Ознака: дечињата

Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња на дечињата од најранливата категорија

Post Views: 4 Предновогодишна забава и подароци беа органзирани за најмладите Охриѓанчиња од ранливата категорија сограѓани. Децата и нивните придружници имаа заеднички ручек со градоначалникот Константин Георгиески, кој им упати желби за среќа во новата година. „Сите сте значаен сегмент на нашето општество, а ние сме тука да креираме можности за подобар живот и надминување на социјалните разлики помеѓу сите граѓани. Општината тековно организира од програмата за социјална заштита со цел за подобро утро на сите“, кажа во своето обраќање градоначалникот Георгиески. Најмалите Охриѓанчиња...

Continue reading

logo

ОУ „Дебрца“ – училиште со визија

Post Views: 5 Прва хуманитарна акција на дечињата од ОУ „Дебрца“ од с.Белчишта. Акцијата е насловена како „Учениците даруваат, учениците спасуваат! Придружи се и ти!“ Хуманитарната акција е организирана во соработка со општина Дебрца и Црвен крст Охрид, а ќе се одржи во с.Требеништа, во четврток, 15ти мај, со почеток во 11 часот. {loadposition content9}

Continue reading

ДЕЧИЊАТА ОД ЈОУДГ „ЈАСНА РИСТЕСКА “ ГО ПРЕЧЕКАА ДЕДО МРАЗ НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

Post Views: 7 Видно возбудени, со широки насмевки на лицата, 260 деца згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, денеска го пречекаа дедо мраз кој слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Најсаканиот дедо на Светот ги дарува дечињата со пригодни подароци и им посака среќа и весело детство во новата година. Пакетчињата за најмладите ги обезбеди општина Охрид, којашто заедно со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ е организатор на настанот , а со поддршка на ТАВ Македонија и АД „Галеб“ коешто обезбеди превоз на дечињата до аеродром.

Continue reading

dime spasov

Дечињата од социјално ранливите категории заминаа на летување

Post Views: 1 На бесплатен одмор во детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга, денеска заминаа 100 дечиња од социјално ранливи категории. Првата група на деца кои ќе ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација ја испрати министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој истакна дека преку овој проект сака да им помогне и на родителите и на дечињата од социјално ранливите категории. Првата група на дечиња заминува на летување денеска, а на секои 7 дена  ќе заминува нова со од 100 до 200 дечиња.За овој проект Министерството за труд и социјална политика издвојува...

Continue reading

Предвелигденско изненадување за дечињата од градинката во Лескоец

Post Views: 5 Нови патики лизгалка, кукли и автомобили добија дечињата од градинката во село Лескоец. Тие со нескриена радост ги прифатија подароците и со една детска искреност се заблагодарија на овој убав гест.Овие подароци се обезбедени благодарение на група граѓани кои сакаа на ваков начин да им ги разубават велигденските празници на најмладите. Иницијаторот на оваа акција Горан Топалоски кажува дека нема некоја посебна причина зошто ја избрале токму градинката во Лескоец за да направат еден ваков гест, но додава дека во очи на големиот христијански празник Велигден сакале да...

Continue reading

Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата

Post Views: 0   Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата од три до шест годишна возраст. Овај проект се спроведува во соработка со Министерството за труд и социјална политика, а потребата за вакви прегледи се јавила од фактот што се поголем процент од децата уште во најмала возраст имаат проблеми со видот. После 16 ти февруари треба точно да се определи во кои денови ќе се вршат прегледите за да можат родителите да донесат здравствени книшки, но и да ги подготват своите деца доколку кај нив се воочи некаков проблем. И за возрасните носењето...

Continue reading

Завршен хепенинг на дечињата од Јасна Ристеска

Post Views: 2 Не постои поубаво чувство од искрена детска насмевка. Дечињата од Охридската градинка „Јасна Ристеска“ и годинава на градскиот плоштад се забавуваа, пееја, играа. Малите Дедо Мразовци, принцезата Елса, самовили, срнички, беа најчестите ликови кои ова пладне можеше да ги регистрира нашата камера. Неколку нивни слатки зборови и  инсерти навистина ќе ви ги стоплат срцата. Денешниот ден е посветен на среќата , радоста и убавината, вели директорката Розе Костеска. И таа денес заедно со сите дечиња учествуваше на завршниот хепенинг.  „Како што доаѓа од година во година желбите...

