Ознака: денари

stolovi kafeterii

Поставувањето на маси и столови пред угостителските објекти ќе се наплаќа по зони

Post Views: 2 Од ова лето, угостителите, за поставување на маси и столови пред нивните објекти ќе плаќаат според посебно одредени зони од страна на Секторот за урбанизам при локалната самоуправа. Ова е одлука која беше изгласана на последната седница на Советот на општина Охрид, а се однесува утврдувањето на зоните, но и висината на цените кои ќе ги плаќаат угостителите за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување урбана опрема, односно маси и столови. „Зонирањето е во три зони, тоа е уредено по улици. Првата зона се плаќа 300 денари, втората зона 200 и третата...

Continue reading

parking

ЈП „Билјанини извори“ од денес започна да наплаќа за паркинг

Post Views: 5 ЈП „Билјанини извори“ започна да наплатува за паркинг. Опфатени се паркизите кои се наоѓаат на улицата „Македонски просветители“ во делот од пред маркетот Тинекс до пресекот со „Кеј Маршал Тито“, како и кружниот тек на плоштадот. Овие паркинзи влегуваат во Зона А. Додека улицата „Кеј Маршал Тито“до пресекот со улицата „Ванчо Николески“, улицата „Партизанска“ до „План Б“, паркингот кај хотелот „Ривиера“, паркингот на улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ пред „Стопанска банка“ како и вториот дел од улицата „Македонски просветители“ од поштата до семафорите кај Охридска банка,...

Continue reading

NP Galicica

Уживањето во убавините на НП „Галичица“ ќе се наплаќа

Post Views: 2 Во НП „Галичица“ ќе се наплаќа влез, паркирање на возила и поставување на шатори. За посета на излетничките места Корита, Јадера и Лескоски  уши домашните и странските посетители ќе треба да платат за да уживаат во природните богатства на паркот. Од наплата за влез во паркот ќе биде ослободено локалното население, но не и охриѓани. Посетителите за дневен престој  за влез во паркот ќе треба да издвојат по 30 денари, за паркирање на автомобил 50 денари, а за поставување на шатор ќе платат 200 денари. За собирачите на печурки и лековити растенија ќе треба да издвојат 500...

Continue reading

kovac

Локалната ќе ја укине комуналната такса за занаетите во изумирање

Post Views: 6 Претставници од Занаетчиската комора на Охрид се сретнаа со градоначалникот Никола Бакрачески. На градскиот татко му ги кажаа  проблемите и потребите на занаетчиите. Бараа заеднички начин како да им се помогне во наделжностите кои ги има Локалната самоуправа. Градоначалникто Бакрачески кажа дека пред охридските совентици ќе го стави предлогот за  укинување на комуналната такса во висина од 500 денари годишно за занаетите во изумирање. „ Ние, согласно член 36 од Законот за Локална самоуправа, веќе на наредната седница ќе ја ставиме предлог одлука за укинување на комуналната...

Continue reading

JP Niskogradba

Ситуацијата во „Нискоградба“ ништо поразлична од останатите ЈП

Post Views: 10 Новоназначениот директор на ЈП „Нискоградба“, Никола Икономовски јавно проговори за состојбата во која го превзел претпријатието. Тој открива дека со превземењето на функцијата затекнал три неисплатени плати и вкупен долг на ЈП од 67.963.194 денари.  Блокирана сметка поради извршни судски решенија и неплаќање на данок по основ на ДДВ од 5.096.830 денари. Обврски спрема ЈП во Охрид 14.252.712 денари, обврски за неисплатени телефони 64.395 денари, а спрема угостителски објекти како репрезентација 632.523 денари.   Икономовски кажа дека од основањето на ЈП годишно за репрезентација...

Continue reading

komunalec

Екс директорот на Комуналец ги демантира вчерашните обвинувања

Post Views: 6 После вчерашната пресс конференција на В.Д. директорката на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“,  Елена Скрческа на која беше истакнато дека претпријатието тоне во долгови, денес екс директорот Сашо Алчев се обрати до нас со цел јавно да го каже својот став по изнесените обвинувања упатени на негова адреса.  Како што беше кажано „Комуналец“ по различни основи должи 97.770.000 денари. Алчев демантира. Тој вели дека зад обвинувањата се крие безидејноста на новата директорка како да го води претпријатието. Алчев рече дека не се основани и обвинувањата дека претпријатието...

