Ознака: ден

den na ucitelot

Наставниците се почесто се среќаваат со насилство и сиромаштија во училиштата

Post Views: 1 Виолета Илиевска 28 години е одделенски наставник во ОУ „Св.Климент Охридски“. За својата професија  вели ја остварив мојата детска желба и никогаша не би ја менувала. Љубовта кон просветата им ја пренесував и на моите ученици  додава Илиевска. За генерациите ученици кои поминале низ нејзината долгогодишна кариера нагласува дека заедничко за сите ученици е  желбата  за знаење и успех.Денес ОУ Св.Климент Охридски го одбележа меѓународниот ден на просветните работници. Со песна, игра и рецитација учениците од училиштето ја покажаа почита кон своите сегашни и некогашни...

Continue reading

den na mirot

Одбележан меѓународниот Ден на мирот со марш на ветераните

Post Views: 9 Во Охрид и Струга  се одбележа меѓународниот Ден на мирот, 21–ви септември. Сојузот на борците и нивните почитувачи одржаа марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“. Во Охрид маршот започна во 11 часот од пред Сојузот на борците за да пристигнат на  градскиот плоштад. Точно на пладне на сите паднати жртви за мирот им беше  оддадена почит со едно минутно молчење. На собирот на ветераните имаше и основци кои дојдоа да го одбележат заедно Меѓународниот ден. Претседателот на Сојузот на борци Гоце Георгиески  истакна дека трета година се чествува меѓународниот ден на мирот ...

Continue reading

Svr ekologija

СВР го одбележа Светскиот ден на екологијата

Post Views: 0 СВР Охрид со низа активности го одбележа светскиот ден на екологијата. Годинава во соработка со ЈП Охридски Комуналец, се уредуваше паркот пред зградата на СВР, а пред Авто мото друштвото Васил Стефоски и Здружнието на возачи Охрид, се спроведе акција во која се контролираат патничките и товарни возила, за издувни гасови. „ Во координирани активности станицата за безбедност во патниот сообраќај спроведува активности насочени на контрола на патничките товарни моторни возила, пред се за издувни гасови.Поставени се два пункта во соработка со надлежните во здруженијата...

Continue reading

tito

„Денот на младоста“ одбележан со марш до Горица

Post Views: 1 Во Охрид скромно одбележана 118 годишнината од раѓањето на Јосип Броз Тито. Триесетина членови од здружението на граѓани почитувачи на  ликот и делото на Јосип Броз Тито со марш до Горица го одбележаа некогашниот „Ден на младоста“. Јонче Петрески, претседател на ова здружение ја истакнаа нивната заложба  да не се заборави значењето на Тито во создавањето на македонската држава.Претседателот на Здружението,Јонче Петрески со жалење нагласува дека во моментов одредени личности  имаат негаторски однос кон овој период од нашата историја и Тито. Покрај негаторскиот однос има...

Continue reading

PP vozilo

Пожарникарите прославуваа

Post Views: 16 Пожарникарите го прославија својот празник, 20-ти мај –  Денот на пожарникарите во Р Македонија. По повод овој празник денеска во ПП станица се одржа скромна свеченост на која присуствуваше и градоначалникот Александар Петрески. „ Секаде каде што општините добија ингеренции над противпожарните единици, тие покажаа подобри резултати отколку претходно кога беа на централно ниво. Иако делумно ја имаме превземено противпожарната заштита, имаме голем напредок, досега направивме три пати повеќе, отколку во изминативе триесет години. Набавивме нови основни средства и...

Continue reading

Megjashi

СОС телефонот алатка за помош

Post Views: 0 Во Македонија оваа линија функционира 17 години, додека во Охрид, во рамките на женскиот центар „Бисера“, осум. Денеска се одбележува Светскиот ден на СОС телефони за помош и поддршка на децата. СОС телефонот е начин на кој може да биде слушнат гласот на секое дете. СОС-телефоните претставуваат значаен механизам на поврзување на децата со институциите кои можат да им помогнат. Осум години во нашиов град функционира СОС линија за помош на жени и деца, жртви на насилство, во рамките на женскиот центар „Бисера“. „Ние во Охрид во женскиот центар „Бисера“ имаме СОС телефон...

