Штрајк во охридската Гимназија

Охридските професори не само морална поддршка, туку и реално го поддржаа штрајкот на СОНК. Од денес штрајкуваат дел од професорите во охридската гимназија. За некого овој штрајк е исполитизиран, а за некој е само начин за остварување на правата на професорите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
strajk
штрајк

Половина од професорите од охридската гимназија денес не ги одржаа часовите. Тие ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески објаснува дека наспроти гласините дека штрајкот не е најавен, тој вели дека е легитимен бидејќи тие ја испочитувале законската процедура за негово пријавување  со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката во петокот, пред назначувањето на новиот директор Звонко Трпески била доставена и потпишана од дотогашниот вршител на должноста директор на гимназијата, Вера Јовческа. Николески со објаснување зошто токму сега охридската гимназија се приклучува кон штрајкот.штрајк

За тоа пред се е виновен регионалниот СОНК кој е тотално исполитизиран и кој доцна ни ги соопштува ставовите на СОНК, а и во нашето училиште имавме една дополнителна ситуација бидејќи во тек беше изборот на новиот директор па не сакавме да вршиме некакви опструкции, а и сакавме да помине екстерното тестирање на матурантите, објаснува Николески.

Побаравме изјава и од директорот на Гимназијата Звонко Трпески кој ни рече дека е презафатен и не може да излезе пред камера. Не интересираше дали гимназијата обезбеди заменски професори за оние кои штрајкуваат. Директорот ни испрати став во писмена форма во кој се вели:

strajkУтово определена група професори доставија известување со кое ме информираа дека се приклучуваат на штрајкот организиран од СОНК.
Иако на почетокот штрајкот требаше да биде за остварување на определени синдикални права, сепак од изјавата на членот на Штрајкувачкиот Одбор, Ристо Николески, дадена за локален медиум, јасно се гледа дека зад штрајкот стои СДСМ- Охрид , што членот на штрајкувачкиот одбор јасно го истакнува. Навистина е некоректно на воспитно- образовниот процес да се ставаат политички етикети, дотолку повеќе што и самите колеги, истите кои ги убедуваа дека се Синдикат за нивните права, политички ги поделија. Апелирам до колегите кои сега веќе и јавно потврдија која е позадината на овие протести ,да се вратат на настава во интерес на нормалното одржување на воспитно образовниот процес. Како директор на ОСУ “Св. Климент Охридски” ќе ги превземам сите законски мерки коишто ми стојат на располагање се со цел учениците да не претрпат штета од оваа политички мотивирана активност.

Професорот Николески за одлуката за стапување во штрајк потенцираше дека не е политички мотивирана, туку дека станува збор само за остварување на правата на професорите. Тој смета дека и голем дел од професорите кои нема да штрајкуваат, морално ги поддржуваат штрајкувачите.

Ги отфрлам сите шпекулации дека овој штрајк има политичка конотација. Јас лично за мене ќе кажам дека не сум ниту комуњар ниту соросоид како што сака некој да ме прикаже, а и како што власта сака да го етикетира штрајкот во Гимназијата а со тоа да купи ситни политички поени искажувајќи наводно некакво македонско патриотско чуство, вели Ноколески.

Останува да видиме како ќе се одвива штрајкот во охридската гимназија. Инаку, Николески најави дека доколку до среда не се постигне некаков договор помеѓу СОНК, Владата на РМ и ресорното министерство, в петок ќе се организира централен  протест пред Влада.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top