Ознака: домаќин

Охрид годинава е домаќин на одбележувањето на 21ви јуни, Денот на Охридското Езеро

Post Views: 10 19 години Охрид, Струга и Поградец наизменично организираат прослава на овој датум. Годинава во фокусот e прашањето, колку навистина имаме причина за славење кога следниов месец во Баку, на сесијата на Комитетот за светско наследство ќе се одлучува за статусот на Охридскиот регион, со предлог да се стави на листа на загрозено природно и културно наследство. Градоначалникот на Охрид, Констанетин Георгиески е убеден дека тимот кој ќе патува во Баку , од кој дел е и тој самиот, има доволно аргументи да го одбрани статусот на Охрид. Тој вели дека интензивно се работи на...

Continue reading

Охрид домаќин на седмата меѓународна летна школа за архитектура

Post Views: 0 Седмата Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн во организација на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, ќе се одржи во период од 28 јуни до 6 јули во Охрид. Темата на овогодинешната школа е дефинирана со насловот “Platform tourisim: The Ohrid Archipelago” и ќе биде под раководство на професор Харалд Трап, социолог и архитект од Виена, Австрија. Освен проектантското искуство, професионалното искуство на Харалд Трап вклучува и бројни изложбени проекти за Museum...

Continue reading

Охрид е домаќин на „ Гастро турата 2019“

Post Views: 10 Во рамките на настанот „Гастро тура – 2019“ во Охрид се присутни Џорџо Дијана , шеф со Мишелин ѕвезда и Андреа Бијаџини консултант и сопственик на „Food & Lifestyle“ . Настанот е во организација на Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство Охрид и Туристичкиот кластер ЕДЕН. Гостите од Италија ќе одржат Mастер класови за студентите по гастрономија, готвачите, менаџерите и сопствениците на охридските угостителски објекти. Угостителството е важен дел од еден комплетен туристички производ и токму затоа треба постојано да се преземаат мерки за осовременување...

Continue reading

ОУ „Дебрца“ домаќин на проектот „Play2adapt“ од „Еразмус +“ програмата

Post Views: 0 Основоното училиште „Дебрца“ домаќин на проектот од програматга „Erasmus +“ насловен како „Play2adapt“. Деновиве Просветни работници од Грција, Турција, Шпанија и Португалија, учестваа на втората мобилност од проектот и имаа можност да се запознаат со образовниот процес кај нас, но и да реализират голем број на активности, за адаптација на маргинализираните групи на ученици во училиштата, истакна Соња Гаврилоска Љулкова, професор по Англиски јазик од ОУ „Дебрца“. „Значи во самиот проект ги имаме осмислено тие активности, преку кои се реализира таа адаптација на маргилизираните...

Continue reading

Охрид домаќин на дванаесетото Државното Првенство на бармени

Post Views: 1 Врвни техники, совршено поставени услови според светските IBA стандарди, стручно маневрирање со алкохолни пијалоци, супер автентична коктел атмосфера. Денес Liquid Boutique Bar & Kitchen во Su Hotelot во Охрид беа домаќини на 12-то Државното Првенство на Бармени на Македонија. И ова издание на првенството со богата и колоритна програма која опфаќа неколку едукативни семинари, предизвици и секако натпревари кои носат до самото финале кое триумфира со издвоени победници на истиот. За некои натпреварите рутина, но годинава младата Наталија Серафимовска од Скопје покажа...

Continue reading

Охрид е домаќин на државниот натпревар во подготовка на коктели

Post Views: 7 Дваесетина бармени од земјава во охридскиот бар Куба Либре ќе се натпреваруваат во подготовка на коктели на државниот „Вигор бармен куп“. Со својата инвентивност во подготовката на освежувачките долги пијалоци тие треба да внесат своја креативност и да покажат дека се најдобри. Бармен купот е под покровителство на хрватскиот бренд Бадел и се одржува веќе 10 години. На почетокот Македонија имала повеќе бармени , но сега нивниот број е преполовен , вели Јане Јанев од „Вигор Бадел“. „ Во Европа се подобрува коктел културата и се повеќе платени, а овде бармените не гледаат...

