Ознака: детска

Откажана „Новогодишната детска бајка”

Post Views: 3 ЈП Билјанини Извори, поради веќе познатите причини, ја известува јавноста дека големата новогодишна забава за деца со наслов „Новогодишна детска бајка” која требаше да се реализира на ден 26 (среда) се откажува. “Новогодишната детска бајка” како социјално забавен настан во соработка со ЈОУДГ Јасна Ристеска, здруженијата за лица со попреченост, основните школи од Охрид и ОСУ Св. Климент Охридски имаше за цел да ги сплоти сите охриѓани посебно децата и ранливите категории на граѓани како желба и визија на покојниот Градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски...

Continue reading

Во општина Охрид повторно се актуелизира потребата од изградба на нова детска градинка

Post Views: 2 Потребата од нова градинка станува актуелна во перидот кога стартуваат уписите во оваа година. Родителите се се повеќе заинтересирани децата да им бидат сместени во некој од петте постоечки објекти и во 4 адаптирани одделенија во приградските населби. Бројот на деца во групите во сите градинки се над законски пропишаните нормативи, засега само во градинката во Пештани функционира според пропишаните стандарди. Денеска градските советнци дадоа согласност во групите да има поголем број на деца од законски пропишаниот стандард. „ Несомено тоа води кон намалување на квалитетот...

Continue reading

Голема детска журка на градскиот плоштад во Охрид

Post Views: 1 Голема детска журка на градскиот плоштад во Охрид по повод Денот на шегата. Таму денес се пееше, се свиреше, а најмногу се слушаше детскиот џагор и смеа. Иако 1 Април се падна во недела , најмалите охриѓанчиња од градинката Јасна Ристеска на првиот работен ден продефилираа маскирани низ охридските улици. Главнот настан се случуваше на градскиот плоштад каде беа изведени посебни кореографии и музички точки. Децата на посебен начин го доживуваат музичкиот хепенинг. Тие се секогаш подготвени за шега, и тие со радост сакаат секој ден да се пошегуваат на овој ден, кој традиционално...

Continue reading

logo

Детска порнографија преку „Facebook“ профил

Post Views: 1 МВР апелира родителите да пријават ако нивните деца добиваат пораки од профилот на „Тони Монтана“. „Tonyy Montana (Montana)“ е профилот Фејсбук на кој скопјанец објавувал слики со детска порнографија. Полицијата поднесе пријава против 34-годишниот Т.Ч. од Скопје кој е осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија. МВР апелира доколку родителите забележат дека на „Фејсбук“ профилите на нивните деца се забележат пораки од профилот на Тони Монтана да пријават во најблиската полициска станица. Како што потврдуваат од полицијата, на 3 март годинава, Т.Ч....

Continue reading

Помалку пари од општинскиот буџет и за детска заштита

Post Views: 1 Помалку средства од буџетот и за програмата за детска заштита за наредниве две години, обвинуваат советниците од опозицијата во Градскиот Совет. Од локалната со став декапрограмата е изработена во насока од првиот ден на својот мандат оваа локална води грижа за условите за грижа на децата. За околу 300.000 денари е пониска финансиската рамка издвоена од буџетот на општината за периодот од 2017-2019 година, за детска заштита. Советниците од опозицијата со констатација дека повторно станува збор за едноставно пресликување на програмата од минатата година. Речиси за сите...

Continue reading

Централниот објект на охридската детска градинка ќе стане енергетски ефикасен

Post Views: 7 Централната градинка при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе стане енергетски ефикасна. Во моментов тече тендерската постапка со која треба да се избере најповолен понудувач кој ќе го реконструира покривот, фасадата, дограмата, како и санитарните јазли од стариот дел на градинката, открива Розе Костеска, директорката на установата. Костеска сеуште не можеше со точност да прецизира, кој термин од летниот период ќе се изведуваат овие зафати, како и тоа во кој објект ќе бидат сместени дечињата за време на реновирањето, бидејќи тоа зависело од неколку аспекти. „Заради безбедност на...

Continue reading

Дополнителни корективни вежби во охридската детска градинка

Post Views: 6 Реномирани професори по физичко образование ќе ги вежбаат децата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ за правилен физички развој. Со тоа и воспитувачите ќе стекнат знаења, кој тип на вежби се препорачуваат за правилен развој на дечињата, со цел да се помогне некои одредени проблеми кај децата да се корегираат. Како што за ТВМ изјави директорката на градинката Розе Костеска, намалена била границата на рбетни деформитети кај децата, па затоа одлучиле да се воведат вакви часови со цел навреме да се откријат таквите проблеми и корективно да се влијае уште на помала возраст. „Точно...

Continue reading

solza

Растат педофилијата, насилството и сексуaлна злоупотреба врз децата

Post Views: 2 Резултатите од спроведените истражувања и податоците од Сос телефонот за деца и млади од Првата детска амбасада во светот Меѓаши покажуваат алармирачки проблеми со кои се соочуваат македонските деца. Најалармантно е физичкото насилство во средните  училишта .Сос телефонот покажува дека е двојно поголемио во псредба со лани.  Во пораст се и педофилијата, и  сексулна злопуотреба на децата нагласува Драги Змијанац, директорот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Змијанац  потенцира дека недостасуваат превентивни активности на државните институции. Мобилизацијата...

Continue reading

socijalno

Ќе се реконструира Центарот за социјална работа Охрид

Post Views: 0 Охридскиот Центар за социјална работа ќе се реновира. Тој е дел од седумте центри на ниво на земјава кои ќе се реконструираат, за што Министерството за труд и социјална политика обезбеди средства во висина од 38 000 000 денари преку ИПА програмата на ЕУ. Како што нагласи директорот на Охридскиот Центар, Екрем Каљоши тие веќе отпочнале со подготовка за престојните зафати. „Во моментот сме во фаза на преселување на материјалите во други простории каде што привремено ќе бидеме сместени со персоналот. Што се однесува каде ќе работиме, лицата ангажирани за остварување на...

Continue reading

detska bolnica

Руинираните објекти на некогашната детска болница продадени за 1.220.000 евра

Post Views: 0 Објектите на некогашната специјална детска болница денес, беа продадени на електронската аукција организирана од Министерството за финансии. Скопската компанија КАМ ФУД била најповолен понудувач, неофицијално дознава ТВМ . Најповолниот понудувач на денешната аукција доби десет објекти со вкупна површина од 6751 метар квадратен. Почетната цена за истите изнесуваше 2655,10 денари за метар квадратен, сума која до крајот на аукцијата достигна до 11.000 денари за метар квадратен или попрецизно, сите објекти на некогашната детска болница беа купени за износ од приближно 1.220.000...

Continue reading

детска болница

Кој ќе гради на локацијата кај поранешната Детска болница

Post Views: 1 Компании од Катар, Украина, Азербејџан, Англија пројавиле интерес за изградба на објекти за развој на здравствен туризам на локацијата кај поранешната Детска болница, тврди градоначалникот Никола Бакрачески. Управата за имотно-правни односи при Министерството за финансии по неуспешниот прв  оглас заизградба на хотелски капацитети на овој потег, го објави вториот. Првиот оглас кој заврши пред месец и половина не се пријавија кандидати. Поради тоа беше извршена корекција на условите што ги имаше поставено Министерството за финансии. Сега е објавен втор оглас кој е објавен...

Continue reading

Во тек е исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Post Views: 0 Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец мај 2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска – 3 јуни 2021 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top