Ознака: детска

socijalno

Огромен интерес во Охрид за Владиниот проект за отпишување на долгови

Post Views: 0 Охриѓани покажуваат голем интерс за акцијата за еднократен отпис на долговите за најсиромашните граѓани. Секој ден околу 50 барања се доставуваат во Меѓуопштинскиот Центар за Социјални работи поточно до одделението за детска заштита при центарот кое се наоѓа наспроти амбулантата „ Маларична“, вели првиот човек на центарот Екрем Каљоши  „Сметам дека освен неопходната потреба од чекање, активностите се одвиваат непречено, имаме добар прием кај граѓаните се надеваме дека бројката на луѓето кои што ќе го остварат ова право за Охрид ќе биде задоволителна односно луѓето ќе...

Continue reading

megasi

Меѓународен ден на СОС линијата за помош на децата

Post Views: 6 Функцијата на СОС телефоните е од огромно значење бидејќи  овозможуваат гласот на секое момче и девојче да биде слушнат, посебно на оние кои се инволвирани во семејните проблеми и зависни од постапките на возрасните, кои пак не секогаш свесно и правилно постапуваат со децата. Добро е да се знае дека од помошта децата ги дели само еден телефонски повик, велат од првата детска амбасада Меѓаши.  Само во 2013 година на СОС телефонот за деца и млади 08001 2222 биле регистрирани 279 контакти, а со кои подоцна дополнително било комуницирано 969 пати. Од Меѓаши апелираат до...

Continue reading

detska bolnica

Документацијата од некогашната детска болница е во Св Еразмо

Post Views: 11 Документацијата од некогашната Специјална детска болница, од пред три месеци се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“. После неколкуте прилози на ТВМ за состојбата во која се наоѓа документацијата и самиот објект на оваа болница надлежните од Државниот Архив на Р. Македонија, Подрачна единица Охрид, презеле мерки за средување на архивската граѓа која цели 6 години лежеше расфрлана по подовите на овој руиниран објект. Раководителот Илинка Јанева кажа дека наишле на големо разбирање од страна на директорот на болницата „Св Еразмо“, Митко...

Continue reading

knigi

Детската литература во Македонија на работ на опстанокот

Post Views: 1 Во Македонија речиси и да нема писатели за детска литература. Денес на меѓународниот ден на книга за деца и млади уште еднаш на виделина излегоа сите проблеми со кои се соочуваат книжевните работници. Писателот и поет Тоде Илиевски кој зад себе има четири книги за деца вели дека Македонија сеуште не е влезена во меѓународната организација на Светскиот совет на детската книга и покрај неговите долгогодишни заложби. Тој додава дека државава долги години наназад не размислува за детско издаваштво –Имам 62 години а спаѓам во најмладите писатели за деца во Македонија....

Continue reading

logo

„Волкот и седумте јариња“ повторно пред охриѓани

Post Views: 3 НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид на барање на публиката, повторно ќе ја прикажува детската балетска претстава “ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА”. Оваа САБОТА, 29-ти Март 2014 година, почеток 12.00 часот, по цена на влезницата од само 50 денари, наменета за најмладите, НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид на барање на публиката, повторно ќе ја прикажува детската балетска претстава “ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА” . Преставата  премиерно беше прикажана во месец декември 2013 година и истата прифатена од многубројната...

Continue reading

sdsm

Локалната ветува, но не остварува-СДСМ

Post Views: 3 Продолжува серијата прес конференции на ОО на СДСМ на кои тема е отчетот за сработеното на градоначалникот Никола Бакрачески. Ќе продолжиме со презентацијата на нереализираните проекти, велат од СДСМ. Во програмата за детска заштита, Христина Гогоска раководителот на Центарот за комуникации,го потенцира проектот за работа на детската градника во две смени. Во делот за култура, избришани биле ставките, поддршка на естрадни уметници и меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Гогоска потсети дека охридскиот народен театар 7 месеци нема поставено претстава....

