Ознака: договор

gradinka Struga protest

Штрајк во градинката „8 ми март – Струга“

Post Views: 8 Дел од вработените во Градинката 8 ми март во Струга, не можејки повеќе да трпат, пред медиумите проговорија за својот проблем.  Николче Секуловски готвач, во градинката работи 10 години, но со договор за дело, а последнава година со договор за работа. Тој открива дека 5 години од градинката испраќале барање за негово вработување, но одговорот секогаш бил негативен.  Последната плата која ја зел Секуловски била околу 6000 денари и тоа во месец  јули годинава. „Од кога почна договорот на определено, платите ги земаме многу касно. Со минимим три месеци каснење. Инаку...

Continue reading

grawe osiguruvanje

Митот за животното осигурување

Post Views: 6 Луѓето работат за иднината, за своите деца, за нивното образование. Оттука најчестото прашање кое си го поставуваат е како да ја обезбедат нивната иднина. Одговорот може да го пронајдат во животното осигурување. Навидум тежок за разбирање поим, но во суштина сепак едноставен. Според луѓето од Граве осигурителната компанија, животното осигурување не е само инструмент за заштита, туку и начин на обезбедување на заштеда за некој иден период. Еве што значи тоа. „Со самото тоа што сте направиле животно осигурување во одреден момент, вие имате одредена заштеда. Значи после...

Continue reading

plaza makoteks

Дел од плажа во Лагадин причина за кавга

Post Views: 7 Простор на плажа во Лагадин од 300 метри квадратни причина за сериозна кавга помеѓу двајца корисници. Од 19 -ти април, кога Комисијата од Министерството за транспорт и врски ја постави границата меѓу соседните плажи на хотел Макотекс во Лагадин и соседниот корисник, почнале да пристигнуваат првите закани по животот за вработените од Макотекс, раскажува Климе Тренески. Соседниот концесионер на просторот од плажата поставил маси и столици и го узурпирал просторот кој со договор од ресорното минитерството е доделено на користење на хотел Макотекс, тврди  Тренески. Овој...

Continue reading

ldp pres

ЛДП реагира поради издавањето на езерото под концесија

Post Views: 16 ЛДП е смета дека многу е рано Охридското Езеро да се дава под концесија за стопански риболов, затоа што како што велат сеуште не е стабилизиран рибниот фонд во езерото, а одлуката за давање под концесија била избрзана и бесмислена. „Неофицијално, идниот концесионер е избран и веќе има склучено договор. Договорот се однесува за период од 6 години, а концесионерот има обрска на државата за истиот тој период да и исплати 12 милиони денари, а да за таа сума, добива дозвола да улови 20 тони пастрмка и 1200 тони плашица. Со овој договор, треба да се вработат и 24 рибари што...

Continue reading

plostad

Без договор нема поставување урбана опрема, тврдат од Локалната

Post Views: 6 Локалната склучи 26 договори за поставување урбана опрема. Според програмата за поставување урбана опрема за ова лето што ја донесе Советот на Општина Охрид предвидено е да се постават 17 фрижидери за сладолед. Досега се издадени дозволи само са 7, а остануваат уште десет. За продажба на книги предвидени се 8 дозволи, а досега се издадени 6. Остануваат уште две. За локација за продажба на уметнички слики издадени се десет дозволи, односно сите што беа предвидени. За продажба на сувенири предвидени беа 14 дозволи, издадени се 13, а останува уште една. Ова се резултатите...

Continue reading

plazi Struga

Анекс договори за концесионерите на плажи од Струга

Post Views: 7 Концесионерите на седум од дванаесеете плажи на брегот на Охридското езеро во делот на Струга, доколку сакаат  и понатаму да стопанисуваат со плажите, ќе треба да потпишат анекс договори со општина Струга за концесионирање во наредните две години. Во постапката ќе се опфатат сите плажи чиј двегодишен мандат веќе истекува. Новите договори нема да сменат ништо во однос на цената на концесијата за следните две години која ќе остане непроменета во однос на првите договори кои закупците ги имаа склучено со Министерството за транспорт и врски. „Доколку ги исполнат договорите...

Continue reading

broj na sprat

Кој треба да се грижи за лифтот во вашата зграда?

