Post Views: 3
Microsoft објави дека ја купува Activision Blizzard за 68,7 милијарди долари. Трансакцијата, пишува Ројтерс, била извршена одеднаш.
Ова е огромна и изненадувачка вест што може драстично да влијае на иднината на растечката индустрија на видео игри. Activision е познат по серијата Call of Duty, но и по многу други популарни наслови.
Покрај Call of Duty, Activision Blizzard ги има следните наслови: Warcraft, World of Warcraft, Diablo, Crash Bandicoot, StarCraft, Tony Hawk, Overwatch, Candy Crush, Guitar Hero, Spyro.
Тоа е најголемата аквизиција во историјата на индустријата...
Post Views: 4
Полицијата во Дубаи заплени 500 килограми чист кокаин, чија вредност е 136 милиони долари на илегалниот пазар, објавија денеска локалните власти.
Полицијата уапси едно лице со потекло од Блискиот Исток.
Лицето било посредник во меѓународната организација за шверц на дрога, се вели во соопштението.
Post Views: 8
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е споделена информација дека компанијата „Фајзер“ (производител и на вакцини против ковид-19, но и на бројни други медикаменти), треба да плати казна од две милијарди долари поради прикривање информации за штетноста на нивните лекови. Веднаш до фотографија од напис со ваква содржина, споделен е Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче, во кој информира дека во земјава пристигнале 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“.
Со ваквата објава, на двете фотографии една до друга, целта е да се даде импресија дека вакцини...
Post Views: 3
Мисијата да се соберат 50.000 долари за малиот Јаков, која ја покрена Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски, успешна за нецела недела. Јаков со родителите веќе е сместен во турската болница и ја започна својата битка со болеста.
Овој пат, парите ги собравме за една недела, со навистина лесен напор. Сторијата ги стопи срцата на луѓето. Најголемиот дел од средствата ги собрав од семејството, пријателите и бизнис партнерите во Австралија. Секогаш лично донирам голем дел. Сакам да се заблагодарам на сите македонско-австралиски фан страни на социјалната мрежа...
Post Views: 1
Пазарот на криптовалути расте утрово, сите криптовалути се во „зелено“.
Вредноста на најпознатата криптовалута Биткоин порасна за 5,27 проценти за дваесет и четири часа и во моментов се тргува по цена од 49,148.63 долари.
Од друга страна, Етереум скокна за 2.55% проценти и неговата цена утрово изнесува 3,264.22 долари, пишува на веб -страницата „Коиндеск“.
Помалку познати криптовалути се претставуваат различно. Рипл порасна за 2.31% на 1,25 долари, додека Кардано за 0.74% проценти на 2,43 долари.
Во претходните денови, инвеститорите беа повеќе од загрижени. Покрај падот...
Post Views: 7
Хакерите одговорни за една од најголемите кражби на криптовалути во историјата, вратиле повеќе од третина од украдените речиси 600 милиони американски долари, пренесува Ројтерс.
Поли нетворк, децентрализирана финансиска платформа која посредува во „пиер ту пиер“ трансакции, објави вест дека е хакирана на Твитер, наведувајќи детали за дигиталните пари во кои биле испратени токените.
Вредноста на имотот во пари била нешто над 600 милиони американски долари во времето на објавувањето.
Поли нетворк подоцна ги повика хакерите да ги вратат украдените средства на неколку дигитални...
Post Views: 23
Фондот е дел од договорот со Министерството за правда на САД. Во јануари, Боинг вети дека ќе им исплати надомест на семејствата на загинатите во несреќата на Лајон Ера 2018 и Етиопијан Ерлајнс во 2019 година.
Секое семејство ќе добие околу 1,45 милиони долари и ќе ги добие парите веднаш штом ќе биде завршено документирањето, соопшти Боинг.
Фондот е само дел од зделката што Боинг ја склучи 2,5 милијарди американски долари со Министерството за правда, бидејќи обвинителите ја обвинија компанијата за лажно издавање на сертификати за безбедност на авиони. Договорот му овозможи...
Post Views: 4
Кинеската компанија за интернет трговија, Alibaba, има потполно поинаков модел за работа од западните конкуренти.
Излезот на њујоршката берза е само почеток: кинеските дигитални концерни ја освојуваат Азија, а наскоро би можеле да ги стават во сенка Amazon, Facebook и други интернет гиганти, стравуваат на запад.
Кога Кина ќе влезе во некоја работа, тогаш тоа е многу големо. Тоа го покажува и интересирањето за најавата за излез на Alibaba на берзите во САД. Се проценува дека нивниот излез на пазарот ќе биде најголемата работа во историјата на берзанското тргување во светот,...
Post Views: 6
Иако за многумина Самсунг е познат по бројни обвиненија и судски процеси кои ги води со Ејпл, сепак оваа компанија е многу поголема од она што можеме да замислиме.
Приходите на оваа компанија во 2013 година биле поголеми од оние што ги отствариле Амазон, Гугл и Микрософт, заедно – 216 милијарди наспроти 212 милијарди долари.
Овој приход е исто така поголем и од оној кој го отстварил Ејпл – 171 милијарда долари.
Во Самсунг работат 270.000 лица, што е повеќе од Ејпл, Микрософт и Амазон, заедно.
Самсунг поседува голем број на дивизии кои вклучуваат животно осигурување,...
Post Views: 1
Во Англија не царува “socios” моделот како во Шпанија или Германија. Таму на чело на најбогатите клубови се богати Руси (Челзи), Американци (Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул) или Арапи (Манчестер Сити). Откако Forbes излезе со најновата листа на светски милијардери, интересно е да се види каде се сопствениците на клубовите од Премиер лигата.
Најбогат и најдобро позициониран на таа листа е вториот најголем акционер во Арсенал, Alisher Usmanov кој е 71-ви најбогат човек на светот. Тежок е, како што пишува Forbes, 14,4 милијарди долари. Но, оној кој има најмногу акции...
Post Views: 5
Швајцарија и Норвешка се две земји во светот каде животот е најскап, потоа следат Бермудските острови, Австралија и Данска, соопштила денес Светската банка.
Меѓу земјите со висок доход, САД нудат најефтин живот, открива студијата која ја правела Светската банка.
Спротивно, земји со најниски цени за живот се Египет, Пакистан, Мјанмар, Етиопија и Лаос, се наведува во истражувањето кое се базира на вредноста на локалната валута и куповната моќ на луѓето, пренесува швајцарскиот весник 20minuten.
САД, првата економија во светот, го завзеде 25 место по скапотија, што е далеку...
Post Views: 2
Кога келнерката Кристина С. служела еден брачен пар во ресторан во Њу Џерси, не ни сонувала дека само по неколку разменети реченици толку ќе и ја разубави вечерта на начин со која се враќа вербата во луѓето.
Додека парот нарачувал вечера, на зглобот од келнерката забележале дека има истетовирано шепа од куче. Ја прашале дали има милениче. Одговорот кој им го дала, толку ги разнежил што решиле да и помогнат.
Имено, кучето од Кристина во тој момент се наоѓало во болница каде го оперирале бидејќи проголтало пластично топче. Хируршкиот зафат бил единствен начин да му се...