Continue reading

vozila komunalec

Превработеност и милионски долгови во ЈП „Охридски комуналец“

Post Views: 18 Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ тоне во долгови. Според анализите на новото раководство, во моментот, „Комуналец“ по различни основи должи 97.770.000 денари. Од оваа сума, 49.956.000 денари се обврски кон добавувачи, 27.329.000 денари се по основ на извршни судски решенија, додека 16.491.000 денари се по основ на кредит од Охридска банка. За овој кредит, според в.д директорот на ова јавно претпријатие, Елена Скрческа, месечно стигнуваат по 150.000 денари во затезна камата. Поради неисплатени долгови кон добавувачи, претпријатието не може да набави гориво за...

Continue reading

gradski grobishta

Лажни сметки за гробарина, неисплатени плати и долгови во „Градски гробишта“

Post Views: 24 Очајно лоша финансиската состојба на ЈП „Градски гробишта“ според анализите кои ги направиле службите во претпријатието. Финансиските показатели на ова претпријатие покажале сериозни злоупотреби, неправилности и недомаќинско работење на претходното раководство. Според овие анализи, се дошло до сума од 2.315.088 денари долг на претпријатието, кој долг, според новиот директор Зоран Симоноски значително отстапува од фактичката состојба. Според него, долгот е многу поголем, бидејќи стручните служби откриле бројни обиди за вештачко пумпање на финансискиот резултат. Симоноски...

Continue reading

protesti JP Biljanini Izvori

Директорот на ЈП Билјанини ги откри долговите

Post Views: 9 Вкупната сума која ја должи ЈП  Билјанини Извори по извршената ревизија покажа дека е во висина на еден годишен буџет кој го има ЈП. Директорот Иван Цветкоски денеска јавно проговори за моментална ситуација во ЈП Билјанини извори, поточно за она што го наследи од претходниот директор.  Показателите кои Цветкоски ги соопшти денеска се поразителни во делот на работењето на ЈП Билјанини извори, посебно во делот на петте ставки кои најмногу ги засегаат за претпријатието нормално да функционира.  Вкупната сума која ја должи ЈП е 14 192 859,00 денари или  за данок    790.000,00...

Continue reading

jagnesko

Јајцата и јагнешкото поефтини од минатиот Велигден

Post Views: 8 Останаа уште неколку дена до еден од најголемите христијански праници. Велигден е празникот кој се карактеризира со големи и богати трпези, со јагнешко и со многу вапцани јајца. Таква ни е традицијата, такви ни се и желбите. Но најчесто за македонскиот граѓанин, длабочината на џебот не соодветствува со желбата за еден пристоен Велигденски ручек со своето семејство. Двата најбарани продукти околу Велигден се секако јагнешкото месо и јајцата. И едниот и другиот продукт, изминативе години со своите цени и тоа како знаеја да ги шокираат граѓаните. Само да се потсетиме, минатата...

Continue reading

пазар

Градски пазар не ја чувствува конкуренцијата

Post Views: 6 Големиот број зелени пазари, како и ново oтворениот зелен пазар на Кам, засега не влијаат на работењето на  градскиот  пазар. Низ градот на повеќе локации се отворени зелени пазари чии цени на производите не се разликуваат многу од оние на градскиот пазар. Сепак ритуалот и навиката на граѓаните сеуште постои да се пазарува на градскиот пазар. Од градски пазар дознаваме дека засега конкуренцијата не ја чувствуваат. До нивните служби нема барања за откажување на договорите за закуп на тезги. Охридскиот градски  пазар во последниве години се соочува со проблем на намалена...

Continue reading

Naum Rilkovski

Гимназијалците матурата и годинава ќе ја слават во х. Десарет

Post Views: 17 Гимназијалците и економистите матурата традиционално ќе ја слават во хотелот Десарет. Директорот на Св. Климент Охридски Наум Рилковски објаснува дека навреме биле завршени сите постапки за избор на најдобар понудувач, не само за прославата, туку и за избор за фотограф. „Одбрана е и најниската понуда но и просторниот капацитет ни одговара, бидејќи матурантите годинава се околу 370 како бројка  дозволува и најидеално е да биде избран хотелот Десарет. И ако целата постапка е редовно помината како што треба секако дека помеѓу учениците и од гимназиските паралелки, економките...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top