Ознака: ден

drvce

Скребатно се пошуми со бор

Post Views: 0 Со 2 000 садници на бел и црн бор облагородено таканареченото место Најковац во Скребатно. Оваа иницијатива ја подржаа и вработените на стовариштето и пилана „Мак – Вуд“. Сопственикот на земјиштето, Томе Ѓорев Парулески вели дека на ова место нема овошка што не успева. Тој заедно со 15 вработени, следејќи ги инструкциите на стручните служби, денес засадија црн и бел бор. Парулески кажува дека е горд што на тој начин зад себе остава свој белег за идните поколенија и генерации. Додава дека добро би било секој да тргне по неговите стапки.„Со исполнување на својата граѓанска...

Continue reading

crven krst

Ден на крводарителството на Република Македонија

Post Views: 8 Денес се одбележува денот на крводарителството на Република Македонија. Општинската организација на Црвениот крст од Охрид мината година може да се пофали со голем број крводарителски акции што ги организира со различни категории граѓани. 17 март е денот кога изразуваме благодарност кон армијата на хумани луѓе кои даруваат крв и со својата хуманост спасуваат човечки животи. Претседателот на Општинската организација на Црвениот крст од  Охрид, Сашо Точко јавно им искажа благодарност на сите крводарители кои несебично ја даруваа драгоцената течност која живот значи.  Исто...

Continue reading

Den na ribarite

Денот на рибарите

Post Views: 8 Денешниот ден според риболовците, има две значења. Кога била забранета манифестацијата на фрлањето на светиот крст во Охридските води тогаш рибарите го земале односно краделе крстот (за да не се казни попот) од црквата геракомија и пред да заминат ноќта на риби го фрлале во водите на охридко езеро во месноста Сараиште, а откако ќе се разденело нивните синови, браќа и други роднини го барале крстот под изговор дека се капат за поголем берикет, односно полни мрежи со риба. А потоа кога било дозволено фрлањето на крстот се капеле за берикет на рибарите за да ја продолжат...

Continue reading

logo

Скромно одбележан денот на инвалидизираните лица

Post Views: 3 Здружението на инвалиди на трудот, со скромна свеченост го одбележи денешниот светски ден на оваа категорија на граѓани. Тие упатија замерка до надлежните институции околу висината на инвалиднината која ја добиваат, а изнесува скромни 500 денари. Со законска одредба на Обединетите нации 3 декемви е меѓународен ден на инвалиди на трудот. Ова е ден кога сите граѓани би требало да почувствуваат хуманост кон инвалидизираните лица. Здружанието на инвалиди на трудот од Охрид и Општина Дебарца е единствена независна организација која делува во овој регион, заради остварување...

Continue reading

igracki

Светскиот ден на лица со интелектуална попреченост одбележан и во Охрид

Post Views: 1 На Скромна прослава во центарот за лица со интелектуална попреченост Порака, на најзаслужните за новите простории на Порака им беа врачени благодарници. Во охридскиот дневен центар згрижение се 15 деца. 3 декември светски ден на лица со интелектуална попреченост. Овој празник одбележан и во Охрид. Дневниот центар Порака скромната прослава годинава ја одржа во своите нови простории. Задоволни што конечно имаат свое катче, на најзаслужните за тоа им врачија благодарници. „Покрај на Локалната самоуправа, огромна благодарнот упатуваме и до МЈП Проаква Работна единица Охрид,...

Continue reading

logo

Црвениот крст од Охрид го одбележа денот за борба против Сидата

Post Views: 3 Црвениот Крст од Охрид спроведува низа активности, со цел младата популација што повеќе да биде едуцирана за здрава и сигурна сексуалност под мотото „Сигурно ли знаете да водите љубов“. Охрид го одбележува 1 ви декември Светскиот ден на борба против сидата. Денес активистите на „Црвениот Крст“ од Охрид одржаа четири предавања во 7и 8 мо одделение во ОУ Св Климент Охридски, за тоа колку  оваа популација има познавање за хив – сидата. Учениците внимателно слушаа и учествуваа во разговорот со Др Младен Божиноски едукатор за оваа инфекција. „Од денес се ставаат и црвените...

