Трајче Кацаров добитник на престижната награда „Григор Прличев“

Трајче Кацаров е добитникот на престижната награда „Григор Прличев” за наградената поема за 2021 година „Цветко”, под шифра: Когито.

 |   | 

Трајче Кацаров е добитникот на престижната награда „Григор Прличев” за наградената поема за 2021 година „Цветко”, под шифра: Когито.

Кацаров е поет, раскажувач, есеист и драмски автор. Работи како драматург во НУЦК „Ацо Шопов” – Народен театар Штип. Наставен доцент е на Интернационалниот универзитет за аудио-визуелни уметности „Еуропа Прима”. Во 1993 година го основа Списанието за уметност СУМ и до ден-денес е негов главен и одговорен уредник. Во 1996 година со група истомисленици, го основа списанието Месечникот за театар „Тренд театар” и станува негов уредник. Во 1997 година со група автори, го основа весникот на ДПМ „Стожер”. Од 2017 година е главен и одговорен уредник на Списанието на ДПМ „СТОЖЕР”. Како издавач има објавено триесетина книги од науката, есеистиката, уметноста и публицистиката, меѓу кои се: „Маларме” од Ги Мишо, „Вера и скпеска” од Јиржи Менцел, „Системот на Антонен Арто” од Вадим Максимов, „Актерската игра” од Михаил Чехов.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top