Post Views: 5 Некаде функционираат, а некаде не. Лифтовите во Охридските згради може да ви бидат или најдобар пријател или најголем кошмар. Сето тоа зависи од редовноста со која тој лифт се одржува. А кој да плаќа за негово одржување ако не станарите кои секојдневно го користат. Охрид за среќа или за жал е туристички град во кој голем дел од становите немаат домашни сопственици. Тука се создава голем проблем за заедницата на станари која според Законот за домување треба да ја има секоја зграда. „Сега функционираме, барем досега додека не беше донесен законот, на повик, кога ќе имаше...

Continue reading

med otpad

Падна договор за подигање на опасниот отпад

Post Views: 4 Општа болница Охрид, симна голем товар од својот грб. Најде решение за медицинскиот отпад, но и за комуналниот отпад. Неколку дена болничкиот простор наменет за одлагање на отпад, остана затрупан од смет. Проблемот на површина исплива деновиве кога се крена голема џева од страна на ЈП „Охридски Комуналец“, кога оттаму реагираа дека несоодветно се одлага медицинскиот отпад. Портпаролот на Општа болница Охрид, Др. Сашо Василески, не сакаше да ги коментира случувањата што претходеа на тоа. Тој само нагласи дека што се однесува до нив проблемот е трајно решен и нема повеќе...

Continue reading

FTU konferencija

Еминентни стручњаци од областа на туризмот во Охрид

Post Views: 2 „Услужниот сектор во услови на променливо опкружување“, тема на меѓународната конференција која се одржува во Охрид, во Организација на ФТУ. Темата на конференцијата иако звучи малку апстрактно сепак е апсолутно актуелна и е поврзана со кризата на која сме сведоци и се надеваме дека дека дел од решенијата и дел од согледувањата на идните патишта  ќе бидат предложени токму на овој собир во Охрид. На конференцијата се пријавени 135 учесници од 14 земји, а дел од неа ќе бидат и четири врвни стручњаци во својата област од светски рамки кои ќе бидат и пленарни предавачи. „...

Continue reading

poseta Turcija

Соработка со Турција на локално ниво

Post Views: 0 Делегација од Охрид, во посета на Р.Турција. Општината во Анкара беше претставена од советникот на ПЕИ Кујтим Усеини и Илкер Мустафа од Секторот за туризам и ЛЕР. Уште на првата работна средба членовите на нашата делегација успеале да постигнат договор за збратимување помеѓу две училишта, „Билкент“ од Анкара и ОУ „Братство и Единство“, од Охрид. Кујтим Усеини вели дека задоволство е да се црпат искуства од луѓе кои очигледно на полето на образованието постигнале многу. Воедно тоа дополнително му дало поттик да размислуваат како би се направило нешто повеќе и за нашите...

Continue reading

mrezi

Ниту многуте запленети мрежи не ги спречуваат рибокрадците

Post Views: 1 Езерската полиција исклучително активна во изминатава година. Со бројка од 1440 запленети рибарски мрежи, 355 килограми на разни видови на риба, 82 жили и 388 блинкери причини и за задоволство, но и сериозна загриженост. Осумте покренати кривични пријави се чини не се доволно. Секоја наредна година повторно и повторно се случуваат кражби на рибниот фонд и оштетување на ендемските видови. Ако се пресмета километражата на запленетите мрежи неколкукратно би се обиколило Охридското езеро, а успешните заплени се чини не го даваат посакуваниот ефект. „Во континуитет се соочуваме...

Continue reading

konferencija

Што ќе добиеме со „Договорот за дримскиот басен“?

Post Views: 4 После неколку годишни активносто за лобирање и еколошка дипломатија, во Тирана конечно министрите на надлежните министерства од петте држави кои го делат дримскиот басен (Македонија, Грција, Косово, Србија и Црна Гора),  потпиша договорот за Дримскиот басен. Овој договор е силна рамка која што во иднина ќе ги постави аргументите околу управување со дримскиот басен, а од кои активности трпат позитивни или негативни последици и езерата кои се наоѓаат во басенот, меѓу кои се и Охридското и Преспанското. „По потпишувањето на договорот донаторската заедница излезе со два...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top