Огромен интерес во Охрид за Владиниот проект за отпишување на долгови

Огромен интерес во Охрид за Владиниот проект за отпишување на долгови. Освен долгите редици досега нема посериозни проблеми, информираат од Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Охрид. Секој ден во одделението  за детска заштита при центарот се доставуваат по 50 барања за отпишување на долгови.

 |  Николоска Биљана  | 
socijalno
социјално

kaljosiОхриѓани покажуваат голем интерс за акцијата за еднократен отпис на долговите за најсиромашните граѓани. Секој ден околу 50 барања се доставуваат во Меѓуопштинскиот Центар за Социјални работи поточно до одделението за детска заштита при центарот кое се наоѓа наспроти амбулантата „ Маларична“, вели првиот човек на центарот Екрем Каљоши

 „Сметам дека освен неопходната потреба од чекање, активностите се одвиваат непречено, имаме добар прием кај граѓаните се надеваме дека бројката на луѓето кои што ќе го остварат ова право за Охрид ќе биде задоволителна односно луѓето ќе бидат задоволни за оваа мерка“ – вели Каљоши.

Барањата за отпис на банкарски долгови се најбројни, потенцира Каљоши. Тој уште еднаш нагласи дека во центарот за социјална работа се врши само приемот на документацијата односно барањата за отпис на долгови.

socijalno„Собраните документи се поднесуваат до мешовитата комисија за отпис на долгови од Министерствот за труд за социјална политика и Министерството за финансии. Комисијата има обврска да ги провери сите поединечнни барања и ќе се констатира прво дали корисникот е во системот за социјална заштита“– нагласува Каљоши.

Каљоши очекува до крајниот датум, односно до последниот ден за достава на барања, 18 септември, дека гужвата пред одделението за детска заштита пред центарот нема да се намали.  Само за потсетување, со владината мерка се отпишуваат долговите на три најранливи категории граѓани, односно корисниците на  социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top