Ознака: дечињата

gradinka

Оваа недела сите дечиња ќе одат во централната градинка

Post Views: 3 Драстично намалениот број на деца кои ги користат услугите на детската градинка, ги примора надлежните во функција да го остават само централниот објект на „Јасна Ристеска“. Студеното време, зимскиот распуст, но и поврзувањето на слободните денови за празниците од страна на родителите, драстично го намали бројот на дечињата кои ги користат услугите на детската градинка „Јасна Ристеска“. Розе Костоска директорката  на градинката информира дека  централниот објект ќе работи на 5-ти 8-ми и 9-ти јануари, додека објектите „Лихнида“ и „Развигорче“ се очекува да почнат со...

Continue reading

gradinka pregledi

Дечињата од градинката „Развигорче“ учеа како правилно да се грижат за своето орално здравје

Post Views: 9 Најмалите, дечињата од градинката „Развигорче“ денес учеа како правилно да се грижат за своето орално здравје и како правилно да ги четкаат запчињата. Тие добија вистинско стоматолошко искуство. Си седеа на столче и беа мирни додека двата тима стоматолози од ординациите „Денториа“ и „Д-р Сашо Стоев“ им ги прегледуваа запчињата. Оваа акција е во организација на Лајонс клубот „Охрид“ и овие две ординации кои исто така се членови на лајонсите. „Потпомогнати сме од Лакалут, Денториа и д-р Сашо Стоев, двете ординации, сите доктори ни се тука, еве видовте вие и практично како...

Continue reading

gradinka

Четкањето на заби се учи од мала возраст

Post Views: 12   Едукација за правилно четкање на заби денес се одржа во детската градинка Јасна Ристеска. Познати стоматолози од ординациите Денторија и Сашо Стоев на дечињата им предочија што треба да јадат за забите помалку да им се расипуваат, како правилно да ги четкаат запчињата и на крај им поделија пакет подароци. Проектот е поддржан од Лајонс клубот Охрид, а планираме да продолжи и во наредните години, истакна др Ертан Омеров од стоматолошката ординација Денторија. Тој додаде дека децата одлично соработувале со нив, а тие запишале колку има млечни, расипани и трајни заби...

Continue reading

прирачник

„Ѕвони ѕвон за бон тон“ за културни и воспитани дечиња

Post Views: 1 Децата од најмала возраст треба да се воспитуваат на правилно однесување. Културно поздравување, почитување на другарчињата и возрасните, однесување во кино, театар, на гости, подарување и позајмување, ова се само дел од содржините поместени во прирачникот за бон тон кој денес беше промовиран пред дечињата, родителите и воспитувачите во градинката Јасна Ристеска. Ели Маказлиева, авторката на едукативниот прирачник насловен Ѕвони Ѕвон за Бон Тон вели дека идејата потекнала од директорката на градинката Роза Костеска која воедно е и коавтор. “Бидејќи јас сум автор...

Continue reading

gradinka

Дечињата во градинките низ државава ќе учат охридски бон-тон

Post Views: 28 Дечињата во градинките низ државава ќе учат охридски бон-тон. Градинката „Јасна Ристеска“ израборила проект во кој е опфатено изучувањето на бон-тонот кај најмладата популација со кој аплицирала до Министерството за труд и социјална политика. Проектот не само што бил прифатен туку министерството решило да биде интегриран во програмата  што треба да се работи во текот на целата година во предучилишните установи. Во тек е изработката на прирачник по бон-тон. Целта е да се збогати однесувањето на децата во секоја ситуација и се надеваме дека ќе постигнеме добри резултатаи...

Continue reading

gradinka

Предшколската установа „Јасна Ристеска“ подготвено ќе ја дочека зимата

Post Views: 2 Предшколската установа „Јасна Ристеска“ подготвено ќе ја дочека зимата и ниските температури кои се очекуваат. Градинката навреме набавила нафта , во три објекти сменета е дограмата се со цел да има поефикасно греење, а во „Росица“ по пат на донација добиле две печки со пелети така што проблемот со греењето и во овој објект е решен. Во моментов се врши и ремонт на парните котли, па директорката на оваа установа, Роза Костоска вели дека нема причина за никаква загриженост кај родителите. Се додека служат временските услови објектите на градинката ќе се загреваат со клима...

