Ознака: директор

sobarka

Жерар Депардје како Штрос–Кан во филм за секс скандалот

Post Views: 48 Глумецот Жерар Депардје би требало да го игра Доминик Штрос – Кан, а Изабел Аџани неговата сопруга Ан Сенклер, во ноиот филм  за секс скандалот, кој бившиот директор на Меѓународниот монетарен фонд го чинеше кариера.Намерата на продуцентите е да направат “слободна адаптација” на скандалот кој со недели беше во центарот на вниманието на светската јавност. Името на бившиот директор на ММФ, не би било споменато, но сепак дејствието во филмот ќе биде инспирирано од аферите во кои францускиот политичар беше инволвиран. Режијата и сценариото би требало да им бидат доверени...

Continue reading

здравствен дом

Здравствениот дом во Охрид доби нов ВД директор

Post Views: 15 Доктор Катерина Арсенова Димитрова е новиот ВД директор на Здравствен дом. Така одлучи Министерството за здравство. Др Димитрова од вчера ја извршува оваа функција на која дојде од раководното место  во  Диспанзерот за здраво дете. Доктор Димитрова е специјалист педијатар со 33 годишно работно искуство.  Таа ќе ја извршува оваа функција се додека ресорното министерство не распише оглас за назначување на нов директор. Инаку, Здравствениот дом остана три недели без директор по финансискиот скандал тежок 7,5 милиони денари кој го откри финансиската полиција.  Од прво осомничениот,...

Continue reading

stanovi

Отворени денови на АДСДП

Post Views: 6 Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката Ве известува дека започнува со проектот „Отворен ден со граѓаните“. Се покануваат граѓаните на Република Македонија да присутвуваат на средбите и да се информираат за сите прашања кој што ги имаат по однос откуп на општествени станови согласно „ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ“, откуп на становите по проектот FP1340 и за сите проблеми кои што ги мачат граѓаните,  а се поврзани со работењето на Акционерското друштво за изградба и...

Continue reading

Sasko Kedev

Директорот на Кардиологија на врвот на светот

Post Views: 2 Познатиот македонски кардиолог Сашко Кедев вчера се искачи на Монт Еверест висок 8.848 метри и е третиот Македонец што го освои највисокиот врв во светот. Кедев се искачил на врвот преку тешката јужна страна изутрина околу 8 часот по локално време, како член од поголема американска планинарска експедиција, која ја сочинувале околу сто луѓе. Шерпасот Пасанг Тензинг пристигнал на врвот во 7.30 часот, во 8 часот пристигнал шерпасот Анг Дорџи. кој го освоил врвот 13 пат, а заедно со нив бил и Сашко Кедев од Македонија – пишува во веста што сведочи за несекојдневниот...

Continue reading

gimnazija ekskurzija

Само матурантите од гимназија ќе слават матура во странство

Post Views: 0 Матурантите од средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“ оваа година нема да имаат матурска екскурзија.  Ова училиште  од почетокот на оваа учебна година се осамостои како правен субјект, а години наназад матурските прослави ги правеше заедно со гимназиските паралелки. Од оваа година тоа нема да биде така. Вршителката на должноста директор на средното општинско стручно училиште, Славица Костоска, со објаснување зошто нејзините матуранти нема да слават матура во странство. „Законот за средно образование, децидно кажува дека учениците во текот на школувањето во...

Continue reading

Slavica Kostoska

Славица Костоска по втор пат ја доби довербата на училишниот одбор за директор на економско

Post Views: 0 Вршителот на должност директор на СОСУ „Свети Кирил и Методиј“, Славица Костоска повторно ја доби довербата од членовите на училишниот одбор како најадекватен кандидат за функцијата директор на средното економско училиште. На вчерашното прегласување, на кое учествуваа сите 11 члена на училишниот одбор, Костоска доби 7 гласа, додека нејзиниот противкандидат, професорот Никола Тренески ја доби довербата на четворица члена од одборот. Покрај новоназначениот член на одборот, односно претставник од Министерството за образование, училишниот одбор содржи и четворица членови...

