Сандра Булок донираше еден милион долари за Јапонија

Познатата холивудска актерка, Сандра Булок испрати донација во американскиот Црвен крст, за помош во Јапонија.

 |  Маја Савиќ  | 

Познатата холивудска актерка, Сандра Булок испрати донација во американскиот Црвен крст, за помош во Јапонија.

Sandra Bulok

Од Црвениот крст велат дека ова е најголемата донација од било кој од познатите личности, кои донирале за измачените во Јапонија, но посочуваат дека постојат многу кои платиле поголем износ, меѓутоа останале анонимни.

-Оваа донација е многу важна за нас и за луѓето во Јапонија, истакна Црвениот крст.

Ова не е прв пат Сандра Булок  да помогне со донации. По силниот земјотрес што го погоди Хаити минатата година, актерката донираше пет милиони за да им помогне на повредените.

Многу од ѕвездите преку нивните социјални мрежи ги охрабруваат луѓето да учествуваат во донации за Јапонија.

Според податоците од Црвениот крст со повици и пораки беа собрани над 13.000.000 долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top