Ознака: добитник

Охриѓанецот Димче Коруноски е добитник на државната награда за уметничка фотографија „Благоја Дрнков“

Post Views: 3 Охриѓанецот Димче Коруноски ја доби државната плакета „ Благоја Дрнков“ на Деновите на македонската фотографија во Битола. Наградата посветена на доајенот на македонската уметничка фотографија е востановена во 2012 година по неговата смрт. Коруноски аплицирал на конкурсот за 55 -то јубилејно издание на државната изложба во две категории и тоа во колекција на фотографии и поединечна фотографија. Жирито во висока конкуренција на пристигнати уметнички фотографии ги избрало неговите фотографии од црквите Св.Јован Канео, Св. Богородица Перивлепта и Св. Климент и Пантелејмон...

Continue reading

Phillip Seymour Hoffman

Почина оскаровецот Филип Сејмур Хофман

Post Views: 9 Актерот е пронајден мртов во неговиот апартман во Њујорк. Светските медиуми пренесоа дека телото на 46-годишниот актер било пронајдено во бањата вчера наутро од страна на неговиот личен асистент. Според неофицијални информации актерот веројатно умрел од последиците на предозирање со дрога, со оглед на тоа што во неговата рака имало забодена игла. Тој веќе подолго време се борел со зависноста. Сепак причината за смртта дополнително ќе се утврдува. Актерот Филип Сејмур Хофман беше добитник на наградата Оскар за главна улога во филмот “Капоти” од 2005 година во кој го толкуваше...

Continue reading

Чарлс Симиќ е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата

Post Views: 14 Чарлс Симиќ поет од САД е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2017 година. Ова беше соопштено денеска на свеченоста во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје. Со наградата „Златен венец“, како што стои во одлуката, се наградуваат високите уметнички достигнувања на Симиќ, особениот поетски израз и поетиката на страсното и луцидно сведоштво на новото време. Тој е познат на сите меридијани, на сите континенти, ги има добивано сите најзначајни награди во Америка, а некои и во Европа, а еве сега се закити и си Златниот венец...

Continue reading

Загина добитник на два Оскари

Post Views: 2 Засекогаш ќе остане запаметен по големиот хит “My heart will go on”(Titanic), но и по музиката која ја компонираше за филмовите “Avatar” и “Braveheart”.James Horner (61) загина при пад на авион во понеделникот наутро, а се верува дека авионот двосед беше во негова сопственост бидејќи покрај музиката, летањето беше негова голема страст.James беше искусен пилот со многу часови летање, а причините за падот сеуште не се познати. Неговата смрт ја потврдила неговата асистентка Sylvia Patrycja на својата Facebook страница.“Изгубивме неверојатна личност со големо срце и талент”,...

Continue reading

Трајче Кацаров добитник на престижната награда „Григор Прличев“

Post Views: 21 Трајче Кацаров е добитникот на престижната награда „Григор Прличев” за наградената поема за 2021 година „Цветко”, под шифра: Когито. Кацаров е поет, раскажувач, есеист и драмски автор. Работи како драматург во НУЦК „Ацо Шопов” – Народен театар Штип. Наставен доцент е на Интернационалниот универзитет за аудио-визуелни уметности „Еуропа Прима”. Во 1993 година го основа Списанието за уметност СУМ и до ден-денес е негов главен и одговорен уредник. Во 1996 година со група истомисленици, го основа списанието Месечникот за театар „Тренд театар”...

Continue reading

ЈОВАНА МАТЕВСКА АТАНАСОВА Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „ЖИВКО ЧИНГО“

Post Views: 4 Јована Матевска Атанасова, романсиерка и рецензентка, е родена на 16.06.1991 година. По професија е дипломиран психолог. Добитник е на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2020 година.  Во 2015 и 2016 година добила откупни награди на конкурсот за краток расказ на Нова Македонија. Покрај нив добитник е на повеќе награди на општински и регионални натпревари за кратки раскази. Нејзините раскази се застапени и во повеќејазични збирки „Бибер“ кои ги опфаќаат темите за помирување од војната, во појасот на бившите југословенски простори. Напишала два романи „Тамбовските...

