Ознака: дивоградби

Донев: СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески виновни за инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби во Охрид

Post Views: 10 Сашо Донев, Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на денешната прес-конференција со обвини в.д Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески како и СДСМ за за инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби во Охрид. На листата спорни објекти се најдоа неколку кружни крстосници и релоцираната автобуска постојка кај пекарата „Мартина“. „Објектот кружна раскрсница пред медицински центар Охрид кој е веќе постоечки 12 години не е нова градба, па дали градежните активности се извршуваат согласно одобрение за реконструкција? Дали постои...

Continue reading

Oхрид е на врвот на листата општини со најголем број дивоградби во земјава

Post Views: 1 Охрид е на самиот врв по дивоградби во земјава. Втора година по ред е на врвот на листата според бројот на бесправно изградени објекти. Минатата година статистичките податоци на Државниот завод за статистика покажале дека биле регистрирани 68 дивоградби. Општина Охрид признава дека има сериозен проблем со нелегалените градби, а тоа се случува заради пропаѓањето на тендерите за избор на фирма која ќе ги руши бесправно изградените објекти. Со години наназад никој не сака да се пријави за да ги одстрани дивоградбите, подвлекува охридскиот градоначалник Јован Стојаноски. „Не...

Continue reading

divogradbi

Рокот за легализација на дивоградби се пролонгира до 2015-та година

Post Views: 38 Со измените во Законот за легализација на бесправни градби рокот за поднесување на документите повторно се пролонгира, овој пат до декември 2015 година. Образложението на Министерството за транспорт и врски за ваквите измени е да им се излезе вo пресрет на граѓаните. До пред повеќе од една година Министерството тврдеше дека нема да дозволи пролонгирање на роковите и дека граѓаните кои нема да ги легализирааат дивоградбите ќе бидат казнети. „Измените се прават имајќи предвид дека добар број граѓани кои имаат поднесено барање за легализирање дивоградби не можеле да поднесат...

Continue reading

Истекува рокот за легализација на дивоградби

Post Views: 4   Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси. Досега до сервисот на Локланата самоуправа поднесени се 936 барања. Секојдневно се доставуваат по десетина, кажува портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски. Но, само оние објекти кои се изградени до 3ти март 2013та година можат да се легализираат. Се останато нема право да биде легализирано, објаснува Џамтоски. Тој додава дека охриѓани брзаат да го запазат рокот кој го даде Владата на РМ, а тоа е 31 март. Сеуште службите не се започнати со решавање на предметите кои се веќе стигнати...

Continue reading

oteks

Панчевски: Законот за легализација на дивоградби-надеж за акционерите во Отекс дека ќе дојдат до својот капитал

Post Views: 27 Капитал во вредност од 12 милиони евра е тековната состојба во акционерското друштво “Отекс”, охридскиот конфекциски гигант кој сеуште постои како фирма, но нема органи на управа, според адвокатот на акционерите, Игнат Панчевски. На состанокот кој тој го одржа со сите засегнати акционери кои се обидуваат да дознаат што се случува со капиталот, односно акциите кои тие ги поседуваат во некогашниот гигант, тие беа информирани за моменталната состојба која Панчевски ја открил, а врз основа на податоци за кои тој вели дека се добиени од Централниот регистар....

Continue reading

carsija

Дуќаните дивоградби работат, а инспекторите не можат да се договорат кој да го споведе законот за Охрид

Post Views: 2 Сеуште нема епилог за двата градежни зафати во охридската чаршија, за кои надлежните од Завод и музеј се изјаснија дека се дивоградби. За нелегалната градба кај Али пашината џамија, како и за нелегалните зафати на излогот  на еден од дуќаните во Амамот, ТВМ информираше пред повеќе од еден месец. Во меѓувреме инвеститорите на двете локации ги завршија започнатите градби. На некои од дуќаните кај Али пашината џамија дури се поставени и реклами и истакнати се фирмите кои работат во нив.  По долгите телефонски разговори и барање официјален став од директорката на Државниот...

