Ознака: директор

logo

Директорот на Џенерал моторс поднесе оставка

Post Views: 8 Извршниот директор на американската автомобилска компанија Џенерал моторс, Рик Вагонер поднел оставка по барање на претседателот на САД Барак Обама кој треба денеска да го соопшти планот за спасување на автомобилската индустрија. Со него е предвидена поголема финансиска помош под строго определени услови, објавија американските весници. „Од Вагонер беше побарано да поднесе оставка во рамки на реформи во Џенерал моторс и тој се согласи“, објави Њујорк тајмс кој цитира извор од Белата куќа. Вагонер беше директор на компанијата веќе осум години и за многумина симбол на...

Continue reading

leonardo

Леонардо суспендиран на девет месеци

Post Views: 2 Спортскиот директор на францускиот шампион ПСЖ, Леонардо, е суспендиран на девет месеци поради туркање на судијата по натпреварот со Валенсиен. Леонардо ги загуби нервите поради тоа што неговиот тим остана со играч помалку во дуелот кој заврши 1-1. Камерата го сними спортскиот директор на парижаните како на влезот во соблекувалната намерно, со рамото, го удира судијата, а дисциплинската комисија сметаше дека тоа е недозволиво и му одреди суспензија од девет месеци. {loadposition content9}

Continue reading

Oliver

„Охридско лето“ доби нов директор

Post Views: 41 Оливер Арсовски е избран за нов директор на фестивалот „Охридско лето“, на местото на досегашната директорка Елизабета Јанкуловска, на која и заврши четиригодишниот мандат. Во периодот од 2007 до 2010 година, Арсовски беше директор на Македонската опера и балет, а во два наврати, во 2014-та и 2015-та година беше уметнички директор на познатиот фестивал на забавна музика „Макфест“. Сите вљубеници во културата, годинава во периодот од 12-ти јули до 20-ти август ќе ја проследат програмата на 56-то издание на престижниот фестивал „Охридско лето“.

Continue reading

aerodrom

ТАВ Македонија: во април директна авионска линија Скопје – Женева

Post Views: 10 Скопскиот аеродром „Александар Велики”, опериран од ,,ТАВ Македонија”, се подготвува за експанзија на својата мрежа на дестинации со летовите на авиокомпанијата SWISS кон Женева. „Александар Велики” ќе биде поврзан со Женева во Швајцарија со директни летови во двете насоки од април 2015 година. Покрај Цирих и Базел, Женева ќе биде третата дестинација во оваа европска земја со која скопскиот аеродром има воздушна врска. -Ја поздравуваме одлуката на Swiss Airlines од април повторно да лета од Женева за Скопје. Ова е добра вест за нашите ценети патници,...

Continue reading

Зоран Пејкоски е нов в.д. директор на Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 2 Со решение на министерот за култура за нов вршител на должност раководител на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид назначен е Зоран Пејкоски, вработен во националната установа. Пејкоски доаѓа на местото на Стрезо Стаматовски, кој досега ја извршуваше функцијата в.д. директор. Инбаку во изминатиов период веќе беа објавени три конкурси за избор на директор на оваа национална установа, меѓутоа ниту еден од нив не беше спроведен.

Continue reading

лого

Признание за „Адора инжинеринг“ за заштита на животната средина

Post Views: 3   Градежната компанија Адора Инженеринг го доби 9-тото високо национално признание за ООП, плакета за 2013 година, во категоријатa „Заштита на животната средина“, за проектот „А класа- Еко домови за здрава и сигурна иднина“. Признанието што министерот за економија Беким Незири и го додели на д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор во компанијата, е за проектот што е дел од долгорочната стратегија за изградба на енергетски ефикасни домови во Македонија, што со примена на високи технологии, зелена архитектура и обновливи извори на енергија, на станарите им овозможуваат...

Continue reading

Лилјана Ефтимовска назначена за В.Д. директор на ООУ „Григор Прличев“

Post Views: 12 Градоначалникот Кирил Пецаков, за нов В.Д. директор на ООУ „Григор Прличев“ ја назначи Лилјана Ефтимовска, професор по историја. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Ивана Маховска Шикалеска, која поднесе оставка од позицијата. Градоначалникот Кирил Пецаков и се заблагодари за досегашниот ангажман и соработка.

Continue reading

fudbal

Фудбалерите на Охрид 2004 утре играат за да добијат плата

Post Views: 8 Фудбалерите на единствениот охридски претставник во македонската прва лига конечно ќе добијат дел од заостанатите плати. Досегашниот извршен директор на клубот си поднесе оставка како што вели тој „За доброто на клубот кој што сакам да оди напред.“ По неговата оставка, фудбалерите ја зедоа судбината во свои раце и решија да си наплатат дел од долговите кои спрема нив ги има клубот. За таа цел под мотото „Купи билет, навивај за Охрид“ ќе го одиграат утрешниот прволигашки натпревар против кичевски „Напредок“ во рамките на 11то коло од Првата македонска фудбалска лига. „Ние...

Continue reading

donacija

„Пелистерка“ донира медицински апарати во вредност од 1 милион денари

Post Views: 4 Македонската компанија „Пелистерка” денеска ја врачи донацијата од медицински апарати во вредност од околу еден милион денари наменета за три клиники во земјава. Претпријатието одлучи да помогне во работата на Универзитетска болница КАРИЛ – Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје, Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” во Битола и Клиничка болница во Тетово. Станува збор за современи мобилни медицински апарати кои се специјално дизајнирани за следење на пациентите низ различни точки од медицинската нега. Тие функционираат...

Continue reading

svp

Се враќа сјајот на СВП

Post Views: 1 Фестивалот СВП да се оддржи на достојно ниво. На тоа во иднина ќе работи новоназначениот директор на овој фестивал Мите Стефоски, мотивиран од потребата на книжевниците и љубителите на пишаниот збор, на кои всушност и им служи овој фестивал. Останаа два месеци до почетокот на СВП, и годинава нема да има некои позначајни измени, вели Стефоски. Но за два дена од неговото назначување тој веќе крои планови за реосмислување на фестивалот до година. „ Идејата ми беше да направам еден концепт на фестивалот за 21 век. Знаете има некои фестивалски содржини, кои се белези на тој...

Continue reading

Кривична за поранешен директор и секретар на „Општа болница“ Охрид

Post Views: 3 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.А.(65) и А.Н.(42) двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавените во текот на 2016-та година во својство на директор и секретар во Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Охрид, на вработен во болницата му издале решение за неплатено отсуство, а потоа донеле незаконито решение со кое претходното решение за неплатено отсуство се става вон сила, за што оштетениот не бил известен. По негово недоаѓање на работа во текот на три...

Continue reading

vmro-dpmne

Кој ќе ја наследи Надица Николовска?

Post Views: 1 Низ струшките чаршиски кулоари се погласно се коментира кој в раце ќе го земе кормилото на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ. Од околу 40 пријавени активисти на најголемата владеачка партија, деновиве на разговор кај премиерот Никола Груевски повикани биле само 5 од нив и тоа, Стефан Томаноски, Зорица Кленкоска, Гоце Божиноски, Перо Петкоски и Марко Стрезоски. Дел од посериозните кандидати за оваа атрактивна позиција се релативно млади кадрии. Конкурсот кој го распиша партијата за избор на претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, уште пред 4 месеци, следи по назначувањето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top