Ознака: депонија

Струшките еколози испратија писмо до премиерот Заев, бараат конечно решение за дивата депонија

Post Views: 7 Еколозите и граѓанските активисти од СТРуга бараат итна средба со премиерот Зоран Заев. Тие испратиле писмо до премиерот загрижени за инертноста на иституциите во конечното решавање на проблемот со дивата депонија на влезот од градот. Тие потсетуваат дека и по една и пол година од одлуката на Владата за итно решавање на проблемот нема конкретни резултати. Глигорие Ќатоски од граѓанското движење „Доста е“ , предлага вклучување на премиерот за да се реши овој мошне сериозен еколошки проблем за Струга . „Во врска со проблемот со транспортот на отпадот до регионалната депонија...

Continue reading

Германски експерт смета дека депонија во сливното подрачје на езерото е грешка

Post Views: 0 Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца има нов аргумент со кој ќе го разубедува министерството за животна средина да не се гради регионална депонија во Годивје туку да бара друга локација во Југозападниот плански регион. Ногачески деновиве остварил средба со Манфред Шуберт, светски ескперт за енергетика кој има проектирано голем број фабрики за рециклирање и третман на отпад во Германија и светот. Градоначалникот го запознал експертот со решението дадено во Студијата за оценка на влијанието на животното средина за изградба на региоаналната депонија во Годивје. „...

Continue reading

Дебрчани градат црква на локацијата предвидена за регионална депонија

Post Views: 2 Во Дебрца нема да се гради регионална депонија додека јас сум градоначалник, порачува Зоран Ногачески. Најави јавни дебати со ресорното министерство каде што ќе се соочат со против аргументи. Ногачески се повикува на претходно изработената документација за регионалниот интегриран систем за управување со отпад изработена од грчки консултант од пред две години во која има друго решение за лоцирање на регионалната депонија. „ Во меѓунроднатиот план за управуавње со регионачанат отпад стои дека најсоодветна локација е напуштениот рудник за лигнит Осломеј, покрај ова локација...

Continue reading

Дивата депонија Мауцкер од утре ќе се покрива со земја

Post Views: 15 Дивата депонија на Муцкер,  која „изникна“ во близина на северниот влез од Охрид, од утре ќе почне да се покрива со земја. Од Министерството за животна средина најавија дека имаат програма со која ќе ги расчистуваат дивите депонии. Градот пред 10 година наместо да добие слободна економска зона доби во непосредна близина еколошки загадувач за која сега нема пари да ја дислоцира депонијата. „ Ние го пратиме европскиот концепт за регионално управување со депониите и производство на енергија од нив. Тие европски вредности ќе доминираат во конечната одлука. 99 посто од општините...

Continue reading

Државата не се откажува од изградбата на регионала депонија во општина Дебрца

Post Views: 1 Регионалната депонија сепак ќе се гради во општина Дебрца. Централната власт не се откажува од првичната идеја и покрај протестите на дебрчани од мината година со кои беа против изградба на депонија во нивната општина. Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање е без конкретен одговор дали ќе се менува локацијата во селото Годивје или не, но информира дека отстапки од изградба на депонија од општина Дебрца нема да има. Напоменува дека експертите бараат најсоодветно решение и место за изградба на регионална депонија која треба да го спаси...

Continue reading

Проф. Марина: Постоењето регионална депонија е насушна потреба

Post Views: 0 Изградбата на регионална депонија во атарот на село Годивје не само што ја крена јавноста од овој регион туку по ова прашање се изјаснија и експерти од архитектонскиот факултет од Скопје. Деканот на овој факултет професор Огнен Марина вели дека за жал како установа не биле вклучени во процесите, бидејќи и во тој дел има планирање, но смета дека постоењето регионална депонија е насушна потреба. „Собирањето на различни видови на отпад има суштинско значење на квалитетот на живеењето во градовите. Во однос на потребите за регионални депонии јас би рекол со една резерва...

