа се жали дека директорката им врши мобинг. Доктор Миљот Ризвани јавно проговори за директните закани од страна на директорката. Тој раскажува дека Попоска се однесувала како газда на здравствениот дом. Им се заканувала со отказни решенија и нови казни во платите, и покрај тоа што, како што велат, платите веќе им биле намалени и до 20 %.„Во Здравствениот дом се нарушени правата на работникот и правата на самиот човек.Можам да кажам дека кај нас се врши директен мобинг, психолошко и физичко малтретирање...

Continue reading

Jane Henson

Почина еден од креаторите на Мапетите

Post Views: 3 По долгата битка со ракот, на 78 години, почина Џејн Хенсон, дизајнерката на неколку популарни карактери од легендарното “Мапет шоу“. Таа ги измисли жабата Кермит и Прасица, а на својот сопруг Џим му помогна во развивањето на многу ликови и кукли од шоуто со кое пораснаа многу генерации. Хенсон е родена во 1923 година во Њујорк, а почина во нејзиниот дом во Конетикат. Таа и Џим, креаторот на мапетите се запознале во 1950 година на факултет. Имаат пет деца кои ја наследија компанијата. {loadposition content9}

Continue reading

Студентскиот дом „Никола Карев“ ќе добие нов лифт

Post Views: 5 Студентскиот дом „Никола Карев“ ќе добие нов лифт. Министерството за образование објави јавен повик за набавка на 8 лифтови за сите студентски домови во државава. По завршувањето на сите административни работи, до втората половина на годинава,  ќе се започне со реализација на овој проект. Вредноста на проектот е 15 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на РМ. Ние години наназад работиме на подобрување на условите во студентскиот дом. Ние имаме лифт во згарадата, но е стар околу десет години. Со новиот лифт ќе се подобри безбедноста на студентите и ќе...

Continue reading

Видео надзорот во охридскиот студенски дом драстично ги намали штетите

Post Views: 5   Сто проценти се намалени штетите во Студенскиот дом Никола Карев. Тоа се должи на одговорноста и посветеноста на менаџерскиот тим кои работат на подобрување на условите во студенскиот дом. Како што обелодена првиот човек на домот Маријан Ристески, минатата година бил поставен видео надзор, а со тоа значително се подобрила и  безбедносната состојба во објектот. „Она што беше проблем да се лоцира вината на студентите во заедничките простории. Објективно ние во самите соби правиме записник и вршиме контроли тука можеме да најдеме виновник во случај на утврдување на штета....

Continue reading

Подобри услови и за охридските студенти во студенскиот дом

Post Views: 3   Четири машини за перење и исто толку машини за сушење ќе ги задоволат потребите на студентите кои престојуваат во Студенскиот дом „Никола Карев“, Охрид. Овој проект ќе се спроведува преку МОН, а ќе започне од почетокот на наредната година. Како што изјави првиот човек на Студенскиот дом Маријан Ристески во периодов што следи треба да се спроведат постапките за набавка на неопходната опрема. „Со тоа се надмина еден голем долгогодишен проблем на студентите исе задоволи уште едно нивно барање. Државниот студенски дом располага со индустриски машини за перење и сушење...

Continue reading

Брежани ќе добие нов планинарски дом

Post Views: 1 Во рамките на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија, а кој општина Дебрца го имплементира со партнерите: ОО Црвен Крст Охрид и Алпинистичкото друштво “Патагонија” Охрид, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна во село Брежани започнаа градежните активности за реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во Планинарски Дом. Ќе се изврши целосна реконструкција и опремување на зградата, а за што ќе бидат инвестирани...

Continue reading

Семејството Илбер засега останува во својот дом

Post Views: 12 Демо Илбер заедно со неговата сопруга и 8 те малолетни деца засега нема да ја напуштат бараката во која живееле 15 години. Иако пред една недела добија решение за иселување, директорот на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов вели дека ќе имаат одредена толеранција додека семејството не се снајде каде да се смести. Нема да ги иселиме за осум дена. Ние многу пати досега сме пуштиле вакви решенија, но не сме ги иселиле. Преовладуваат човечките и хумани чуства, но ова е само за некое време, можеби да ја поминат зимата бидејќи од таа...

Continue reading

dom

Огромен интересот за сместување во ученичкиот дом Ванчо Питошески

Post Views: 0 Ученичкиот  дом Ванчо Питошески после долго време е исполнет до последниот кревет. Годинава се бара кревет повеќе. Биле пријавени 135 ученици, а согласност била побарана  за 115 ученици.  Годинава неочекувано е зголемен бројот  на заинтересирани ученици  за сместување во домот. Тоа се должи на спортските паралелки  кои од минатата година работат во средното општинско училиште Ванчо Питошески, напоменува дирeкторката Весела Темјаноска.    „ Оваа учебна година има повеќе заинтересирани  деца од претходната учебна година и од сите наназад. Има и деца кои нема да имаат можност...

Continue reading

Каљоши: Потребна е поголема промоција на проектот „За секое дете – топол дом“

Post Views: 4 Во Охрид има голем потенцијал за згрижување на деца, но сеуште мала е бројката на вдомени во охридските семејства. Како што истакна Екрем Каљоши, директорот на ЦСР од Охрид, постои желба кај семејствата, но проблемот лежи во изнаоѓање начини од страна на службите во Центарот за мотивација и будење на желбата за згрижување. „Наши штитеници ние имаме 9 деца кои се згрижени, од тој аспект во тек е акцијата, веќе имавме една промоција на една локлана телевизија, во нареден период ќе имаме и собири со граѓани со МЗ во Локална самоуправа со категорија на лица кои бараат работа,...

Continue reading

Секое дете заслужува љубов и топол дом

Post Views: 2 Секое дете заслужува љубов и топол дом. Оние кои немале среќа да растат и живеат со своите родители се несреќни и тажни и најчесто го одбираат погрешниот пат во животот. За среќа во Охрид има две згрижувачки семејства кои се одлучиле ширум да ги отворат вратите за децата кои имале лоша судбина. Домот на Татијана и Климе Достиноски од Велгошти сега е дом и на трите братчиња кои поради нарушени односи во семејството останале на улица. Тие пред речиси една година биле донесени во ова згрижувачко семејство во многу лоша состојба. Гладни, голи и боси, валкани и преплашени...

Continue reading

Станковски, ВМРО-НП: На Охрид потребен му е Дом за млади

Post Views: 13 На Охрид повеќе од потребен му е Младински културен центар, или Дом за млади. Еден таков објект каде младите би одржувале културно- забавни настани, изложби, работилници слично за жал во нашата општина нема, констатира советникот на ВМРО – НП, Јоне Станкоски. Од тука, Станковски излегува со предлог иницијатива до Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески. Еден од руинираните објекти, кои се ругла во вистинска смисла на зборот, места каде преспиваат бездомниците но и собиралишта на наркозависници, кои се проблем за околината и градот, е и поранешната згарда...

Continue reading

Екс директорот на Здравствен дом Охрид сам се предаде

Post Views: 0 Митко Дабески, поранешниот директор на Здравствен дом Охрид по 4 месечно бегство, утрово и се предаде на охридската полицијата. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, Дабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена. „Осомничениот рано утрово околу 6 часот самоиницијативно се пријави во СВР Охрид по што веднаш е спроведен во Казнено поправната установа затвор,  Охрид. Во врска со целокупниот настан во месец март распишана е централна потерница по сега осомничениот и сега притворениот“ – изјави Димоски. Инаку...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top