Ознака: доби

najstar tatko

Најстариот татко на светот

Post Views: 0 Индиецот Рамаџит Рагхав е најстариот татко на светот затоа што на 96 годишна возраст доби син. Тој всушност со тоа го урна сопствениот рекорд од пред две години кога на 94 год го доби своето прво дете, со неговата 50 годишна жена. Освен што за себе тврди дека е најстаријиот татко на светот, Рамаџит гордо вели дека до пред десет години живеел во целибат. Која е тајната на неговата виталност? Рамаџит  Секој ден се буди во пет часот и оди да работи на поле. Попладне се одмара час-два, а на спиење оди пред осум часот навечер. Освен тоа, тој е и вегетаријанец. {loadposition...

Continue reading

Скопскиот аеродром прв во регионот доби Здравствен сертификат од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI)

Post Views: 0 Од вкупно 350 аеродроми на светско ниво кои аплицирале за акредитација, досега само 60 успеале да се акредитираат, а меѓу нив е Меѓународниот Аеродром Скопје, како прв аеродром на Балканот кој успеа да се стекне со овој сертификат. Меѓународниот Аеродром Скопје се стекна со акредитација од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, што претставува нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креирана за да помогне да се увери патувачката јавност дека...

Continue reading

Службата 194 доби современо возило и опрема

Post Views: 2 Охридската итна медицинска помош доби современо амбулантно возило и софистицирана медицинска опрема. Возилото е донација од европскиот проект „Безбедни градови за срцето“ со прекугранична соработка на охридските ЈЗУ Здравствен дом и Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања и рехабилитација Св. Стефан со градовите Тракија и Каламарија од Република Грција. Амбулантното возило има најсовремена опрема и за градот е од многу голема важност при интеревенциите за спасување човечки животи кога секоја минута е драгоцена, напоменува д-р Ајсел Зејноска, директор на ЈЗУ...

Continue reading

Заев го доби мандатот и најави брзо формирање на влада

Post Views: 13 Два дена пред истекот на уставниот рок, претседателот Ѓорге Иванов му го додели мандатот за состав на новата влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Остранети се пречките, рече Иванов, а Заев достави гаранција за унитарноста. Со разменување на по еден лист хартија со шефот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на СДСМ Зоран Заев стана мандатар. Тој во име на парламентарното мнозинство ја прочита писмената изјава на која е лично потпишан. Со неа се гарантира заштита на унитарноста, територијалниот интегритет, уставниот поредок, мултиеничноста… По кратката средба...

Continue reading

Центар за јавно здравје Охрид доби донација UV-C ламба за дезинфекција на простории

Post Views: 3 Центарот за јавно здравје Охрид доби  мобилен  UV-C стерилизатор за дезинфекција на простории како донација од компанијата Тесла Лед дооел – Скопје.  UV-C ламбата од 150W може да дезинфицира од вируси бактерии и габи со ефикасност од 99,9%, простор до 30 м2 за 7 до 8 минути или 900 м2 за 3 часа. „ Ете видовме дека Охрид навистина беше , ако може така да се каже, нападнат од туристи, и едноставно дојдовме на идеа во еден разговор, на некој начин да помогнеме на Охрид и ете тоа што можевме како донација да го направиме го направивме.UV-C од 254nm се покажа како доста...

Continue reading

НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ ДОБИ ОУ„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Post Views: 8 Училишниот двор, пристапот од страна на игралиштето и споменикот на Св. Климент Охридски од денес се со ново осветлување. Дотраените и неекономични светилки се заменети со лед кои што се штедливи, а целокупната инвестиција е финансирана од општина Охрид. Претходно во училиштето беше замената старата и дотраена дограма со нова и енергетско ефикасна, а дополнително беше поставен под од ламинат. Во подрачното училиште во населба Даљан, деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подот со поставување на нов ламинат, а во наредниот период се планира и промена на д...

