• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Донев: СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески виновни за инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби во Охрид

Донев: СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески виновни за инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби во Охрид

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Сашо Донев ги обвини СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески за инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби во Охрид.

 |   | 

Сашо Донев, Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на денешната прес-конференција со обвини в.д Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески како и СДСМ за за инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби во Охрид. На листата спорни објекти се најдоа неколку кружни крстосници и релоцираната автобуска постојка кај пекарата „Мартина“.

„Објектот кружна раскрсница пред медицински центар Охрид кој е веќе постоечки 12 години не е нова градба, па дали градежните активности се извршуваат согласно одобрение за реконструкција? Дали постои одобрение за реконструкција потпишано од Општината со претходно прибавени согласности од МВР?0,40 (лепи) 01,42„Дали реконструираните сообраќајни острови се согласно проектот и дали островото пред Маркет „Випс“ нема да е црна точка на тој дел? На крај, дали имате ревизија на проект и кој е тој, и дали имате надзор на изведба и која фирма и овластен надзор е тоа?“ посочи Сашо Донев – претседател на О.К. ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

На прес конференцијата Донев упати прашање и за тоа дали релоцираната автобуска постојка кај пекара „Мартина” има одобрение, односно дали тоа место е предвидено во годишната програма за урбана опрема? Стана збор и за извршената реконструкција на кружната раскрсница на улица „Бистрица”. Донев со прашање за тоа по која техничка документација е извршена реконструкција на кружната раскрсница?

„Постои ли заверен и одобрен проект со согласност од МВР изготвен од проектант согласно аналитика на МВР? Дали претставува кружна раскрсница од ризичен тип односно со незгоди од повисоко ниво, па е потребна нејзина реконструкција или желба на поединци? Изведбата на лице место дали е согласно одобрениот проект за реконструкција или ако не е, тогаш зошто е тоа така?“, праша Сашо Донев – претседател на О.К. ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

За крај Донев праша кој ќе ја сноси одговорноста во однос на штетата на поединци, доколку во иднина се случат сообраќајни незгоди со одредени штети на оваа кружна раскрсница, а општината како изведувач на градба и реконструкција нема соодветна документација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top