Ознака: директор

Јордан Пуроски ВД директор на ООУ „Климент Охридски“ Охрид

Post Views: 3 Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков за ВД директор на ООУ „ Климент Охридски“ е именуван Јордан Пуроски кој доаѓа на местото на Наташа Танеска. Пуроски е магистер по информатички технологии и професор по предметот информатика. Новоименуваниот директор упати благодарност до градоначалникот Пецаков за дадената доверба. Пуроски беше директор на гореспоменатата образовна институција во периодот од 2013 до 2017 година.

Continue reading

Марјан Ристески поставен за ВД директор на ЈП „Водовод“ Охрид

Post Views: 48 Со одлука на градоначалникот, Кирил Пецаков, за ВД директор на ЈП „Водовод“ Охрид е поставен Марјан Ристески. Ристески е дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Има долгогодишно менаџерско искуство најпрво во приватниот, а подоцна и во јавниот сектор. Како директор на Државниот студентски дом „Никола Карев“ успеал од институција којашто била во згаснување да создаде стабилна и успешна установа. 

Continue reading

Почина Лане Гутовиќ, познатиот директор Шојиќ

Post Views: 2 Познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ почина на 75 годишна возраст, а веста за неговата смрт ја потврдил неговиот син. Лане пред повеќе од една недела беше примен на Воено-медицинската академија поради проблеми со дишењето, но тестот за коронавирус бил негативен. Неговата здравствена состојба нагло се влошила, по што актерот бил приклучен на респиратор поради проблеми со белите дробови. Докторите претпоставуваат дека тоа било последница од прележан Ковид-19. Милан Лане Гутовиќ својата популарност ја стекна по познатата улога на директорот Среќко Шојиќ во серијалот...

Continue reading

м-р Милчо Јованоски нов директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Post Views: 0 На Јавен оглас за избор на директор на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид распишан од страна на Министерството за култура, министерот за култура за директор на Библиотеката со мандат од четири години го избра кандидатот Милчо Јованоски кој и досега беше вработен во оваа установа. Министерот за култура врз основа на предлогот на Комисијата оцени дека Јованоски ги исполнува општите и посебните услови утврдени со огласот како и тоа дека поседува стручни и професионални квалификации за извршување на функцијата директор а доставената Програма за работа...

Continue reading

Niko Nestor

Во О.У. „Нико Нестор“ поништен конкурсот за избор на директор

Post Views: 1 Денес по втор пат се објавува конкурс за избор на прв човек на средното училиште „Нико Нестор“. Ова следи по претхоно поништениот оглас за директор на оваа образован институција. Конкурсот беше објавен на 20-ти претходниот месец и  на истиот аплицираа 4 кандидати. Моменталната в.д директорка Драгица Добреска, професорите Васил Максимоски, Јаковче Матлиески како и Маре Бојческа. Училишниот одбор повторно ја реизбра Добреска за прв човек на Нико Нестор. ТВМ дознава дека за неа гласаа 8 професори од вкупно 11. Се шпекулира дека  конкурсот е поништен по извршената контрола...

Continue reading

Порака на Фејсбук ги чинела многу пари

Post Views: 1 Значењето на поговорката “молчењето е злато” ја почувствувале на своја кожа сопружниците Снеј од Мајами кои една порака на Фејсбук ги чинела 80.000 долари. Пораката чинела многу поради кршење на клаузулата  за тајност на договор со работодавач. Имено, Патрик Снеј на суд добил спор против својот работодавач кој го отпуштил од местото директор на училиште, и потоа склучил финансиски договор со тужениот за обештетување во кој било прецизирано дека “брачниот пар не смее на никого, вклучувајќи ја и нивната ќерка, да каже за содржината на договорот”, пренесува весникот Figaro. Меѓутоа,...

