Ознака: депонија

Стружани повторно на протестен марш против дивата депонија

Post Views: 7 По втор пат со протестен марш стружани порачаа дека им е доста од загадувањето од дивата депонија која повторно гори. Принудени сме на овој потег затоа што досега никој од надлежните органи не понуди конкретно решение , истакна Глигор Ќатоски претставник на граѓанската иницијатива „Доста“. Во понеделникот доставиле конкретни барања до новата влада и до локалната самоуправа итно да се спречи понатамошното труење на стружани. „ Бараме веднаш да се преземе работна акција за целосно гаснење на депонијата, внатре и надвор. До владата поднесовме барање под итно да се свика...

Continue reading

Паднаа првите сет мерки за спас на стружани од дивата депонија

Post Views: 10 Формирана е комисија за спас на стружани од загадувањето кое го предизвикува дивата депонија на влезот од градот. Ова беше одлучено на Вонредната седница на Советот на општина Струга која беше неодамна одржана. Комисијата е составена од 5 члена, двајца од Советот, 2 од општинската јавна администрација, како и еден претставник на граѓанската иницијатива. Глигор Ќато претставникот на граѓанската иницијатива открива дека еден од првите чекори веќе бил направен, а тоа е остварување на средба со градоначалникот на Охрид, со цел заеднички пристап кон решение на проблемот. „Ние...

Continue reading

ЗАПОЧНА РАСЧИСТУВАЊЕТО НА ДИВАТА ДЕПОНИЈА КАЈ „ЈОРДАН МИЈАЛКОВ“

Post Views: 0 По налог на градоначалникот Кирил Пецаков, денеска започна акцијата за расчистување на дивата депонија на улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид. Екипи на фирмата „Победа“ од Ботун се ангажирани на подигнување на градежниот шут и друг вид отпад што граѓаните нелегално го депонираат на оваа јавна површина. Градоначалникот Пецаков при денешната теренска посета упати апел до своите сограѓани да не го фрлаат отпадот на несоодветни места и да не создаваат диви депонии, со цел да имаме убав и чист Охрид. Отпадот и градежниот шут ќе се депонираат на соодветни локации.

Continue reading

Проектот за изградба на Регионална депонија е во напредна фаза

Post Views: 6   Регионалната депонија во Југозападниот плански регион, сеуште останува еден од најприоритетните проекти за реализација. Најитна работа која што треба да се направи за изградба на регионална депонија е да се одреди локација, вели Слаѓан Пенев, од организацијата Форум Центар за стратешки истражувања. Додава дека најинтересно е тоа што секоја општина лобира кај нив да биде изградена регионалната депонија бидејќи гледаат кои се предностите од тоа, што во минатото не беше случај. „Дали со Јавно приватно партнерство, дали само тоа ќе биде во сопственост на регионалните власти...

Continue reading

Секое утро паркинг просторот кај Горна Порта се претвора во мини-депонија

Post Views: 3 Во мини-депонија се претвора паркинг просторот кај Горна Порта секое утро. Комуналниот проблем на оваа локација се повторува со години наназад , но е појава која се случува и на многу други локации низ целиот град, реагира Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец. Во многу мои досегашни изјави ги повикував граѓаните и комуналната инспекција и сите фактори да дадат придонес во создавање на комунален ред, но ништо од тоа, резигнирано вели Грданоски. Решението за воспоставување на комунален ред го гледа во изрекување санкции од страна на комуналната инспекција. „...

Continue reading

Ризична депонија над Лабуништа, струшко

Post Views: 6   Дивите депонии го гушат Лабуништа и околните струшки села. Лабуништани сакаат да се исчисти дивата депонија која е лоцирана над селото, од каде постојано се шири неподнослива смрдеа и го отежнува дишењето посебно во летниот период. Директорот на ЈП „Хигиена“ Исмет Лапоски, вели дека цел тим од 15 луѓе се ангажираат околу хигиената и одлагањето на сметот во селото, но нагласи дека како претпријатие се судруваат и со низа проблеми. Пред се тој смета дека сеуште многу треба да се работи на подигање на свеста кај населението за јавната чистота, но и изградбата на дива...

