„Ѕвони ѕвон за бон тон“ за културни и воспитани дечиња

Малите деца, родителите и воспитувачите добија едукативен прирачник за бон тон. Прирачникот е изработен од м-р Ели Маказлиева и директорот на градинката Роза Костеска кои заедно сакаат уште од мали нозе децата да имаат добро однесување.

 |   | 
прирачник
прирачник

прирачникДецата од најмала возраст треба да се воспитуваат на правилно однесување. Културно поздравување, почитување на другарчињата и возрасните, однесување во кино, театар, на гости, подарување и позајмување, ова се само дел од содржините поместени во прирачникот за бон тон кој денес беше промовиран пред дечињата, родителите и воспитувачите во градинката Јасна Ристеска. Ели Маказлиева, авторката на едукативниот прирачник насловен Ѕвони Ѕвон за Бон Тон вели дека идејата потекнала од директорката на градинката Роза Костеска која воедно е и коавтор.

Бидејќи јас сум автор на многу прирачници и учебници за деца за рана предучилишна возраст и рана училишна возраст ми беше понудено заеднички да направиме еден прирачник којшто ќе соодвествува со сите современи возпитно образовни тенденции во светот, значи не само по изгледот, не само по физиономијата, структурата и концепцијата туку и според содржината, а да ги следи стандардите и новата програма за рано учење и развој којашто оваа година се донесе од страна на Министерството за труд и социјална политика“-изјави авторката Ели Маказлиева

Детето треба да се учи на манири и во семејството и во градинката од најрана возраст за да може да се формира во зрела и културна личност. Никогаш не е прерано да се воспитува детето на убаво однесување, вели директорката на охридската градинка, Роза Костеска.

градинкаСега е времето, сега е моментот. Доколку не работиме на оваа возраст со децата за правилно однесување се друго што ќе правиме во животот ќе биде само корегирање. Значи не треба да се очекува само градинката да пристапи кон воспитување на децата за било кој сегмент, не мора да станува збор за бонтонот. Мора да има соработка со семејствата, мора семејствата да го продолжуваат тоа во семејна атмосфера“-додаде Роза Костеска, директорка на ЈОУДГ Јасна Ристеска

На денешната промоција која се поклопува со патрониот празник на градинката 7ми ноември, дечињата од средните групи на возраст од 3 до 4 години изведоа програма инспирирана од прирачникот за бон тон. Инаку проектот за бон тон во градинките првично замислен да се спроведува на територијата на општина Охрид наиде на многу позитивни реакции од Министерството за труд и социјална политика и влезе во Годишната програма за ран детски развој во сите градинки во Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top