Изнајмете си цела држава за една ноќ

Во понудата влегува и принцот и целокупното население. Цел ден ќе бидете главна „фаца“ како друг Тито на Денот на младоста.

 |  Маја Савиќ  | 
Vaduz
Вадуз

Изнајмете ја државата Лихтенштајн за една ноќ. Во понудата влегува и принцот и целокупното население. Цел ден ќе бидете главна „фаца“ како „друг“ Тито на Денот на младоста.
Lihtenstein
За 70.000 долари, гостинот со себе може да доведе уште 150 лица, ќе добие симболичен клуч од државата со 35.000 жители и сопствено лого и печат во средновековен стил.

princ Hans Adam IIОткако принцот Ханс Адам II ќе ги пречека гостите и ќе ги послужи со вино, следува возење на тобоган, огномет, тура на кочија низ престолнината Вадуз и разни скијачки аранжмани.

За сега никој не го изнајмил малиот даночен рај а ланската понуда на Снуп Дог, кој во Лихтенштајн сакаше да сними спот, била сурово одбиена.

Компанијата што го води проектот во понудата има и десетина села во Австрија и Швајцарија, кои ги издава за 60.000 долари по ноќ.

Dvorecot Vaduz

И за крај, сите оние што имаат длабоки џебови а не се баш по патувањата и авантурите можат Лихтенштајн да го искористат на друг начин. Оваа мала државичка важи за „даночен рај“ и тоа не е тајна туку како таква си се рекламира. Не верувате? Погледнете…

{hwdvideoshare}id=1320|width=300|height=225{/hwdvideoshare}

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top