Continue reading

Дебрчани одржаа протест против изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје

Post Views: 5 Дебрчани масовно излегоа на протест и кажаа не за изградбата на регионална депонија во атарот на селото Годивје. Со двочасовен прекин на сообраќајот на патниот правец Охрид – Кичево, кај селото Ботун, уште еднаш ги изнесоа своите аргументи против регионалната депонија да се гради во Дебрца. Тука е Сини вирови најголемиот извор на питка вода во Европа кој исфрла 680 литри во секунда, кажа меѓу другото Бошко Ставрески, член на Координативното тело против изградбата на депонијата. „Дебрца не е само еколошки чиста средина, туку има и многу други апекти со кои се брани...

Continue reading

Протест против изградба на регионална депонија во Годивје

Post Views: 3 Координативното тело на општина Дебрца, формирано со цел да се спречи изградбата на регионална депонија во с. Годивје, утре на прес конференција ќе соопшти детали за најавениот протест закажан за во недела.„Координативното тело, составено од претставници на сите месни заедници на општината има за цел да се спречи реализацијата на проектот за изградба на регионална депонија за Југозападниот регион на Република Македонија, во општина Дебрца, односно во атарот на селото Годивје“- информираат организаторите. На прес конференцијат ќе се обрати Д-р Јадранка Бибан, член на...

Continue reading

На дивата струшка депонија и понатаму се депонира отпад

Post Views: 5 На дивата струшка депонија и понатаму се депонира отпад. Помина скоро една година откога стружани протестираа поради загадувањето на воздухот од чадот кој доаѓаше од запалената депонија, а се уште нема конкретно решение за овој горлив проблем стар дваесеттина години. Градоначалникот Рамиз Мерко ветуваше дека до месец мај депонијата ќе биде исчистена, а сметот ќе биде транспортиран до скопска Дрисла, но тоа сега на граѓаните им изгледа како научна фантастика.Ардијан Демири од здружението „Стружани за Струга“е скептичен. Вели дека невозможно е толкави количини на смет...

Continue reading

Мерко: За два месеци ќе се реши проблемот со дивата депонија во Струга

Post Views: 5 Новата локална власт во Струга за брзо време ќе го реши најгорливиот проблем на оваа општина. Дивата депонија која минатово лето беше потпалувана, а чадот ги труеше стружани па и гостите кои решиле во овој туристички центар да го поминат својот одмор, до на лето ќе биде исчистена, а просторот ќе биде среден. Ова е приоритет на новиот градоначалник Рамиз Мерко. За два месеци ќе има решение на овој проблем. Од буџетот на општината се предвидени 200 000 евра за подигнување на сметот од депонијата и транспортирање во единствената легална депонија во државава, Дрисла. Веќе...

Continue reading

Советот на Дебрца нема да подржи иницијатива за изградба на депонија во Годивје

Post Views: 18 Советот на општина Дебрца нема да ја подржи иницијативата за изградба на регионална депонија во атарот на Годивско поле. Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески, појаснува дека во Законот за управување со отпад постојат одредби во кои јасно стои, за да се воспостави еден организиран систем за управување со отпад потребна е согласност од сите општини кои влегуваат во Југозападниот плански регион. „Треба да се склучи спогодба и со таа спогодба понатаму треба да се дефинира како ќе се менаџира како ќе се управува со тој систем, значи Советот на општина Дебрца на крајот...

Continue reading

Нова дива депонија во Вевчани

Post Views: 6 Жители реагираат на нова дива депонија во Вевчани, поточно во близина на поранешното фудбаско игралиште. Ова е нивниот коментар кој го оставија заедно со сликата испратена до рубриката „Ти си твојот град“.   Во непосредна близина на поранешното фудбалско игралиште во Вевчани никна нова дива депонија. За жал на лице место неколкупати се затекнати екипите на јавното комунално претпријатије Еремја од Вевчани како истураат отпад на лице место. До кога надлежните институции за решавање на проблемите ќе бидат главни креатори на истите?

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top