Continue reading

najstar i najdobar

Најстариот и најдобриот охридски полицаец заедно

Post Views: 3 Охридските полицајци работно го одбележаа денот на Македонската полиција 7-ми мај. Во рамките на одбележувањето на празникот, во Регионалниот центар „Запад“, беше остварена средба со ученици од ОУ „Братство“ како и со децата од детската градинка „Јасна Ристеска“. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека исто така е остварена средба со претставници од сите институции кои соработуваат со полицијата. Димоски додаде дека интересот кај младите за оваа преофесија од година во година е се поголем. Традиционално и оваа година беше изгран најдобриот полицаец....

Continue reading

ssm

Први мај одбележан со ниски плати и скратени работнички права

Post Views: 0 За охридските работници, 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, поминува во знак на се поголема  егзистенцијална загрозеност, со просечна плата од 200 евра и скастрени работнички  права. Измените во Законот за работни односи во повеќе наврати се  гласаа без консензус на социјалните партнери. Синдикалците не се задоволни од текот на социјалниот дијалог и од топењето на работничките права. Социјалната слика во општината не е ни малку розова вели првиот општински синдикалец,  Драган Цветаноски. Голем број од работниците не се синдикално организирани. Оние кои се,  пак ,...

Continue reading

earth

Природата го возвраќа ударот

Post Views: 3 Светскиот ден на планетата Земја доаѓа по серија големи природни катастрофи, од кои не беше поштедена ниту нашата држава. Ќе се запаметат поплавите во Охрид, излевањето на Вардар кај Тетово, свлечиштата низ земјава. Големите земјотреси во Чиле и Хаити и вулканскиот облак по исландската ерупција во светот се само предупредувања дека природата – го возвраќа ударот, велат екологистите. За Македонија опасноста е уште поголема, со оглед на тоа што спаѓа во ризичната група земји, кои ќе бидат најмногу погодени од климатските промени. Според експертите, на оваа црна...

Continue reading

velofest

Велосипедот како начин на живеење

Post Views: 8 Креативниот фестивал за велосипеди, „Велофест 2010“ на 28 април ќе гостува и во Охрид. Преку оваа платформа влеосипедот на македонските граѓани ќе им биде претставен не само ко превозно средство туку и како начин на живеење.Велосипедот не е само транспортно и рекреативно средство. Претставува и алатка на еден од професионалните спортови и инспирација за уметничка креација или авантура и забава. Овој фестивал е во организација е на Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“ од Скопје. За неговото прво издание, одбрана е тема која е најблиска до граѓаните и чијшто развој...

Continue reading

doktorki

Работно на денот на здравството

Post Views: 9 300 членови од здружението на лекари на 10-ти април ќе ја прослават белата вечер. Денес охридските медицинари, меѓународниот ден на здравството го одбележаа работно. Белата вечер закажана за 10 април. Докторите од охридскиот регион наместо денес да го одбележат Светскиот ден на здравството, ќе слават по три дена. Претседателот на здружението на лекарите Прим. Д-р Илија Прангоски вели дека така одлучиле бидејќи ангажираноста на медицинскиот персонал за време на викендите е помала. Тој додава дека на 10-ти април во хотелот Белви ќе се одржи годишното собрание или познатата...

Continue reading

klovn

Одбележан денот на шегата 1-ви Април

Post Views: 2 Градскиот плоштад беше претесен да ги собере најмладите охриѓанчиња кои гордо парадираа, покажувајќи ги своите креации. Шестооделенците од Општинското основно училиште, „Св. Климент Охридски“ организираа маскенбал на кој беше избрана најдобра маска и најдобра шега. Експлозија од бои и костими. Денес градскиот плоштад беше местото на кое најмладите охриѓанчиња од неколку основни училишта, покажаа  дека детската фантазија не познава граници. Идеи поттикнати од ликовите од цртаните филмови и омилените бајки, преку омилените ликови од актуелните сапунски серии, па се до...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top