Ознака: депонија

Никна дива депонија и во Кошишта

Post Views: 22 Никна дива депонија и во населбата Кошишта во Охрид. Денес ни пристигнаа слики во рубриката „Ти си твојот град“ од Антонио Кречов, а ова е неговиот коментар: Дива депонија во Кошишта. Непосредно покрај асфалтниот пат од десната страна, движејќи се од Горна порта кон Грашница – вели Кречов за „Ти си твојот град“. депонија кошишта deponija_kosista Расчистена уште една дива депонија

Continue reading

ѓубре во стариот дел на охрид

Депонија во Стариот дел на Охрид

Post Views: 16 Еден куп ѓубре, секојдневно се наталожува од несовесен граѓанин кој живее во Стариот дел на градот. Сликите до рубриката „Ти си твојот град“ ни ги испрати Мариа Бошале, а ова е нејзиниот коментар: Наталожено ѓубре среде Стариот дел од Охрид, каде го гледаат многубројни туристи кои нон стоп го снимаат. Човеков зема социјална помош, зема храна за загрозени жители од Охрид и покрај тоа што е здрав и прав, а не врши никаква општо корисна работа. Барем да си го собира ѓубрето и да го носи во контејнер. Од локацијата се шири непријатен мирис, а се наоѓа на агол од две улици...

Continue reading

депонија над антички театар

Депонија над Антички театар

Post Views: 3 Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики на кои се гледа депонија лоцирана веднаш над Античкиот Театар во Охрид. Секоја година на овој потег во пролетните и летни месеци, местото станува депонија (секако, тука е виновно и локалното население). Тоа не се забележува бидејќи просторот е покриен со “мала џунгла” од високо зеленило и грмушки, но во овој период е доста видливо – вели Филип Жура.   Доколку сега би се откорнале или скастриле диво пораснатите растенија, верувам дека во иднина овој простор ќе биде оплеменет и нема да биде прибежиште...

Continue reading

„Охридски Комуналец“ исчисти уште една дива депонија

Post Views: 2 Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ беа ангажирани во расчистување на дива депонија на ул. „Крали Марко”. Ангажирана беше и специјална механизација во подигнување на енормни количини кабаст отпад, зелен отпад, градежен шут и расфрлан комунален отпад од околното населние.

Continue reading

Нова депонија во Охрид (фото+видео)

Post Views: 1 „До кога ќе продолжи несовесноста на граѓаните и до кога ќе депонираат отпад каде што ќе им текне?!“-прашува Охриѓанец кој ни ги испрати сликите.  Еве ја и снимката  https://youtu.be/mEkcCv1JcP0    

Continue reading

Просторот кај детското игралиште во населба Гоце Делчев станува мини депонија?!

Post Views: 3 Дали просторот кај детското игралиште во населбата Гоце Делчев, станува мини депонија?!-прашува наш сограѓанин кој ни испрати слики во склоп на проектот „Ти си твојот град“. Несовесни граѓани покрај депонирање комунален отпад, веќе започнаа да оставаат и делови од покуќнина.

Continue reading

Пожар на депонија и нива во Струшко

Post Views: 1 На 12-ти август 2021 година, околу 21:00 часот во ОВР Струга пријавено е дека настанал пожар на депонија и нива со нискостеблеста вегетација во близина на локалниот пат помеѓу струшките села Долно Татеши и Мислодежда. Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Струга, пожарот, во кој нема повредени лица, е локализиран, а потоа целосно изгаснат – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Расчистена дивата депонија во Трпејца

Post Views: 3 На 18.01.2022 во 13:00 часот е добиена пријава од невладината ,,ОХРИД СОС” во Општинскиот инспекторат за огромен градежен шут исфрлен на самиот брег на Охридското Езеро во с. Трпејца (на дол). Веднаш на 20.01.2022 (19.01.2022 – неработен ден) екипите на Општинскиот инспекторат се упатени кон с. Трпејца (на дол) и направен е записник дека лицето кое ги има (т.е. има наредено) да се фрлат вреќите со градежен шут во огромна количина ќе ги крене и однесе во ,,Мауцкер” во рок од 7 дена. На 31.01.2022 екипите на Охридскиот инспекторат излезени се во контрола и направен е...

Continue reading

Одржан судскиот процес за струшката депонија

Post Views: 14 Судскиот процес за струшката депонија денеска, наместо во судница продолжи со увид на лице место. Судии и вештаци вршеа идентификација на парцелата каде лежи дивата депонија во Струга и големината на натрупаниот отпад, кој изнесува десетина метри под и дваесетина метри над земја. Тужителите повикаа на итна дислокција на дивата депонија која е на само 500 метри од куќите во градот. Иако последните неколку години нема спалување на депонијата, вештачењата потврдија дека таа го загрозува здравјето на луѓето, но и ги загадува водите и почвата. -Ова чудовиште кое...

Continue reading

Случајот со струшката депонија влезе во судница

Post Views: 10 Со изнесување на аргументите утрово започна судската постапка за  струшката депонија.  Во оснвниот суд Струга се одржа првото рочиште по поднесената   граѓанска тужба од страна на  Македонското здружение на млади правници, кои бараат итно да се престане да се депонира отпад и дислокација на градската депонија. После направено вештачење дека депонијата, која  е во самиот град ја загадува почвата,  реката, Охридското езеро  со што предизвикува штетни последици врз здравјето на луѓето, тужени се  министерство за животна средина, општина Струга и Комуналното претпријатие....

Continue reading

Расчистена дива депонија во населба Далјан

Post Views: 7 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” по добиен налог од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведoa активности за расчистување на уште една дива депонија лоцирана во населба Далјан во непосредна близина на крајбрежниот појас. Подигнати се 44 метри кубни кабаст отпад, градежен шут, гуми од возила и др. По акцијата пристапниот пат е измиен со цистерна. За жал оваа локација несовесни граѓани многу често ја користат за ненаменско ослободување од покуќнината и друг цврст отпад. Се упатува апел до граѓаните за сите потреби кои ги имаат околу...

Continue reading

Напуштена идејата за изградба на регионална депонија во Дебрца

Post Views: 2 Градоначалниците од Југозападниот и Пелагонискиот плански регион остварија средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на која се презентираа идните активности кои се однесуваат на воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони. „Најновото предлог техничко решение за регионалната инфраструктура предвидува изградба на една регионална санитарна депонија за двата региони, лоцирана во село Добрашинци, општина Новаци и претоварни станици во Дебар, Охрид, Кичево, Битола и Прилеп, со што и дефинитивно се напушта претходниот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top