Огромен интересот за сместување во ученичкиот дом Ванчо Питошески

Огромен интересот  за сместување во ученичкиот дом Ванчо Питошески.

 |  Валентина Неловска  | 
dom

Ученичкиот  дом Ванчо Питошески после долго време е исполнет до последниот кревет. Годинава се бара кревет повеќе. Биле пријавени 135 ученици, а согласност била побарана  за 115 ученици.  Годинава неочекувано е зголемен бројот  на заинтересирани ученици  за сместување во домот. Тоа се должи на спортските паралелки  кои од минатата година работат во средното општинско училиште Ванчо Питошески, напоменува дирeкторката Весела Темјаноска.  
 
dom„ Оваа учебна година има повеќе заинтересирани  деца од претходната учебна година и од сите наназад. Има и деца кои нема да имаат можност да бидат сместени во домот  бидејќи бројот е поголем во однос на минатата година,“ изјави директорката.

Директорката Темјаноска оваа изјава ја даде на првиот училишен ден.  Во меѓувреме побарале нова согласност за проширување на бројот за сместување на сите пријавени ученици. Ресорното министерство издало согласност па со тоа  ни едно дете нема да остане без легло во училишниот дом,  тврди Темјаноска. Таа напоменува дека во домот има деца од Струга, Кичево, Битола, Ресен, Дебар и од Албанија. Претежно учениците се запишани во спортските паралеки и во  стручните насоки во  училиштето Ванчо Питошески, а има ученици и од  останатите три општински  училишта како што се гимназија, економско и електро-машинскиот училишен центар. Во домот за учениците ќе се грижат 4-ца воспитувачи, а сместувањето и оброците се бесплатни.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top