Фрчат огласи за вработувања во културата

Неколку градски институции од областа на културата објавија конкурс за нови вработувања, а некои пак чекаат да се решат назначувањата по нивното истекување. Така националната установа библиотеката „Григор Прличев“ има распишано оглас за три нови вработувања.

 |  Валентина Нелоска  | 
Biblioteka
Библиотека

BibliotekaНеколку градски институции од областа на културата објавија конкурс за нови вработувања, а некои пак чекаат да се решат назначувањата по нивното истекување. Така националната установа библиотеката „Григор Прличев“ има распишано оглас за три нови вработувања. Библиотеката објави оглас за поплнување на три позиции книговезец, хаус мајстор и еден библиотекар за издавање книги. Иако нејзиниот директор Тоде Илиески при неодамнешното гостување на ТВМ изјави дека библиотеката мака мачи со просторниотпроблем од 270 метри квадратни, и според сегашните стандарди  со 10-те  вработени има превработеност, одеднаш осамна оглас за дополнителни вработувања. Директорот Илиески не беше достапен за коментар да ја објасни дали овие  вработувања се реална или партиска потреба бидејќи е на службен пат во Бугарија. И директорката на Центарот за култура Драгана Боцевска е не службен пат со нејиниот колега од библиотеката  па не можевме да дознаеме како заврши конкурсот од 10 февруари. Со него Центарот бараше едно вработување за  координатор на едукативна и сценско уметничка дејност. И додека се бара уметнички координатор, и по еден месец од најавите за избор на директор на градскиот театар, оглас сеуште нема.

NU Ohridsko letoОд друга страна скоро пола година се одолговлекува конкурсот за избор на директор на Фестивалот „Охридско лето“. Иако постои в.д директор на фестивалот, селекторот на фестивалот Гордана Јосифоска Неделкоска во дадената изјава пред еден месец, кажа дека квалитетот на 51 –то фестивалско издание сепак зависи од  менаџерот кој треба да биде именуван на оваа институција. Менаџерот треба да  го потпише буџетот па според него треба да се направи програмата кои уметници ќе настапуваат на Охридско лето.

Од Министерството за култура пак упорно одбиваат да кажат кои и колку кандидати се пријавиле на последниот оглас за директорската фотелја во Охридско лето. Повторуваат само дека се задоволни од пристигнатите кандидатури. Јавноста пак се прашува дали во ова нема тактизирање при изборот на директор. Се наметнуваат и прашањата дали во овој момент сите овие вработувања во институциите од областа на културтата се реална или партиска потреба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top