Continue reading

gradinka

Костеска: Да не се врши притисок за упис на децата во охридската градинка

Post Views: 4 Стартот на учебната година напорен во охридската детска градинка „Јасна Ристеска“. Капацитетите на установата максимално дури двојно повеќе се исполнети, односно во моментов запишани се 780 деца а 130 чекаат. Директорката на јавната општинска установа Розе Костеска го потврди зголемениот интерес за упис во оваа учебна година, посебно огромниот интерес од страна на родителите нивните деца да бидат згрижени и восапитувани во централниот објек . Па оттука Костеска категорична, адресата на живеење е адреса за влез во кој објект ќе бидат запишани нивните деца, и апелира,...

Continue reading

gradinka

Донација детски прекривки за три јавни охридски установи

Post Views: 1 Нови прекривки за дечињата од детската градинка „Јасна Ристеска“, и дечињата при детските одделенија во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ и „Општата болница“ од Охрид. Општествено одговорната компанија „Комфи Ангел“ од Прилеп донираше 400 нови детски јорганчиња кои се и повеќе од добредојдени за овие три јавни установи. „Токму го пополнува недостатокот на она што имавме потреба, односно да ги смениме старите ќебенца кои што досега ги користевме, а ја продолжуваме соработката со Црвениот крст која континуирано сиве овие години ја имавме,...

Continue reading

letnik

Децата во градинката Росица го одбележаа Летник

Post Views: 4 Дечињата згрижени во детската градинка Росица со песна на сите јазици од етничките заедници го одбележаа Летник.  Празникот се одбележа весело со песна и со  подарување на мартинки и  варена пченка. Преку  приредба децата  од сите етникуми кои се згрижени во овој објект прикажаа  дел од обичаите кои се карактеристични за денот Летник. Според  верувањето овој ден  е почеток на новата година или крај на зимата и почеток на летото. Се верувало дека мартинките симболизираат среќен живот и здравје заштита од штетници. Полната трпеза – значи богатство на трпезата преку целата...

Continue reading

grom donacija

Децата со посебни потреби од „Доброљубие“, добија новогодишни пакетчиња од ГРОМ

Post Views: 2 Младите и Унија на жени од Гром, денес ги посетија децата со посебни потреби, кои се згрижени во Дневниот центар Доброљубие во просториите на Црквата Св Ѓоргија Охрид. Како што наближуваат новогодишните и Божиќните празници кај секој од нас се буди желба за дарување и дружење, вели Ивана Кикеска од Унијата на жени.  Додава дека дечињата имаат скромни желби, посакуваат само топла насмевка и малку внимание, а за возврат даваат безусловна љубов и благодарност. Со денешнва акција сакаме да ја поткрепиме и поттикнеме мислата на дечињата дека празниците се денови кога се случуваат...

Continue reading

gradinka igracki

Празнична донаторска еуфорија во Охрид

Post Views: 2 Вистинска празнична донаторска еуфорија го зафати нашиот град. И денес продолжија хуманите активности, а тоа искрено го почувствуваа најмалите охриѓанчиња. Охридскиот бизнисмен, Љупчо Настоски, уште еднаш ја покажа својата хуманост. Овој пат донираше во детското одделение при Општата болница во Охрид. „Донираме за детското одделение, тоа што им е потребно. Не ми е прва донација, детсково одделение имаше потреба од пижами и од постелнини. Хуманоста е доблест за секој човек, а оваа идеја се роди баш на христијанскиот празник Свети Никола каде бев со дел од вработените...

Continue reading

градинка

Дечињата од градинката Јасна Ристеска денес се засладија со колачињата од фирмата Вија Пром

Post Views: 6 Предновогодишната еуфорија наголемо се чуствува во градинаката Јасна Ристеска. Насмеани и разиграни дечиња со нетрпение чекаат Дедо Мраз да им донесе подароци и да им ги исполни желбите. Денес децата добија подароци и од фирмата Вија Пром која се занимава со производство на слатки и колачи и тоа наменети за странски пазар. Ова е за прв пат слатките задоволства да ги пробаат охриѓанчињата. Директорката Розе Костоска го поздрави ваквиот гест и ги охрабри и останатите фирми кои се во можност да ги израдуваат дечињата. Taa вели дека до крајов на неделава очекуваат уште една...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top