Ознака: ден

sredba

Ден за проблемите на граѓаните

Post Views: 0 Проблеми од комуналната и урбанистичката свера тајно и јавно денес беа изнесени од страна на граѓаните пред градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Следејќи ја досегашната практика во работењето, градоначалникот и во новиот мандат продолжи со непосредните средби со граѓаните. Денес со почеток во 9 часот во големата сала на Општина Охрид, се одржи средба со граѓаните на која  беа разгледани проблемите и барањата на охриѓани. На средбата присуствуваа сите раководители на општинската администрација и директорите на Јавните претпријатија. Дел од граѓаните добија одговори,...

Continue reading

logo

Ден на полиција

Post Views: 25 За најдобар полицаец е избран Боге Стевчески, припадник на полициската станица во патниот сообраќај.Тој во МВР професинално ги извршува своите законски обврски од март 2009 год.  Наградата телевизор, за разлика од минатите години кога ја обезбедуваше Локалната самоуправа, годинава таа беше доделена од страна на Секторот за внатрешни работи. „Изминатата година може да се пофалиме дека постигнавме уредна дисциплина на подрачјето на Општина Охрид“, вели командирот на полициската станица за безбедност во сообраќајот. „Годинава СВР Охрид празникот го одбележаа, во знакот...

Continue reading

zname

Ден на децата

Post Views: 6 Овој ден на најмладите  им е поклон од револуционерот Ататурк, велат од здружение на граѓани карабегомала. Прославата годинава за прв пат се одржа на плоштадот Чинар. Учениците од Турска националност денеска го слават националниот празник на детето. „До лани овој ден во Охрид се прославуваше во основните училишта, а организаторот најави дека од годинава,прославата ќе биде на плоштадот Чинар.   Во подготвента 30 минутна програма учествуваа деца од ОУ Братство единство од прво до осмо одделение, но и од клонот Развигорче од градинката Јасна Ристеска. Денешната програма...

Continue reading

knigi

Охриѓани и книгата

Post Views: 9 Библиотеката „Григор Прличев“ го одбележа светскиот ден на книгата во услови кои не доликуваат на Национална установа. Охриѓани се помалку другаруваат со книгата, посебно тоа се однесува на помладата популација која освен задолжителната лектира се поретко чита. Ова не е случај со повозрасните кои не се откажуваат од навиката за читање. Лилјана Мартиноска, библиотекар од НУ библиотеката „Григор Прличев“  вели дека читателите кои ги посетуваат се помалку се заинтересирани за класиците, а се повеќе ги  бараат  бестселерите. Библиотеката Григор Прличев го одбележа светскиот...

Continue reading

Zemja

Ден на планатата земја и местото на Македонија

Post Views: 2 Денеска во светот и Македонија се одбележува денот на планетата земја. „На листата, еколошки најчисти земји на светско ниво,Македонија е рангирана на 74 место, а во европски рамки е на самото дно.Од нас како поединци зависи нашето опкружување.Секоја мала еколошка постапка помножена со голем број луѓе дава добробит за целата наша планета“, вели Ѓоко Зороски. Секретарот на билатералниот секретаријат на охридското езеро, Дејан Паноски, вели дека во периодот на политички драми кои се случуваат во светот  и во периодот на економските глобални кризи сеуште пред нас стои надвисната...

Continue reading

romi

Светскиот ден на Ромите се слави и во Охрид

Post Views: 6 Граѓаните од ромска националност денес го прославуваат 8- ми април – Светскиот ден на Ромите. „Она што се уште не се променало е односот на околината кон нас“, велат членовите на ромското семејство Шемо. „И ден денес има поединци кои го оспоруваат нашиот идентитет. Тоа е навистина апсурд со оглед на фактот дека живееме во едно ново време- во 21 век“, вели најстариот член на ромската фамилија Шемо. Тој се надева дека разликите наскоро ќе исчезнат. „Среќен сум што за разлика од минатото, сега ромите го продолжуваат своето средно образование и стануваат академски граѓани....