Continue reading

stalak

Се крадат сталаците за испитување на аероседиментно загадување

Post Views: 8 Се краде се и сешто па крадците посегаат дури и по сталаците и балоните поставени за мерење аероседиментно загадување. Од пропишаните 4 мерни места во градов  засега функционираат само две. Сталаците се поставуваат на фрекфентни сообраќајни места од каде еднаш месечно се земаат примероци со кои се испитува концентрацијата на честички прашина во воздухот.  Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија, од Центарот за јавно здравје, информира дека вакви пунктови за испитување на  аероседиментното загадување биле поставени кај  автобускат станица,...

Continue reading

detska bolnica

Зградата на некогашната детска специјална болница-нов центар за кардилогија?

Post Views: 2 Зградата на некогашната Детска специјална болница конечно ќе излезе од заборав. Големи се шансите, овој објект да биде новиот и конечен дом на Центарот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, чијшто менаџерски тим години наназад се залага за решавање на овој горлив проблем. Градончалникот на Охрид, Никола Бакрачески  истакна дека не престанува комуникацијата на Локалната со менаџерскиот тим на Центарот за кардиоваскуларни заболувања, да биде реализирана опцијата за преместување на дејноста на оваа здравствена установа. „Моја лична желба и определба, а и определба на...

Continue reading

gradinka

Детската градинка „Пеперутка“ се гуши во отпадоци и чад

Post Views: 2 Двата контејнери поставени во близина на објектот се потенцијала опасност за предизвикување еколошка катастрофа. По три години реагирање надлежните не го решија проблемот, вели директорката. Комуналните инспектори се правдаат  превземаат мерки но залудно. Двата контенјери ноќна мора за детската установа „Пеперутка“. Вработените веќе три години се справуваат со овој горлив проблем. Двата контејнери кои првично беа поставени пред приватните куќи, полека се дотркалаа  пред објектот на градинката. Сега тие се  поставени веднаш до тротоарот, речиси на среде улица. Истите...

Continue reading

logo

Градинката 8-ми март со веб страна

Post Views: 0 Детската установа 8-ми март од Струга зачекори со современата технологија. На одбележувањето на партонот на установата, се презентира веб страната на градинаката. Од сега, сите случувања, активности на децата и воспитувачките ќе бидат поставени на порталот,  со цел родителите да бидат во тек со нив. Веб страната ќе биде од корист посебно при уписите на децата. Директорката на Детска градинака „8-ми март“Симонка Јаканоска, рече дека на веб страната ја има целата биографија на градинките во склоп „8-ми март“. Прикажани се слики од објектите, така ќе може секој да види...

Continue reading

detska bolnica

Ќе се спасуваат останатите документи од некогашна детска болница

Post Views: 1 Архивата од некогашната специјална детска болница или барем она што остана од неа по се изгледа ќе си го најде патот до местото каде што припаѓа, охридскиот архив. Ова за ТВМ го изјави Никола Митровиќ инспектор на Историскиот Архив. Пред два месеци ТВМ се обиде да дознае зошто не е спроведена законската постапка за соодветно архивирање на значајната документација од болницата. Тогаш од архивот го поздравија нашиот обид а во меѓувреме институцијата воспоставила контакти со сите надлежни под чии домен спаѓаат овие документи „Она што можам јас да го кажам како инспектор...

Continue reading

detska bolnica

Архивата од некогашната детска болница сеуште незаштитена

Post Views: 4 Државниот санитарен и здравствен инспекторат се  изјасни за ненадлежен во врска со документацијата од поранешната специјална детска болница во Охрид. Пред нецел месец ТВМ објави прилог за состојбата со архивата од оваа болница и поплаките од родители кои со години не можат да ги пронајдат историите на болест од своите деца, некогашни пациенти во таа установа. Тогаш од државниот архив на Македонија, подрачно одделение охрид, инаку местото каде требаше да се наоѓа документацијата соодветно архивирана, не упатија до Министерството за здравство како правен наследник на болницата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top