Детска порнографија преку „Facebook“ профил

МВР апелира родителите да пријават ако нивните деца добиваат пораки од профилот на „Тони Монтана“.

logo
лого

МВР апелира родителите да пријават ако нивните деца добиваат пораки од профилот на „Тони Монтана“.

logo„Tonyy Montana (Montana)“ е профилот Фејсбук на кој скопјанец објавувал слики со детска порнографија. Полицијата поднесе пријава против 34-годишниот Т.Ч. од Скопје кој е осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија. МВР апелира доколку родителите забележат дека на „Фејсбук“ профилите на нивните деца се забележат пораки од профилот на Тони Монтана да пријават во најблиската полициска станица.

Како што потврдуваат од полицијата, на 3 март годинава, Т.Ч. на својот малолетен син, кој живеел со мајка му, од сопствениот профил на социјалната мрежа „Фејсбук–„Скршено срце“, му пуштил приватна порака со линк со фотографии кои содржат детска порнографија. Фотографиите биле постирани на профилот на Tonyy Montana (Montana)“, односно на профилот кој го користи 19-годишната М.Ѓ.(19) во Белград, Србија, која привремено престојува во домот на скопјанецот.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изготвил извештај со кој се потврдува дека од профилот „Скршено срце“ бил испратен линк со содржина од порнографски материјал на профилот на малолетното дете. Полицијата со судска наредба извршила претрес на домот на Т.Ч. и притоа од него се одземени компјутер, мобилни телефони, УСБ, СИМ-картички и поголем број на ЦД и ДВД дискови.

Од МВР потврдуваат дека Т.Ч. од порано и’ е познат на службата и дека за него биле поднесени три кривични пријави, односно една за вонбрачен живот со малолетно лице и две дела од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top