Continue reading

Слободанка Коцевска

Со оптимизам и ведрина против болестите

Post Views: 6 Стручните лица се повеќе алармираат за  голем број заболувања предизвикани од стресни ситуации. Специјалистот по социјална медицина,  д-р Слободанка Коцевска состојбата со заболувањата во оптина Охрид и Дебрца ја следи повеќе од 20 години. Истакнува дека последните 10 години се посебно стресни за сите нас. Минатата година најмногу  лекарска помош побарале лицата на возраст од 64 до 75 години , а веднаш зад нив се лицата  на возраст од 45 до 54 години. Почести посетители во медицинските установи  била женската популација. Најчесто граѓаните страдаат од срцево –...

Continue reading

Ohridsko ezero

Одбележан денот на водата

Post Views: 2 Во просториите на MЈП ПРОАКВА  се одбележа денот на водата. Директорот на јавното претпријатие, Бранислав Трпчески, упати благодарност до учениците од основните училишта во градот, кои со своите творби учествуваа во одбележувањето на овој празник. Целта на собирот е да се едуцираат младите за значењето на водата во секјдневниот живот и нејзиното рационално користење. Преку ликовниот конкурс на тема „ Водата без граници го поврзува светот“, основците имаа можност на креативен начин да упатат порака за важноста на водата. Експертите се почесто укажуваат на фактот, дека...

Continue reading

logo

Ден на дрвото, оваа сабота

Post Views: 5 Владата на Р.Македонијаги повикува сите граѓани на 14 март (сабота) 2009 година да земат учество во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ и со засадување по три  дрва да придонесат кон унапредување на животната средина. За таа цел ќе биде организиран бесплатен превоз на граѓаните до локациите каде што ќе се пошумува. Граѓаните може да се приклучат на било кој автобус или организирана група и да заминат на било која локација каде што ќе се пошумува. Во Охрид на располагање ќе бидат 4 автобуси од пред Гимназијата, од 08:00 часот, со ротирање на секои два...

Continue reading

MRI

Светскиот ден за борба против ракот

Post Views: 11 По повод вчерашниот ден за борба против ракот  Сетската здравствена организација, предупредува дека   малигните заболувања се закануваат да го преполоват населението во Европа. Според податоците на Републичкиот завод за здравствена заштита, во последните десеттина години стапката на нови регистрирани случаи на заболени од рак во Македонија е зголемена. Генерална причина за појавата на ваквите заболувања не е констатирана, а симптомите најчесто се нејасни, затоа според лекарите најважна е примарната превенција. Во Охрид исто така е забележан раст во регистрираните случаи....

Continue reading

Dejan Panoski

Светски ден на водни живеалишта

Post Views: 11 Охридскиот регион да се најде на листата на биоводни резервати, а неговиот албански дел да биде на листата на Унеско, ова се заложбите на експертите за водени ресурси. Денес во Преспанскиот регион  се одбележа светскиот ден на водни живеалишта. Светскиот ден на водните живеалишта, 2 Февруари, во Македонија денес се одбележа со свеченост во прекуграничниот регион Преспа парк. На свеченоста се одржаа многу едикативни активности за основците и средношколците. На денешната свеченост во Ресен, едукативно предавање на тема Водни живеалишта (предизвици и нивна заштита во...

Continue reading

Stojance Angelov

Светски ден за човекови права

Post Views: 1 Пред 6 децении , Обединетите нации усвоија декларациа за човековите права. Во неа се прецизирани универзалните права. Тие не зависат од националната, државната, идеолошката или социјалната припадност на луѓето. Светскиот ден на човековите права се одболежува денеска ширум светот, а повод се 60 години од потпишувањето на декларацијата за човекови права.Министерот за правда Михајло Маневски изјави дека со уставот и законите се обезбедува заштитата на човековите права и во Македонија.Колку се почитуваат овие права охригани со свое  видување. Проблемите врзани  со дискримицијата,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top