Continue reading

Два преседани истовремено

Post Views: 8 Прв пат во својата историја, поставиле жена како член на управен одбор на Хонда и еден странец за оперативен директор на компанијата. Како што се наведува во соопштението на Хонда, во управниот одбор на компанијата ќе се придружи технолошкиот експерт Хидеко Куни (66), а Бразилецот со јапонско потекло Исао Мицогучи, кој веќе 30 години раководи со работењето на Хонда во Јужна Америка, е именуван за нов оперативен директор на компанијата, пренесува AP. Јапонската компанија се најде под критики дека промовираат само јапонски државјани, и ова е за прв пат да се направат два...

Continue reading

FBI остана без директор

Post Views: 1 Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти директорот на Федералното истражно биро Џејмс Коми, човекот кој ја водеше агенцијата што ги истражува врските на неговиот изборен штаб со Русија. Како причина за отпуштањето се наведува дека Коми водел погрешна истрага во врска со мејловите на претседателскиот кандидат на Демократската партија Хилари Клинтон. Во образложенито се наведува дека поради тоа и министерот за правда Џеф Сешонс и неговиот заменик Род Росенстајн препорачале Коми да биде отпуштен. Во писмото до Коми, претседателот Трамп наведува дека тој не може...

Continue reading

Vitorrio Missoni

Пронајден авионот на Виторио Мисони

Post Views: 6 По шест месеци, во близина на брегот на Венецуела пронајдени се остатоците од авионот во кој што бил извршниот директор на модната куќа Мисони, Виторио Мисони со својата сопруга Мауриција Кастиљони и уште еден брачен пар. Информацијата на Твитер ја потврди портпаролот на венецуелското министерство за внатрешни работи Хорхе Галиндо, без да соопшти повеќе детали за локацијата и за состојбата во која бил пронајден малиот авион. Авионот со шест патници и екипажот, исчезна во јануари оваа година по полетувањето од островот на архипелагот Лос Рокес на Карибите. Виторио Мисони,...

Continue reading

Саше Стефановски, поранешниот директор на ФЗОМ не е приведен

Post Views: 0 Поранешниот директор на ФЗОМ, охриѓанецот Сашо Стефановски не е помегу утрово приведените полициски функционери, пратеници и граѓани кои овозможиле или учествувале во насилствата на 27. април во Собранието на Р Македонија. Стефановски за ТВМ кажа дека веста за неговото приведување е дезинформација. Рано утрово, по налог на јавен обвинител, приведени се над 20 учесници поврзани со упадот и насилствата на 27-ми април во македонскиот парламент. Полицијата го привела Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР. Покрај нив, утрово биле приведени...

Continue reading

muhtar kent

Per Aspera Аd Astra

Post Views: 1 Главниот извршен директор на Coca-Cola, Мухтар Кент во 2012-та заработил 21,6 милиони долари. Тоа богатство е сочинето од неговата плата и бонусите што ги зема, а неговата чиста месечна плата изнесува 1,6 милиони долари. Но, почнал од дното. Шеесет и едногодишниот Мухтар Кент, кој е Американец со турско потекло во компанијата работи од 1978 година. Откако завршил на бизнис академија на Лондон, во Coca-Cola прво се вработил како шофер. На висока работна позиција за прв пат е именуван во 1985 година, кога е назначен за генерален менаџер на компанијата за Турција и Средна...

Continue reading

Метин Батак назначен за Генерален директор на ТАВ Македонија

Post Views: 5 ТАВ Македонија , подружница на ТАВ Аеродроми , го назначи Метин Батак за Генерален директор , ефективно од 1 октомври 2020. Алпер Ерсој ќе ја напушти позицијата на генерален директор и ќе биде назначен за генерален директор на ТАВ Грузија, компанија која управува со аеродромите Тбилиси и Батуми. „ За време на мојот мандат во ТАВ Македонија , успеавме тројно да ги зголемиме бројките на патници на двата македонски аеродрома. Заедно со нашиот извонреден тим на вработени и блиската соработка со сите чинители во авиосообраќајот, продолживме во поставувањето на македонските...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top