Post Views: 5
Изнајмете ја државата Лихтенштајн за една ноќ. Во понудата влегува и принцот и целокупното население. Цел ден ќе бидете главна „фаца“ како „друг“ Тито на Денот на младоста.За 70.000 долари, гостинот со себе може да доведе уште 150 лица, ќе добие симболичен клуч од државата со 35.000 жители и сопствено лого и печат во средновековен стил.
Откако принцот Ханс Адам II ќе ги пречека гостите и ќе ги послужи со вино, следува возење на тобоган, огномет, тура на кочија низ престолнината Вадуз и разни скијачки аранжмани.
За сега никој не го изнајмил малиот даночен рај а ланската...
Post Views: 1
“Sense”, системот кој овозможува анализа на квалитетот на сонот, дишењето, па дури и на квалитетот на воздухот во собата каде што спиете, ги поттикна инвеститорите на интернет страницата kickstarter да земат учество во партиципирање на финансирање на тој проект.
Само во два дена откако е стартувана акцијата за собирање на средства, повеќе од 3000 лица веќе ставиле рака во својот паричник, објавено е во списанието Le Parisien. Моментално ги има повеќе од 5.000.
За проектот веќе стигнале и ветувања за донации во вредност од 600.000 долари, со што во огромна мерка се надминати...
Post Views: 2
Facebook вчера ги објави финансиските резултати за второто тромесечие, кои покажале скок на добивката од импресивни 138% на 791 милиони долари и раст на приходите за 61% на 2,9 милијарди долари. Акциите на компанијата моментално на Nasdaq бележат цена над 75 долари, што е нивна рекордна вредност.
Како што пишува Business Insider, имотот на шефот на Facebook сега вреди околу 31,5 милијарди долари, ако се земат во предвид 422.954,082 акции на компанијата кои тој ги поседува. Со самото тоа, 30 годишниот Zuckerberg влезе во реткото друштво на богаташи чиј имот моментално...
Post Views: 1
Поротата на судот на Флорида ѝ доделила на Cynthia Robinson, вдовица на страстниот пушач Michael Johnson, рекорден износ на отштета во износ од 23 милијарди долари на основ нејзината тужба против вториот најголем американски производител на тутун RJ Reynolds. Пресудата е најголема во историјата на државата која некој поединец ја поднел против некоја компанија.
Robinson ја тужела компанијата во 2008 година поради смртта на нејзиниот сопруг, тврдејќи дека во своите производи криеле опасност по човековото здравје и можност за создавање зависност.
Johnson (36), кој починал...
Post Views: 4
Брендот Herve Leger неодамна промовираше костим за капење од неверојатни 1500 долари. Она што е чудно околу овој костим е фактот што се препорачува да се носи на суво, односно да не се плива со него. Сепак, препораката е мошне збунувачка со оглед на тоа дека истиот е изработен од полиестер, најлон, спандекс и може да се пере во машина за перење.Инаку станува збор за виолетов дизајн со портокалови ленти кој на предниот дел е отворен овозможувајќи и на дамата која што го носи добро да го исонча стомакот.
Модните познавачи препорачуваат овај костим за капење да се носи...
Post Views: 0
Познатата холивудска актерка, Сандра Булок испрати донација во американскиот Црвен крст, за помош во Јапонија.
Од Црвениот крст велат дека ова е најголемата донација од било кој од познатите личности, кои донирале за измачените во Јапонија, но посочуваат дека постојат многу кои платиле поголем износ, меѓутоа останале анонимни.
-Оваа донација е многу важна за нас и за луѓето во Јапонија, истакна Црвениот крст.
Ова не е прв пат Сандра Булок да помогне со донации. По силниот земјотрес што го погоди Хаити минатата година, актерката донираше пет милиони за да им помогне...
Post Views: 2
Европскиот производител на авиони Airbus добил 3000 нарачки за авионот А330neo, новата верзија на својот прославен патнички авион А330, кој беше претставен само пред два дена.
Airbus наведува дека добил 3.000 нарачки за производство на 3.083 авиони од 57 компании и светски фирми. Тие наведуваат дека почнало производството на новата верзија на А330 за да биде попривлечен од конкурентскиот Boing.
Новиот авион А330neo ќе има мотори од британскиот Rolls-Royce и ќе биде изработуван во две верзии – А330-800neo и А330neo. Првите испораки на новиот широкотрупен двомоторен авион...
Post Views: 2
По фармацевстката, тутунската и металската, трендот на историски спојувања и превземања продолжува и на кондиторската индустрија.
За најновата вест за спојување и превземање е заслужен швајцарскиот производител на чоколади Lindt&Sprungli, кој во понеделникот објавил дека ја превзема американската компанија Russel Stover Candies. Со таа трансакција Lindt станува трет најголем производител на чоколадо на американскиот пазар, а воедно тоа е најголема аквизиција во историјата на компанијата. Компанијата не објавила колку ќе чини оваа трансакција но објави дека превземањето...
Post Views: 9
На IT џинот Microsoft секој квартал му носи голема количина на заработени пари – по некои проценки и до неколку милијарди долари, но на Wall Street не му е доволно – еве и зошто е тоа така.
Американските инвеститори сакаат да следат и да оценуваат успешни компании спрема тоа колку пари заработуваат по вработен. За фискалната 2013 година секој вработен во Microsoft заработил 220.800 долари нето приход, односно 786.500 долари вкупен приход, пишува Neowin.
Сумата е огромна, особено ако се има предвид дека Microsoft вработува околу 100.000 работници. Но, сепак тоа не е...
Post Views: 1
Некои луѓе не можат воопшто да се вработат или мака мачат за да почнат некаков бизнис, а некои пак ќе почнат потполна глупост и луѓето им фрлаат пари пред нозе.
Zack Brown (31) од Ohio почнал со Kikcstarter кампања каде барал средства од корисниците на интернет за да прави компир салата. Да, добро прочитавте, компир салата. “Работам на компир салата. Во основа едноставно правам компир салата. Сеуште не сум одлучил каков вид”, појаснил во својата кампања тој шегаџија.
Негова цел била да собере 10 долари, но во меѓувреме му се насобрале неверојатни 35.369 долари! До крајот...
Post Views: 3
Додека пазарот на скапите модели станува се позаситен, Samsung нема желба да води битка со ефтината конкуренција.
Samsung вчера ги објави своите квартални резултати, кои испаднаа далеку полоши од очекувањата. Оперативната добивка во минатото тромесечие изнесувала 7,1 милијарди долари, што е пад за 24% на годишно ниво, додека приходите ослабеле за 10%.
Што се случува во Samsung?
Како што пишува Business Insider, компанијата се мачи со превземањето на пазарите од Apple, додека истовремено целиот пазар на смартфони се заситува. Притоа, големата конкуренција на јужнокорејскиот...
Post Views: 1
Станува збор за казна од најмалку половина милијарда долари поради забрането работење со земјите кои се на црната листа на САД.
Имено, германската Commerzbank почнала преговори со властите на САД кои ја обвинуваат дека преку своите филијали во САД префрлувала пари на судански и ирански компании, пишува NewYork Times, а се повикува на неименувани извори. Весникот тврди дека спогодбата помеѓу германската банка и американските федерални власти би требало да биде постигната до крајот на летото.
Разговорите за спогодбата започнале и се очекува дека банката може да се соочи...