Continue reading

ekonomski

Училишниот одбор од средното економско училиште ќе прегласува за избор на директор

Post Views: 18 Училишниот одбор од средното економско училиште вечерва ќе прегласува за избор на директор во оваа образовна установа. Пред еден месец  училишниот одбор на актуелната вд директорка Славица Костоска и изгласа доверба за директор на училиштето, но предлогот беше вратен од страна на Градоначалникот Никола Бакрачески. Од локалната самоуправа, за ТВМ велат дека причина за тоа е што постапката за избор на директор не била извршена во согласност со  законските одредби, статутот на училиштето и деловникот на училишниот одбор. Имено од 10 члена на одборот Костоска добила 5 гласа...

Continue reading

лого

Разрешена директорката на ЈП за комунална дејност од Дебрца

Post Views: 9 Со решение од страна на Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски разрешен е директорот на јавното претпријатие за комунална дејност во општина Дебрца, Јасмина Мицкоска. Поради неисполнувањето на очекуваните резултати во претпријатието изминатиов период и реакциите од жителите на општина Дебрца, Градоначалникот на општина Дебрца ја донесе оваа одлука. За ВД Директор назначен е Стојмир Велјаноски, вработен во јавното претпријатие, согласно законските одредби од законот за Јавни претпријатија. Во наредните денови од страна на Градоначалникот ќе биде распишан Оглас...

Continue reading

strajk

Штрајк во охридската Гимназија

Post Views: 12 Половина од професорите од охридската гимназија денес не ги одржаа часовите. Тие ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески објаснува дека наспроти гласините дека штрајкот не е најавен, тој вели дека е легитимен бидејќи тие ја испочитувале законската процедура за негово пријавување  со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката во петокот, пред назначувањето на новиот директор Звонко Трпески...

Continue reading

gimnazija nastava

Новиот директор на гимназијата денес со известување до учениците дека во понеделник ќе има редовна настава

Post Views: 1 Новиот директор на охридската гимназија, Звонко Трпески, со известување до учениците дека во понеделник треба да дојдат на редовна настава. Директорот Трпески, кој на функцијата беше назначен вчера попладне, за најавите за штрајк во гимназијата вели дека сеуште не добил никаква потврда од професорите кои велат дека ќе штрајкуваат во понеделник. „До мене како директор на охридската гимназија, не е пристигната никаква лична изјава од никој колега или професор што е законска обврска во врска со најавениот штрајк, односно прекин на наставниот процес. Од тие причини ги известувам...

Continue reading

Dosta

Доста Димовска во тешка здравствена состојба

Post Views: 6 Директорот на македонскиот културно- информативен центар во Софија, Доста Димовска е во тешка здравствена состојба, по доживеан мозочен удар, јавува Бгнес. Во моментов таа се наоѓа на лекување во болницата „Токуда“ и веќе втор ден е на реанимација, откако во петокот Димовска го доживеала тешкито мозочен удар.Доста Димовска во политичка кариера беше на високи државни и партиски функции. Беше потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, а откако партијата првпат дојде на власт во владтаа на Љубчо Георгиевски ја извршуваше функцијата  министер за надворешни работи на која ја затекна и...

Continue reading

svr

Уште една, трета по ред кривична пријава за поранешниот градоначалник на Охрид

Post Views: 4 „Поранешниот градоначалник и поранешниот директор на јавното претпријатие „Билјанини извори“, спротивно на Законот за градежно земјиште и спротивно на одлуките на Советот, донесле одлуки за издавање на времен закуп од пет години на 308 паркинг места во централното градско подрачје на приватен закупец. Воедно пријавениот поранешен градоначалник и поранешен директор, извршиле влијание врз претседателот и членови на управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“, да овозможат донесување на одлука со која се намалува висината на тогашната цена за закуп на паркинг просторот во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top