Одбележан денот на водата

22 март – празник на водата. Во 1992 година, од страна на Обединетите Нации, овој ден е прогласен за ден на водата и се одбележуа низ целиот свет.

 |  Ристо Јакимоски  | 
Ohridsko ezero
Охридско езеро

Во просториите на MЈП ПРОАКВА  се одбележа денот на водата. Директорот на јавното претпријатие, Бранислав Трпчески, упати благодарност до учениците од основните училишта во градот, кои со своите творби учествуваа во одбележувањето на овој празник. Целта на собирот е да се едуцираат младите за значењето на водата во секјдневниот живот и нејзиното рационално користење.

Преку ликовниот конкурс на тема „ Водата без граници го поврзува светот“, основците имаа можност на креативен начин да упатат порака за важноста на водата.

svecenostЕкспертите се почесто укажуваат на фактот, дека водата за пиење се помалку ја има и на потребата од нејзиното штедење. Од Јавното претпријатие ПРОАКВА, исто така укажуваат дека богаството кое Охрид го има во водни ресурси треба рационално да се користи.

Во светот, секојдневно огромен број луѓе се соочуваат со недостатокот од вода за пиење, а човекот со неговите постапки е главниот фактор за намалувањето на оваа драгоцена течност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top