Continue reading

Охрид домаќин на средба на пациенти, семејства и експерти за Алпортов синдром

Post Views: 11 Пациенти, семејства и експерти за Алпортов синдром на средба споделуваа сознанија и животни искуства за оваа ретка болест на бубрезите. Охрид е домаќин на првата средба на Балканот за Алпортов синдром со цел сензибилизација на јавноста за оваа ретка болест. Станува збор за сериозна наследна болест која предизвикува прекин на функцијата на бубрезите, информира Проф. д-р Велибор Тасиќ од Детската Клиника, оддел за нефрологија. „ Болеста се открива во детството и во тинајџерската возраст. Прв симптом е мокрење на крв пропратено со респираторни инфекции и влошување на слухот...

Continue reading

baskerfest

Деветтото издание на „Баскерфест“ ќе заврши во Охрид

Post Views: 6 Деветтото издание на Фестивалот на улични артисти „Баскерфест 2014“ ќе се одржува низ цела Македонија, односно во 21 македонска општина. Официјалниот старт е во вторник (27. мај) на градскиот плоштад „Македонија” во Скопје, а програмата започнува во Гевгелија на 28. мај. Скопје ќе биде домаќин од 6. до 15. јуни, а целата турнеја ќе трае до 30. јуни со затворање во Охрид, Дојран и Битола. Улични престави ќе има и во Кочани на 30. и 31. мај, Велес на 6. и 7. јуни, Свети Николе 7. јуни, Чешиново-Облешево на 10. јуни, Кавадарци на 13. и 14. јуни, Радовиш 14. јуни,...

Continue reading

Oхрид по 57 пат е домаќин на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Post Views: 0 Oхрид по 57 пат е домаќин на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Љубителите на народниот фолклор ќе имаат можност во текот на одржувањето на фестивалот да уживаат во настапите на фолклористи од регионот. По традиционалното дефиле на учесниците низ градот, играорците и посетителите на отворањето ги поздрави градоначалникот Јован Стојаноски. Учесниците на Балканскиот фестивал на народни песни и игри и бројната домашна публика, но и посетителите од сите страни на светот, овие неколку дена, ќе го почувствуваат духот на древниот Охрид, градот на светлината, градот...

Continue reading

Струга домаќин на социјалните бизниси од Југозападниот регион

Post Views: 0 Градот Струга наредниве три дена ќе биде домаќин на социјални претприемачи од  Југозападниот регион кои што ќе бидат дел од едукативната програма „Развој на одржливи социјални бизниси“ која што ќе се одржува во хотелот „Дрим“. Програмата, чија цел е да ги зајакне капацитетите на постоечките социјални претпријатија од овој регион на земјава, во исто време ќе укаже и на придобвиките  што ги носи социјалната економија како сектор кој развива економски активности за важни општествени цели. Во исто време,  ќе бидат споделени европски и светски искуства кои ја манифестираат...

Continue reading

Охрид домаќин на „Жогарија – Лоптарија“

Post Views: 1 На 9-ти мај во организација на Медиа спорт од Словенија, а под покровителство на Општина  Охрид, градов  ќе биде домаќин на голема   детска  спортско-  рекреативна манифестација  „Жогарија- Лоптарија“ што ќе се одржи кај Скеј паркот после мостот со почеток во 10 часот.На настанот учество ќе земат 160 деца од осумте основни училишта од  општина Охрид и од детската градинка „Јасна Ристеска“. Тие ќе се натпреваруваат во неколку игри, „Три на три“, фудбал, игра на вештини и квиз на знаење.    Овој спортско рекреативен настан којшто има традиционален карактер  годинава  ќе...

Continue reading

Охрид ќе биде домаќин на Европски куп и Балканско првенство во триатлон

Post Views: 0 Македонската Триатлон федерација ќе организира Европски куп во Охрид. Од 15 до 16 септември , 300 натпреварувачи ќе ги одмерат своите спорстки вештини во пливање, трчање и возење велоспид во категориите деца, јуниори, кадети и сениори, информира Иван Михајлоски претседател на македонската федерација за триатлон. „Ќе подготвиме настан кој ќе прерсне во Европски куп кој тековно ќе се организира во Охрид. Нешто големо и убаво кое ќе премине понатака во традиција. Триатлонот е најбрз растечки спорт во светот со искуство од 5 Олимпијади и веруваме дека може да го организираме...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top