Continue reading

hose emilio pacheko

Хосе Емилио Пачеко добитник на годинашниот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата

Post Views: 1 Хосе Емилио Пачеко, еден од најзначајните и највлијателните мексикански посети, е добитник на годинашниот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. Одлуката ја донесе Управниот одбор на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ на предлог на Советот за доделување на наградата „Златен венец“ на СВП. Хосе Емилио Пачеко е роден во Мексико Сити 1939 година. Во родниот град се образувал, а подоцна предавал книжевност на многу универзитети во Јужна Америка, САД и Канада. Член е на Мексиканската академија на јазиците. Пачеко зад себе има петдецениско творештво кое...

Continue reading

zlaten venec na CVP

Златниот венец на СВП за Матеја Матевски

Post Views: 45 Академик Матеја Матевски е добитник на „Златниот венец“ на 50. јубилејно издание на светски реномираната поетска манифестација „Струшките вечери на поезијата“ за 2011 година. Ова беше соопштено вчера во МАНУ од претседателот на управниот одбор на манифестацијата Славе Ѓорго Димовски. Одборот едногласно ја донел оваа одлука на 10 март. – Во опусот на Матевски е содржан посебен поетски сензибилитет со богат израз, содржина, значење и претставува монументално созвучје на разновидности склопени во еден специфичен поетско-медитативен свет. Свет на теми идеи и ставови...

Continue reading

Сѐ е спремно за 87-то доделување на Оскар

Post Views: 0 Американската Академија вечерва по 87-ми пат ќе ги доделува своите признанија, а шоуто во долби театарот ќе го води комичарот Neil Patrick Harris. Julianne Moore, Patricia Arquette и Eddie Redmayne  се фаворити за актерските награди, но и понатаму е неизвесно кој ќе го добие оскарот за најдобар филм. “Birdman” , мрачната комедија за некогашна акциона ѕвезда кој се обидува да ја оживее кариерата, на Бродвеј собра низа од значајни признанија – награда на здружението на актери (SAG) и режисери (DGA). Драмата на Richard Linklater “Boyhood”, која е снимана 12 години со исти...

Continue reading

kara]u;e

Охридското семејството Караѓуле е добитник на наградата за најубаво украсен новогодишен двор

Post Views: 1 Семејствтот Караѓуле,  Ева и Климе жители на стриот дел од градот се добитници на првата награда за најубаво декориран новогодишен двор. Ева Караѓуле е родена чехиња, која 3 децении живее во Охрид, а во себе ја носи креативноста и навиката нејзиниот двор да биде постојано среден и украсен. За тоа не треба многу, само волја за работа и убава околина, вели Ева.  „ Убаво е, да е украсено не треба многу….да се употребат  шишарки, панделки, кутивчиња  од се ништо се прави се. Сакам да ми е не само за  новогодишните празници  украсено, туку преку цела година дворот да...

Continue reading

gligor

Глигор Стојковски, добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“

Post Views: 9 Наградата за најдобра поема за 2015 година „Григор Прличев“ се додели на поемата „Кирил 1830- Кирил 2001“ под шифра „Кирил“. Наградата за најдобра поема „Григор Прличев“ ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид. Добитник на наградата е авторот. Глигор Стојковски (1952) бил новинар во „Нова Македонија“ и „Утрински весник“, главен редник на „Култура“, сега е сопственик на издавачката куќа ВиГ ЗЕНИЦА. Автор е на поетски книги: Починка во чисти честички, Пајак, Очно дно, Студена минута, Зад билката молк, Око заборавено на небото, Порој, Капка оловна вода,...

Continue reading

nagradi

Охридската организација на Црвен крст добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски

Post Views: 1 ОО на Црвен крст  е годинешниот добитник на највисокото општинско признание наградата Св.Климент Охридски. Ова највисоко признание оди во рацете на организацијата која 7 децении  ја сочинува тим на ангажирани лица и волонтери како и нивните претходници за несебичното работење,  активности и проекти со кои континуирано го подобруваат животот на многу наши сограѓани, кажа градоначлникот Никола Бакрачески за доделувањето на  наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот. „Акцентот на нивното делување кое во овие турбулентни времиња е раритет свртен кон ублажување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top