Ознака: денари

Nova godina

Каде за Нова година?

Post Views: 0 Се ситнат деновите до најлудата ноќ во годината. Новата година која некогаш сите со нетрпение ја очекуваа, сега некако губи на интензитет и жар кај граѓаните. Сепак сите ја прославуваат на овој или оној начин. Излеговме помеѓу охриѓани да запрашаме каде тие ќе ја поминат најлудата ноќ? Дали тоа ќе биде некој хотел, ресторан, кафе бар или нешто друго? „Дома, нема пари, скапо е прескапо. Се нема, толку е!“ „Дома. Со мали деца сме.“ „Скопје, некаде, Штип, лево-десно, Парк.“ „Никаде…“-рекоа дел од нив. Хотелиерите пак интензивно се подготвуваат и за Дочекот, и за празничниот...

Continue reading

Дебрца

„Градоначалникот Којчиноски недомаќински работи“, обвинува ОК на Вмро Дпмне од Дебрца

Post Views: 5 Од ОК на Вмро Дпмне од Дебрца се упатуваат  критики за несовесно и недомаќинско работење во изминативе години на градоначалникот на Општина Дебрца,  Љупчо Којчиноски. За обвинувањата  упатени на адреса  на актуелниот градоначалник, претседателoт на ОК Игор Трајкоски се повикува на  раководењето со буџетот на Општина Дебрца, на неговата приходна и расходна страна.  Во  општина Дебрца не се спровеле или многу малку се направило од ветеното за подобрување на инфраструктурата, укажува Трајкоски. Нема јавно осветлување, изградба на системи за водоснабдување, систем за одведување...

Continue reading

паркинг

Охридските паркинзи повторно актуелни

Post Views: 14 Мнозинството во Охридскиот совет ја прифати предлог одлуката за започнување на постапката за доделување на договор за давање под долготраен закуп на паркинг простори во општина Охрид. Оваа одлука не е прифатлива за советниците од ВМРО ДПМНЕ. Координаторот на советничката група Дејан Пановски вели дека советот на општина Охрид  се зафати за решавање на проблемот со паркинзите и тоа на начин кој не е најсоодветен, затоа што и покрај тоа што е изготвена студија за управување со паркинзите и паркинг меса која предвидува 1269 паркинг места во Охрид и понатаму се оди на варијанта...

Continue reading

grobista Ohrid

Се намали цената за гробните парцели на полето 5

Post Views: 2 Советниците дадоа зелено светло за намалување на цената за гробното поле 5, кое се протега помеѓу ресторанот и градската капела. Гробните места за кои досега се плаќаше 83900 денари, од сега ќе се плаќа 73 000 и 46 000 денари. Директорот на ЈП Коле Петкуќески како причина за оваа одлука на ЈП ја  наведува тоа што повеќе нема слободни гроби места, но и лошата економска  состојба. Спротивно на ова советникот од ВМРО ДПМНЕ Џемал Рахман вели дека објаснувањето за оваа одлука недржи, затоа што како што кажа Гробарината не се намалува, а се поголема е ставката од одржување,...

Continue reading

општина

Општината ќе ги помага социјално ранливите охриѓани

Post Views: 4 Со парични олеснувања општина Охрид ќе ги помага ранливите категории  охриѓани. Наскоро ќе им ги надополнува давачките за сметки на трите општински јавни претпријатија Проаква, Комуналец и Нискоградба. Висината на субвенцијата за трошоците за комунални услуги ќе биде во висина од 600 денари. Од овие средства 300 денари се предвидени  за сметките за потрошена вода за пиење, и по 150 денари за сервисните услуги за ѓубре и канализација.  Општината само на  овој начин може законски да им помогне во  ублажување на  издатоците на граѓаните кои се наоѓаат во потешка социјална...

Continue reading

sednica sovet Ohrid

Бурна 52 седница на совет

Post Views: 6 Предлог Одлуките за усвојување на Извештаите за работата на јавните претпријатија за периодот од 01.04. до 30.06.2012 година, пред охридските избраници.  Советнокот од ВМРО ДПМНЕ Величе Маркоски реагира на приложениот извештај од ЈП Билјанини извори. „Финансискиот извештај на приходи и расходи е толку оскудно даден што неможам да го прифатам како извештај“, вели соетникот од ВМРО ДПМНЕ Маркоски. „Извештајот е даден комплетно, и текстуално и со графинони. Имаме воведен дел финансиски извештај и пишува за секоај стапка пооделно. пишува од што се направени приходите“,...

