• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Новиот директор на гимназијата денес со известување до учениците дека во понеделник ќе има редовна настава

Новиот директор на гимназијата денес со известување до учениците дека во понеделник ќе има редовна настава

Директорот Звонко Трпески вели дека до него, не била пристигната ниту една изјава од професор од гимназијата, дека се приклучува на штрајкот на СОНК.

 |  Мишел Наумоски  | 
gimnazija nastava
гимназија настава

Новиот директор на охридската гимназија, Звонко Трпески, со известување до учениците дека во понеделник треба да дојдат на редовна настава. Директорот Трпески, кој на функцијата беше назначен вчера попладне, за најавите за штрајк во гимназијата вели дека сеуште не добил никаква потврда од професорите кои велат дека ќе штрајкуваат во понеделник.

Zvonko Trpeski direktor gimnazija„До мене како директор на охридската гимназија, не е пристигната никаква лична изјава од никој колега или професор што е законска обврска во врска со најавениот штрајк, односно прекин на наставниот процес. Од тие причини ги известувам учениците дека понеделник наставата ќе се одвива најредовно според претходно утврдениот распоред на часови и уште еднаш апелирам учениците да си дојдат во понеделник на редовна настава.“-вели директорот на ОСУ „Св.Климент Охридски“, Звонко Трпески.

На тврдењето на штрајкувачкиот одбор од гимназијата дека тие имаат потпишана и архивирана одлука за штрајк од страна на вршителот на должноста директор на гимназијата, Вера Јовческа,Трпески со одговор:

„Тоа е така, за овој коментар треба да се обратите кај претседателот на синдикатот и на таканаречениот штрајкувачки одбор. Пред се моите сознанија се дека тие не се репрезентативна група на синдикатот, ниту на колективот, ако се 7-8 или 5-6 души таму декларирани, ќе постапиме според законската обврска. Мораме да обезбедиме да се одвива наставата без прекин во интерес на учениците.“-рече тој.

Трпески потенцира дека доколку во понеделник добие лична изјава за пристапување кон штрајк од некој од професорите, ќе бидат обезбедени услови за непречено одвивање на наставата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top