Ознака: директор

Biblioteka

Фрчат огласи за вработувања во културата

Post Views: 0 Неколку градски институции од областа на културата објавија конкурс за нови вработувања, а некои пак чекаат да се решат назначувањата по нивното истекување. Така националната установа библиотеката „Григор Прличев“ има распишано оглас за три нови вработувања. Библиотеката објави оглас за поплнување на три позиции книговезец, хаус мајстор и еден библиотекар за издавање книги. Иако нејзиниот директор Тоде Илиески при неодамнешното гостување на ТВМ изјави дека библиотеката мака мачи со просторниотпроблем од 270 метри квадратни, и според сегашните стандарди  со 10-те  вработени...

Continue reading

NU Ohridsko leto

Предлог програмата готова, селекторите чекаат пари

Post Views: 13 И додека министерот го  објави името на новиот директор на Фестивалот, подготовките околу неговата подготовка течат непречено, изјавува за ТВМ, неговиот музички селектор Гордана Јосифоска Неделкоска. „Предлог програмата е готова, сега чекаме од дирекцијата на Фестивалот на селекторите да им се даде буџет со кој ќе располагаме. Од буџетот зависи и со кои имиња ќе преговараме за  настап на фетсивалот.  Преговорите со големите музички имиња се долгорочен процес, тие не се добиваат од денес за утре“, вели Јосифоска.  Инаку, Фестивалот Охридско лето е со долгогодишна традиција...

Continue reading

Одбележан 80-тиот роденден на писателот Видое Видически

Post Views: 16 По тој повод Локалната самоуправа од Охрид и Медитеранската академија „ Браќа Миладиновци “ од Струга организираа заедничко чествување на неговиот јубилеј. Роденденски подарок од Локалната самоуправа од Охрид и Медитеранската академија      „ Браќа Миладиновци “  од Струга, за охридскиот писател и општествено-политичкиот работник Видое Видически е најновиот избор од поезијата  со наслов „Билје крај езерото“. Охридскиот градоначалник Александар Петрески по повод одбележувањето  80-ти роденден на Видое Видически  истакна дека денешниот скромен гест е најмалку што може...

Continue reading

Ohridsko leto

Охридско лето премина во Национална установа

Post Views: 3 Фестивалот Охридски лето премина во национална  установа. Со најновите измени на стутот на оваа институција охриѓани, конечно  ќе добијат побогат културен живот. Фестивалските манифестации ќе се одржуваат  во текот на 365, а не  како досега само во 40 дена фестивалско живеење. Се предвидуваат низа можности, покрај организирање на фестивалот, се предвидени копродукции на филмски и театарски престави, печатење и издавање книги и весници, репродукции, угостителси услуги, арт кафе, продажба на сувенири, организирање на меѓународни саеми, конгреси и семинари посебно на фестивалските...

Continue reading

Ohridsko leto logo

Министерката за култура се дума за директор на Охридско лето

Post Views: 17 Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска од вчера размислува кој ќе биде новиот директор на Фестивалот Охридско лето. По скоро еден месец од завршувањето на конкурсот министерката конечно најде време да одржи интревју со пријавените кандидати за оваа директорска позиција. За секој кандидат биле предвидени 15 минути разговор. По враќањето од Скопје ТВМ контактираше со дел од охридските кандидатите. Тие истакнаа дека интервјуто протекло во коректна и пријатна атмосфера , каде што министерката посветила максимална внимание за нивните понудени програми.Сега...

Continue reading

dr

Заврши конкурсот за избор на директори во охридските болници

Post Views: 1 Според Mинистерството за здравство, овој избор се спроведува во сите здравствени установи во земјата, како резултат на престанување на постоење на економските директори, бидејќи  двојното менаџирање се покажа  како финансиски неоправдано. Здраваствениот совет, по предлог на министерот за здравство ќе ги разгледа и утврди најдобрите кандидати. Како што дознаваме, за функцијата директор на Општа болница Охрид се пријавиле двајца кандидати. Покрај  актуелниот ВД директор Љубен Арнаудов се пријавил и неговиот колега гинекологот Д-р Боро Петрески. На конкурсот за избор...

