Костеска: Да не се врши притисок за упис на децата во охридската градинка

Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ со апел до родителите на дечињата од претшколска возраст. Да не вршат притисок врз воспитните групи и врз канцеларијата каде што се врши уписот, да се примат дечиња кои до две годишна возраст не кажуваат за своите физиолошки потреби, како и тоа да нема ургренции, нивното дете да биде запишано во објектот на централната градинка.

 |  Николоска Биљана  | 
gradinka
градинка

gradinkaСтартот на учебната година напорен во охридската детска градинка „Јасна Ристеска“. Капацитетите на установата максимално дури двојно повеќе се исполнети, односно во моментов запишани се 780 деца а 130 чекаат. Директорката на јавната општинска установа Розе Костеска го потврди зголемениот интерес за упис во оваа учебна година, посебно огромниот интерес од страна на родителите нивните деца да бидат згрижени и восапитувани во централниот објек . Па оттука Костеска категорична, адресата на живеење е адреса за влез во кој објект ќе бидат запишани нивните деца, и апелира, да не се врши притисок врз кадарот во канцеларијата каде што се врши уписот.

„Овој објект е во централното градско подрачје каде што и сите институции кој што работат сите родители работат тука некаде и бараат сите да бидат во централната градинка меѓутоа во  овој момент централната градинка е максимално исполнета над нормативи скоро со двоен број на деца по нормативи ги замолуваме оние родители кои што не живеат во ова подрачје имаме и одлука на Управен одбор да се запишуваат по објекти според адресата на живеење. Така би ги исполниле сите групи соодветно и трудот на воспитувачите и негователите би бил поделен, тешко е да се работи со група од 30 деца кога го знаеме фактото како се справуваме дома со две деца“ – нагласи директорката.

gradinkaКостеска бара разбирање од родителите,  да не инсистираат да бидат запишани нивните деца кои се над две годишна возраст и кои сеуште не кажуваат за своите  физиолошки потреби.

„Ги замолуваме сите родители додека не ги научат дечињата да кажуваат, да не ги носат во градинка и да не вршат притисоци врз воспитните групи, бидејќи навистина во градински дел немаме услови за такви дечиња, а во јасли немем услови поради големиот број деца, нека се стрпат следниве две недели нека ги научат своите деца нема проблем градинката стои на располагање ќе ги примиме сите деца“ – вели Костеска.

Костеска нагласи дека целиот персонал во градинката вложува максимални напори, со цел родителите на децата да можат да бидат вклучени во нивниот работен ангажман, а дечињата правилно да бидат  социјализирани, згрижени, а воспитно образовниот процес да се одвива непречено.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top