Continue reading

охрид

Странците побројни гости во Охрид

Post Views: 7 Туристичката сезона 2012 за охриѓани и не била така црна и неуспешна, покажуваат најновите обработени показатели од инспекцијата за туризам. Во  деветте месеци од оваа година Охрид го посетиле повеќе  туристи во однос на истиот период од минатата година.  Во 2011 година биле реализирани 427.000 ноќевања, додека во 2012 оваа бројка е 453.000. Мора да напоменеме дека за прв пат се среќаваме со зголемен број странски гости кои престојувале на охридското крајбрежје, вели раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски. „ Домашните  гости оствариле 171 .740 ноќевање,...

Continue reading

kapela

Муслиманите ќе почекаат за изградба на капела

Post Views: 15 Муслиманската капела доби темели и на тоа остана. Изградбата е стопирана скоро година дена поради немање на доволно финансии и за истата не е прибрана потребната техничка документација, информираат од ЈП „Градски гробишта“. Првиот човек на ЈП, Драган Пандески,  вели дека од нивна страна вложуваат максимални напори за да се изгради овој објект, но признава дека работите одат тешко. Тој додава дека клучот за изградба е во Министерството за финансии кое не го одобрила кредитот наменет за изградба на капелата. „Во моментов немаме изведувач. Вие знаете дека Советот на општина...

Continue reading

Sase

Занаетчиите може да здивнат

Post Views: 5 40-тина занаетчии од 180 -те регистрирани присуствуваа на вчера одржаниот состанок на Регионалната комора. Од прва рака добија информации како да дојдат до неколку финансиски  олеснувања. Сега имаат можност  од својот буџет да издвојуваат помалку пари за книговодствените услуги, напоменува Сашо Богоески,  претседател на регионалната комора.   „ Најолеснителен  дел е пакетoт услуги од 200  денари месечно за книговодствените услуги и 150  денари месечна чланарина. Во минатото занетчиите плаќале  1500 денари месечно на име на оваа услуга и 2000 денари за завршна сметка....

Continue reading

parking aparat

50 денари за поминување по сообаќајница

Post Views: 0 Доколку сакате да поминете по сообраќајницата Македонски просветители во делот помеѓу двете рампи, треба да платат 50 денари. Од оваа нова појава најпогодени се дитрибутерите кои и по неколку пати во денот минуваат тука вршејќи дотур на стока.  При влез на рампата кај поштата добивате жетон, но со него не можете да излезете на рампата пред Капетанија, затоа што на неа пишува дека за излез треба картичка, која ја имаат само жителите на стариот дел од Охрид. По поплаките кои ги добивме, за проблемот со кој се соочуваат сите, освен жителите на стариот дел на Охрид, се уверивме...

Continue reading

carsija

Угостители „диво“ поставувале маси и столици

Post Views: 3   И оваа туристичка сезона не помина без да се прекрши  програмата за поставување на урбана опрема. Инспекторите имале полни раце работа и напишале бројни пријави до сопствениците на угостителските објекти кои без дозвола сакале да профитираат и ова сезона со нелегално поставување маси и столици, нагласува Ана Николоска од одделението за комунална  такса. „ Со наплатата на средства нема проблем. Но има проблем со оние угостители кои немаат кај нас барање за издавање дозвола за поставување маси и столици. Поднесовме до општинскиот инспекторат извештај со фирмите кои извадиле...

Continue reading

knigi

Школската година започна

Post Views: 7 На првиот училишен час на кој на децата им беа поделени учебниците, наставниците и професорите уште ги информираа основците и средношколците и за останатите наставни помагала кои ќе им требаат за непречено одвивање на наставата. Најсовесните уште утрово ги затекнавме во книжарниците низ Охрид. Раководителот на книжарницата „Просветно дело“ во Охрид, Димитар Саков, вели дека уште рано утрово се почуваствувала училишната атмосфера. Тој додава дека нема потреба од гужви и нервози за набавка на училишен прибор и работни тетратки, затоа што од се што треба за учениците, имаат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top