Continue reading

Охрид

Рекетари го собраа кајмакот од овогодинешната туристичка сезона

Post Views: 10 „Туристите не можат да стигнат до нашите агенции поради дивите туристички агенции и дивите чекачи“, тврди сопственичката на Туристичката агенција Визија, Валентира Достиноска. „ Често пати дилери доаѓаат и ни ги земаат туристите  буквално од пред агенции, а за тоа од нас бараат провизија. Tаксисти ќе ми се јават, бараат сместување, ги носи кај нас и бара 10 % провизија. Годинава дојдовме до ситуација таксисти од Скопје да го работат Охрид, со клучевите на појас“, вели Достиновска.   „Оваа појава на која никој не се дрзнува да и стави крај не загрижува, поради фактот...

Continue reading

Kanceska Milevska

Канческа Милеска : Директорот на Охридско лето треба да биде менаџер

Post Views: 6 Новиот директор на Охридско лето треба да задоволува два многу значајни критериуми, добро да ја познава културата и самиот фестивал, но и да има менаџерски способности, тврди Министерката за култура на Р Македонија, Елизабета Канческа Милеска.  Таа ги побива шпекулациите дека избраниот кандидат за менаџер на оваа културна манифестација ќе биде партиски војник на ВМРО ДПМНЕ. „Националната Установа Охридско лето е белег не само на Охрид туку и на Р Македонија. Поради тоа бараме сите кандидати да подготват четиригодишна програма за развојот на оваа манифестација“, вели...

Continue reading

gradinka

Статутот мора да се почитува

Post Views: 11 Охридската детска градинка Јасна Ристеска не работи согласно Статутот, дециден Владо Суклоски. Најновите случувања во оваа установа не можат рамнодушно да се прифатат вели Суклоски, член на У.О. на градинката, претставник на Министерството за труд и социјална политика. Тој изјави дека соработниците по образование на градоначалникот време е да погледнат во статутот бидејќи според Суклоски, Статутот  е правен документ донесен врз основа на законот и потврден од управниот суд и секое негово прекршување е индиректно кршење на законот. Суклоски вели дека посебно претседателот...

Continue reading

gradinka

Градоначалникот избра В.Д. за градинката

Post Views: 2 Како што веќе ве информиравме постапката за избор на прв човек на градинката закочи уште на самиот старт. Очекувано беше градинката некое време да остане без директор, според изјавите на дел од членовите на Управниот Одбор на оваа установа. Владо Суклоски на 11 септември годинава во изјава за ТВМ како член на У.О. поточно како претставник од министерството за труд и социјална политика посочи низа прекршувања на статутот на градинката. И овој пат Суклоски, со назначувањето на Вршителот на должност на охридската градинка Марина Петроска Тодороска, смета дека градоначалникот...

Continue reading

gradinka Jasna Risteska

Доцни постапката за директор во градинката

Post Views: 11 Изборот на нов директор во ЈДУ „Јасна Ристеска“ кочи. Како што досега се одвиваат работите не е исклучена можноста оваа установа некое време да остане и без директор. Познато е дека на 15 ти овој месец истекува рокот на сегашната директорка Марина Петреска Тодороска. Како што ТВМ веќе информираше за оваа позиција доставени се 5 апликации на кандидати. Покрај актуелната директорка, на списокот се Ариф Коку, Вера Дукоска, Мери Рилкова, Роза Костоска, сите воспитувачки во оваа установа. Според претставникот на Министерството за труд и социјална политика Владо Суклоски,...

Continue reading

Ohridsko leto

Дали ќе има смена на првиот човек на „Охридско лето“?

Post Views: 0 Гласините кои деновиве проструија низ охридската јавност дека се подготвува смена на првиот човек на Националната Установа Фестивалот „Охридско лето“, се чиста шпекулација, вели директорот Тони Симоноски. Напротив, додава дека привршуваат подготовките за уште едно успешно издание. Споменуваната алтернатива за директорското место, Зоран Велјаноски – Летра, е чиста невистина, дознава ТВМ од високи партиски функционери. Но, истите потврдуваат дека Министерството ја анализира досегашната работа на Симоноски и неизвесно е дали ќе следува негова смена. {loadposition...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top