Охрид домаќин на дванаесетото Државното Првенство на бармени

Два дена Охрид домаќин на најдобрите бармени од државава, кои ги покажаа своите вештини при маневрирање со пијалоци. На првенството ќе биде избран и нашиот претставник на Светскиот натпревар за подготвување на коктели кој годинава ќе се одржи во Кина.

 |   | 

Врвни техники, совршено поставени услови според светските IBA стандарди, стручно маневрирање со алкохолни пијалоци, супер автентична коктел атмосфера. Денес Liquid Boutique Bar & Kitchen во Su Hotelot во Охрид беа домаќини на 12-то Државното Првенство на Бармени на Македонија. И ова издание на првенството со богата и колоритна програма која опфаќа неколку едукативни семинари, предизвици и секако натпревари кои носат до самото финале кое триумфира со издвоени победници на истиот. За некои натпреварите рутина, но годинава младата Наталија Серафимовска од Скопје покажа дека и понежниот пол може да блесне во професијата бармен.

„Ова ми е прв натпревар, во професијава работам година и три месеци. Едноставно се случи да имам многу добар ментор, па сакам да стекнам повеќе познанства со луѓе од оваа сфера.Омилен коктел кој ми е за подготвување па би избрала Маи Таи или Маргарита.
„Петта година како сум дел од државното првенство за бармени, една година паузирав, бев модератор за еден од брендовите. Имам неколку омилени коктели коишто сакам да ги подготвувам, а и пиам, тоа е Даикири, Негрони и Маи Таи, сакам да пијам доста рум така да тие ми се коктели кои сакам да ги спремам, велат Наталија и Васил.

Дводневното првенство беше исполнето со богата агенда во која се предвидени многубројни семинари, натпревари и квалификации. Не изостанаа врвните техники кои го прават секое натпреварување возбудливо, вештините при маневрирање со пијалоците и секако стандардот IBA кој дава сериозен пристап кон самиот натпревар, вели потпретседателот на Здружение на бармени на Македонија, Филип Арнаудов.

„Освен што се натпреваруваат желба ни е да научат и нешто ново, така да имаме дел семинари, дел натпревари со помош на ннашите спонзори кои обезбедуваат искусни бармени и експерти во нашата професија доаѓаат тука, најчесто се од други земји каде има поголема култура на пиенње на коктели и тоа што пренесуваат се новите трендови, нивните искуства и секогаш има нешто ново да се научи за професијата“, кажа Филип Арнаудов – потпретседател на Здружение на бармени на Македонија.

Оваа година првенството донесе и еден гастрономски момент , имено станува зброр за презентацијата на Бургери на Liquid Boutique Bar & Kitchen. А пивото и бургерот секогаш се нераздвојна комбинација.

„Пивото и бургерот се најдобра комбинација на светот.Македонија има култура на пивото од 1923 година кога е направена Скопска Пивара, но мислам сеуште за жал најмала потрошувачка на пиво по глава на жител за цела Европа.Една причина за тоа се вашите закони, акцизите кои се високи и од друга страна културата на конзумација на точено пиво која допрва треба да се промовира, зошто точеното, е најдоброто пиво“ вели Душан Жугич – Директор на маркетинг агенција „Fabulous Black“ Белград.

Дваесет и двајца бајдобри бармени од речиси сите градови од земјава беа оценувани од технички судии според неколку критериуми: тајно оценување на вкус позади сцена,брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел, работа со барски прибор, умешност при декорација и секако внимавање на хигиена при подготовка на коктел како и на бар простор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top