Охридскиот градоначалник е против конфискација

Охридскиот градоначалник, Александар Петрески е против конфискација на објектите и земјиштето на дивоградбите, предвидени со Законот за градба кој е на сила од почетокот на оваа година. Досега, оваа мерка не е примената во ниту една општина во земјава, вклучувјаќи го и Охрид, вели началникот на Секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов.

 |  Валентина Неловска  | 
GRADBA
ГРАДБА

GRADBAОхридскиот градоначалник, Александар Петрески е против конфискација на објектите и земјиштето на дивоградбите, предвидени со Законот за градба кој е на сила од почетокот на оваа година. Досега, оваа мерка не е примената во ниту една општина во земјава, вклучувјаќи го и Охрид, вели началникот на Секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов.
Конфискацијата  е многу тешка мерка и истата не ќе може да се спроведе. Може да има целосно изграден бесправен објект, но изграден на сопствено трансформирано земјиште и конфискацијата  на земјиштето не може да се изврши, вели Арнаудов.
Од Секторот за урбанизам и просторно планирање  потенцираат дека во Охрид  нема класични дивоградби. Во споредба со Гостивар, Тетово и Скопје, во Охрид грaдби без докумeнтација нема.
Но, со преземање на надлежностите од централно на локално ниво, има наследени 1200 објекти со нелегално изградени поткровја, еркери, балкони и  гаражи.
Иако со Кривичниот Законик е опфатена бесправната градба на објекти и според него оној што гради може да заработи казна затвор и до 4 години, локалната самоуправа веќе доставила до ресорното министерство сугестии и мислења за измени на Законот за градба. Постапката за измени и дополнувања на овој Закон е во тек.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top