Continue reading

Kiril Smakoski

Секои 30 секунди во светот, нова скршеница

Post Views: 1 Таа е системска болест на коските која се карактеризира со намалена коскена густина и нарушена микроархитектура. Остеопорозата е многу често заболување кое буквално значи порозни коски. Најсериозна последица од оваа болест е скршеница на коските дури и при минимален удар или паѓање. Ова заболување може да доведе до инвалидитет, па дури и до смрт и е познато како „Тивка епидемија“. „Остеопорозата зема се пошироки, речиси епидемиски размери и освен што ја напаѓа женската популација, во последно време не е мал бројот на мажи кои заболуваат од оваа болест. Постoјат голем...

Continue reading

slepo lice

Денска е светски ден на слепите лица

Post Views: 7 „Денеска нема да имаме посебни активности, затоа што ние сме активни преку цела година“, вели Славчо Џајкоски, претесадтел на здружението на слепи лица. Светскиот ден на слепите лица, 15 октомври, Општинската организација на слепи лица од Охрид не го одбележува посебно. „Иако овој ден е светски признат, ние не чувствуваме потреба за специјално организирање на нашето членство, бидејки за нас секој ден е одбележан на свој начин, вели претседателот на здружението на слепи лица, Славчо Џајкоски.  Тој додава дека приоритет на  здружението е откривање на нови слепи лица,...

Continue reading

Светскиот ден на Прва помош

Post Views: 1 „Прва помош за хуманост“, е  мотото под кое се одбележува Светскиот ден на Прва помош.   На градскиот плоштад спроведени низа активности за прославување на овој ден. Една од поголемите свечености годинава се одржува во Риека, каде има четири преставници од ОО на Црвен Крст Охрид. Црвениот крст денеска празнува. Светскиот ден на оваа хуманитарна организација, годинава се одржува под мотото „Прва помош за хуманост“. „Секој човек, може и треба да знае да укаже прва помош, вели претседателот на ОО на Црвен крст, Сашо Точков. И покрај лошите временски услови, на градскиот...

Continue reading

Од 4.000 до 8.000 ден. за старт во училиште

Post Views: 2 Остануваат само 5 дена до почетокот на новата учебна година. Годишните одмори, припремите за зимскиот период, одземаат голем дел од буџетот во семејствата. Дополнително оптеретување претставуваат подготовките за во училиште. Родителите за да ја исполнат и оваа должност, доплнително ќе треба да одвојат значително голема сума пари. За неопходниот прибор кој опфаќа: ранец, боици, фломастери, тетратки, колажи, лењири, помошни ташнички и останати ситнурии, родителите минимум ќе треба да одвојат околу 1500 ден, додека оние попребирливите можат да си дозволат и луксуз од 3000...

Continue reading

pozarnikari

Одбележан 20 мај- Денот на пожарникарството

Post Views: 3 Охридските пожарникари го одбележаа 20 мај- Денот на пожарникарството.  Преку вежби ги покажаа своите вештини при гаснење на пожар и спасување на повредени во сообраќајна несреќа. Притоа, беше користено и новото противопожарно возило и опремата- донирани од фондацијата „Флоријан“,  кои официјално денес и беа предадени на општината. Вработените во Противпожарната единица денес ги демонстрираа и вештините стекнати во текот на двонеделната обука спроведена од страна на англиски и француски инструктори- пожарникари. Градоначалникот Петрески, потенцира дека за  непречено...

Continue reading

statua

Охридскиот завод и музеј го одбележа Меѓународниот ден на музеите

Post Views: 4 Со низа проекти и реализирани активности Завод и музеј го одбележа меѓународниот ден на Музеите. Во изминатиот период се направени или во тек се конзервации и санации на црквите Св. Никола во Косел и 40-те Маченици, санација на кровот на џамијата Хаџи Хамза, се зајакнува статиката на куќата на Уранија, се препокри кровот на куќата на Робевци, се санира Управната зграда ова се само дел од реализираните проекти  со кои Националната установа Завод и музеј го одбележува Светскиот ден на музеите. „Покрај  овие проекти, Институцијата ги издвојува и активностите околу доизгрдбата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top