Центар за јавно здравје Охрид доби донација UV-C ламба за дезинфекција на простории

UV-C ламба за дезинфекција на простории од вируси и бактерии доби Центарот за јавно здравје Охрид. Апаратот е донација од комапнијата ТЕСЛА ЛЕД ДООЕЛ Скопје. Директорот на Центарот, Сашо Точков изрази благодарност за шпаратот кој ќе им ја олесни работата и ќе ја зголеми безбедноста на здравствените работници и на граѓаните.

 |   | 

Центарот за јавно здравје Охрид доби  мобилен  UV-C стерилизатор за дезинфекција на простории како донација од компанијата Тесла Лед дооел – Скопје.  UV-C ламбата од 150W може да дезинфицира од вируси бактерии и габи со ефикасност од 99,9%, простор до 30 м2 за 7 до 8 минути или 900 м2 за 3 часа.

Ете видовме дека Охрид навистина беше , ако може така да се каже, нападнат од туристи, и едноставно дојдовме на идеа во еден разговор, на некој начин да помогнеме на Охрид и ете тоа што можевме како донација да го направиме го направивме.
UV-C од 254nm се покажа како доста ефикасна за уништување вируси,  посебно за ковид. Со самото зрачење покрај светлина испушта и озон што допринесува за поефикасно уништување на сите вируси и бактерии.“ – вели Еди Хашимбеговиќ –  ТЕСЛА ЛЕД ДООЕЛ Скопје.

Директорот на Центар за јавно здравје, Сашо Точков изрази благодарност до компанијата Тесла лед затоа што го  препознаа Охрид  и Центарот, како што рече, како една институција која изминатиов период од 8 месеци е прва на удар со тестирањето и работа со ковид пациенти како регионален центар за тестирање за корона вирусот.

„ Оваа UV-C лампа многу ќе допринесе  за посигурно работење пред се на здравствените работници но и на граѓаните кои што доаѓаат тука. Ќе ја користиме не само во Ковид пунктот туку и во микробиолошките лаборатории во Центарот за јавно здравје и секаде каде што има потреба за дезинфекција од бактерии и вируси.“ – Сашо Точков – Директор Центар за јавно здравје Охрид.

Главна дејност на компанијата ТЕСЛА ЛЕД е LED осветлување и светлечки тела но во пандемиајта со Ковид 19 посебно место во програмата зазедоа апаратите и лампите со UV-C светлосно зрачење за дезинфекција. Интересот за нив  е голем од страна на  приватни здравствени установи, приватни училишта, хотели, банки, велат од компаниајта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top