Continue reading

Законот за дивоградби повторно се враќа во Собрание

Post Views: 8 Законот за бесправно изградени објекти на 8 јуни треба да се најде на собраниска седница. Претседателот на Собранието, Талат Џафери најавува дека веќе на наредната седница овој закон повторно ќе се најде пред пратениците, бидејќи негова деловничка обврска е да го врати на дневен ред во трето читање во рок од 30 дена од неговото донесување. „На 11 мај е изгласан, најдоцна на 11 јуни треба да се најде на седница. На 8 јуни ќе се најде на дневен ред“, вели Џафери. Законот нема да се враќа во Комисијата за транспорт и врски, туку ќе оди директно на пленарна седница. Според...

Continue reading

Георгиески: Акцијата продолжува, нема селективност во уривањето дивоградби на плажите

Post Views: 4 До средината на јуни ќе заврши уривањето на дивоградбите на охридските плажи Продолжува уривањето на дивоградбите на брегот на Охридското езеро. И Македонија пат  се вклучува во акцијата.  Со одлука на Владата, јавното претпијатие  задолжено е  да ја стави својата механизација на располагање на општина Охрид за отстранување на дивоизградените објекти и уредување на плажите на брегот на езерото. Општината обезбеди дополнителни 3 милиони денари за уредување на плажите и се очекува тие да бидат комплетно исчистени до средината на јуни. „Нема селективно уредување на дивоградбите....

Continue reading

Времено се прекинуваат постапките за легализација дивоградби во заштитеното подрачје

Post Views: 3 Советниците на денешната 57 ма седница го изгласаа начинот за спроведување на постојните урбанистичко плански документации, изменување и дополнување на постојните и донесувањето нови ДУП. Сите урбанистички планови и плански документации ќе бидат усогласени и ќе се спроведуваат согласно  со  Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион (2020-2029). Со  22 гласа „ЗА “  советот изгласа времено прекинување на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти во крајбрежен појас на Охридско Езеро дефиниран со...

Continue reading

GRADBA

Охридскиот градоначалник е против конфискација

Post Views: 1 Охридскиот градоначалник, Александар Петрески е против конфискација на објектите и земјиштето на дивоградбите, предвидени со Законот за градба кој е на сила од почетокот на оваа година. Досега, оваа мерка не е примената во ниту една општина во земјава, вклучувјаќи го и Охрид, вели началникот на Секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов.Конфискацијата  е многу тешка мерка и истата не ќе може да се спроведе. Може да има целосно изграден бесправен објект, но изграден на сопствено трансформирано земјиште и конфискацијата  на земјиштето не може да се изврши,...

Continue reading

divogradbi

Дивоградбите ќе се рушат но списокот се намалува

Post Views: 1 Локалната не се откажува од рушењето на дивоградбите во Охрид. Акцијата само се пролонгира поради лошото време, вели градоначалникот Александар Петрески. Тој додаде дека се чека и стапувањето на сила на законот за легализација, за да се спаси и не се руши се што може да се легализира. Во стариот дел од Охрид ќе се рушат 20-тина дивоградби, затоа што тие никако не можат да се легализираат, вели градоначалникот Александар Петрески. Се она што може да се вклопи, нема да се руши, дециден е Петрески.Списокот со дивоградби инспекторите одамна го имаат изготвено, се чека потопло...

Continue reading

potkrovlje

Пуштени 70-тина решенија за рушење

Post Views: 0 Сопствениците на дивоградби добија решенија за рушење на бесправно изградените објекти. Општинскиот инспекторат сеуште не ја знае точната бројка на објекти кои треба де бидат срушени. Списоците постојано се надополнуваат. Дивоградбите во Охрид, дефинитивно ќе се рушат.По помпезните најави дека во градов ќе се урива се што е диво, деновиве од општинскиот инспекторат почнаа да ги инфирмираат сопствениците на дивите градби за нивната акција. Раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танаскоски, најави дека веќе три недели се изготвуваат списоците за градбите и поткровјата, ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top