Continue reading

london

Главен град на светот е Лондон

Post Views: 4 Критериумите се власт и политичко влијание, приходи и богатство, степен на образование, глобални врски и ниво на култура. Според овие критериуми Лондон собра 22 поени и ја доби титулата главен град на светот во конкуренција со 140 града.  На второ место со 21 поен се наоѓа Њујорк, а третото место го делат Токио и Вашингтон со 17 поени. По нив следуваат Шангај, Мексико, Пекинг, Бомбај и Делхи. Вториот по големина австралиски град Мелбурн е најдоброто место за живеење во светот, според листата во која влегуваат 140 града. По него се Виена и Ванкувер. Во првата десетка...

Continue reading

ОУ „Братство Единство“ доби награда Европска ознака за квалитет

Post Views: 11 Охридското основно училиште „Братство Единство“ доби награда Европска ознака за квалитет. Во проектот учествувале педесетина ученици од Турски наставен јазик од прво до деветто одделение во осум проекти од природните и општествените науки. Учениците минатата година се вклучиле во проекти по личен избор и интерес, а еден од проектите е на тема „Моето семејство во пандемија“. Во време на пандемијата која донесе многу негативни работи се случија и некои позитивни како што е учество во заеднички активности и зајакнување на соработката помеѓу родителите, учениците и наставниците,...

Continue reading

Центарот за сензорна терапија доби помош од Бугарската Влада

Post Views: 0 Пристигнаа хуманитарни пакети наменети за охридскиот Центар за сензорна терапија на Здружението за аутизам „Во мојот свет“. Бугарската амбасада во земјава донираше хуманитарна помош од Бугарската Влада за земјава. Покрај, социјани пакети за град Скопје, се обезбедени и 30 пакети со основни прехранбени артикли за семејствата во социјален ризик за охридски семејства кои се погодени од последиците на пандемијата од Ковид 19, рече Ангел Ангелов, Бугарски амбасадор во земјава. „Особено за социјално загрозените семејства. За време на таа пандемија тие најмногу ја чувстуваат...

Continue reading

ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ доби енергетски ефикасна фасада

Post Views: 11 Започна реализацијата на проектот за поставување на најсовремена енергетски ефикасна фасада на објектот од ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“. Станува збор за инвестиција на Министерството за образование во соработка со општина Охрид. Во рамки на проектот предвидено е реновирање на училишната работилница.Изминатиов период во оваа образовна институција беше реконструиран кровот, променета е дограмата, а се поставија нови тавани во сите простории. Објектот доби и ново ЛЕД осветлување.Со средства на општина Охрид наредниов период е предвидено да бидат поставени и нови подови во...

Continue reading

lisica

Лисица застрела ловџија

Post Views: 2 Едно старо новинарско правило само што доби сериозен апдејт – не е вест кога ловџија ќе застрела лисица, вест е кога ранета лисица ќе застрела ловџија.Во Белорусија повредена лисица го застрелала својот несуден убиец во нога, повлекувајќи го чкрапецот на пушката на ловџијата во моментот кога тој сакал да ја дотепа со кундакот. “Животното жестоко му се спротивставило на ловџијата и во борбата со него случајно го повлекло чкрапецот со шепата,“ изјавил обвинител. Несреќниот ловџија завршил во болница, додека лисицата побегнала.{loadposition content9}

Continue reading

СВР Охрид доби вредна донација за заштита на полциските службеници во борбата против Ковид 19.

Post Views: 3 Доделена донација за СВР Охрид во висина од 10.000 евра за заштита на полциските службеници во борбата против Ковид 19. Донацијата е од Програмата ИПА на ЕУ за прекугранична соработка со Албанија и се состои од заштитни маски за повеќекратна употреба, нараквици и дезинфекциони средства, информираше Горан Милески министер за Локална самоуправа. „Ние сметаме дека е неопходно да ги заштитиме полицајците кои се на првата борбена линија по здравствените работници. Нашата полиција во регионот на СВР Охрид ги опфаќа Охрид, Струга , Кичево и Дебар и обезбеди 2500 заштитни маски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top