Continue reading

Подароци и позитивна енергија за дечињата во болницата „Св. Еразмо“

Post Views: 8   Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” во рамки на одделението за детска ортопедија функционира оддел , единствен од таков вид во Македонија, за рехабилитација на деца со рани пречки во развојот. За празникот Св Никола, посветен на светецот кој во христијанството важи за заштитник на морепловците но и на децата, женскиот Лајонс клуб „Деница“ ги посети дечињата во овој болнички оддел. Со дружење и новогодишни пакетчиња дениците се обидоа барем на кратко да им го разубават секојдневието на децата кои престојуваат таму. Во тоа...

Continue reading

patronat

Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ со прекрасни кореографии, песни и танц го одбележаа својот патронат

Post Views: 0 Песни, танц, игри, кореографии, се во знакот на татковината…Црвената и жолатата боја буквално го обоија теренот во спортската сала „Билјанини Извори“, а сите родители, претставници од јавни претпријатија, политичари, граѓани можеа да уживаат во колоритната претстава на малите дечиња. 250 на број, дечињата и самите уживаа во претставата која тие ја приредија, а која никого во публиката не остави рамнодушен. Со свој придонес во големата свеченост учествуваа и средношколците од “Нико Нестор” од Струга кои се претставија со прекрасни народни носии од охридско-струшкиот...

Continue reading

kamp dijaspora

Дечињата македонци од дијаспората го усовршуваа познавањето на македонскиот јазик

Post Views: 2 Дечињата од заедниците на македонците во соседните земји и земјите на дијаспората изминативе денови ги усовршуваа своите познавања на мајчиниот, македонски јазик. Денес беше завршниот дел од традиционалниот летен камп „Ја сакам Македонија“ на кој тие имаа можност не само да научат за својата историја, својот јазик туку и да презентираат дел од тоа што го научиле. „Јас се чувствувам на кампот „Ја сакам Македонија“ одлично, научив се по македонски јазик и историја, научивме се и одлично го поминавме летниот распуст“. „Тука е многу убаво учиме многу за македонскиот јазик,...

Continue reading

deca ou hristo uzunov

Со игри и смеа, првоодделенците од „Христо Узунов“ го одбележаа Светскиот ден на спортот

Post Views: 0 Со забавни игри, аеробик, музика и смеа, првоодделенците од основното училиште „Христо Узунов“ денес го одбележаа Меѓународниот ден на спортот. Тие во спортската сала во рамките на училиштето, уживаа во еден забавен час водени од професорите од активот по физичко воспитување од училиштето „Христо Узунов“. „Правевме вежби со главата, со рамената и со струкот.“ „Ние вежбавме  за нозете, за колената и за грбот, и за главата,  и супер си поминав и најзабавно ми беше денес.“ „Вежбавме вежби за грбот, за нозете и се забавувавме.“-рекоа дел од дечињата. Денешниот хепенинг...

Continue reading

ОO СДСМ бара градоначалникот да го прекине самоволието на директорката на ЈОДУ„ Јасна Ристеска“

Post Views: 0 На прес конференција советничкатат од СДСМ Оливија Пирузева Јанева во името на  социјал-демократите од Охрид побара од градоначалникот Никола Бакрачески,  наместо да замижува, да преземе соодветни мерки и да го прекине самоволието на директорката на градинката Јасна Ристеска. „ Директорката на оваа градинка без согласност на Советот на Општина Охрид ја покачила цената за полудневен престој, речиси двојно, од 800 на 1.500 денари“. За секоја  промена треба да добие согалсност од СОвет на општина Охрид“,  кажа Јанева.  Дополнително, директорката им наметнува на родителите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top