Continue reading

ЕКО ФАПОТ ја среди дивата депонија на улицата „Јордан Мијалков“

Post Views: 4 На иницијатива на „ЕКО ОХРИД“ викендов беше реализирана еко акција за средување на просторот на дел од улицата „Јордан Мијалков“ кој веќе неколку години наназад прерасна во депонија. Со помош на ЕКО ФАПОТ од страна на урбаните херои Марија Трајкоска, Дуле Трајкоски, Велентин Христовски, Пецо Павлоски, Кире Павлески викендов беа подигнати повеќе од десет кубни метри и9нертен и комунален отпад од оваа локација. Пред две години директорот на ЈП „Охридски комуналец“ за ТВМ изјави дека депонирањето шут на овој потег се интензивирало кога се донесла одлука за забрана за депонирање...

Continue reading

Струшката градска власт бара итно решение на проблемот со градската депонија

Post Views: 1 За проблемот со дивата депонија во Струга телевизија ТВМ информира години наназад.  Од проблемот со одлагање на медицински отпад, до нелегалното палење на депонијата, како и загадувањето на воздухот кое што го чуствуваат граѓаните на Струга – сето ова беа теми во нашите информативни програми. Откако минатата недела повторно известувавме за палењето на депонијата, денеска до нашата редакција со свој став се обрати и првиот човек на ЈП „Комунално“ Струга, Гарип Каба. Во телефонски разговор Каба не информираше дека, како и минатата, така и оваа година, дошло до палење...

Continue reading

Идејата за изградба на регионална депонија во Годивје е напуштена

Post Views: 0 Дебарца ја доби битката, министерството за  животна средина се откажа од идејата за изградба на депонија во селото Годивје. Сега се бара нова локација, надвор од сливното подрачје на Охридското езеро. Под притисокот  на стручната јавност и населението на Дебрца,  кое под никакви услови не попушташе да се гради депонија во еколошки чистата средина,  се напушти таа идеја. Второстепената владина комисија го поништи решението, поради пропусти при што не беа земени мислења на стручната јавност и Унеско,  а предметот повторно е вратен на разгледување. „Сакам јасно да кажам,...

Continue reading

Охридските советници ќе одлучуваат за затворање на Буково и формирање на ново ЈП „Депонија“

Post Views: 7 Наскоро охридските советници ќе одлучуваат за затворање на депонијата Буково и формирање на ново јавно претпријатие. Министерството за животна средина и просторно планирање има решение за депонијата Буково која според препораките на Унеско требаше да биде затворена пред една година. Досега, пропаѓаа неколку обиди да се најде најсоодветна локација за изградба на регионална депонија според светски стандарди. Градоначалникот Кирил Пецаков напоменува дека на повидок е трајно решение за депонијата Буково. Треба да се формира јавно претпријатие за  Југозападниот регион. Според...

Continue reading

УВАЖЕНА ЖАЛБАТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ПРОТИВ РЕШЕНИЕТО ЗА ИЗГРАДБА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА

Post Views: 10 Добиена првата битка во активностите што ги спроведува општината Дебарца против плановите за изградба на регионалната депонија за цврст отпад во атарот на селото Годивје. Општината добила позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за оспоруваната локација кај Годивје. Градоначалникот на општина Дебарца, Зоран Ногачески, информира дека е добиено позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието...

Continue reading

Никнува ли нова депонија, овој пат на дното на Охридското Езеро?

Post Views: 4 Неодамна нуркачите од нуркачкиот центар „Акватек“ од водите на Охридското Езеро извадија када, што впрочем беше само дел од пообемното количество градежен шут кој несовесни граѓани го фрлиле во водите на езерото. Откако ја извадија од езерото, кадата сеуште стои на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чека да биде подигната. Викендов членот на нуркачкит центар „Акватек“ Никола Паскали извади и вреќа со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана исто така во езерските води.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top