Лажни сметки за гробарина, неисплатени плати и долгови во „Градски гробишта“

Анализата на стручните служби во претпријатието, открила сериозни злоупотреби од страна на претходното раководство.

 |  Мишел Наумоски  | 
gradski grobishta
градски гробишта

Очајно лоша финансиската состојба на ЈП „Градски гробишта“ според анализите кои ги направиле службите во претпријатието.

jp gradski grobistaФинансиските показатели на ова претпријатие покажале сериозни злоупотреби, неправилности и недомаќинско работење на претходното раководство.

Според овие анализи, се дошло до сума од 2.315.088 денари долг на претпријатието, кој долг, според новиот директор Зоран Симоноски значително отстапува од фактичката состојба. Според него, долгот е многу поголем, бидејќи стручните служби откриле бројни обиди за вештачко пумпање на финансискиот резултат. Симоноски рече дека биле откриени отпечатени фиктивни сметки за гробарина во износ од 1.600.000 денари без адреси и информации, потоа доделени гробни места на вработени во претпријатието како и серија други неправилности.
uredeni grobista
„Потрошени се за ресторантски услуги и за гориво 879.500 денари, тука само да напоменам дека имаме едно службено возило. По основ на ДДВ, претпријатието должи уште 1.700.000 денари, по основ на неисплатени плати и придонеси вклучувајќи го и месец Мај, 2.000.000 денари, за потрошена електрична енергија, претпријатието во овој момент должи околу 1.200.000 денари.“-рече вршителот на должност директор на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски.

Ова се само дел од откриените издатоци на претпријатието. Но и пресметаните приходи, според Симоноски се вештачки напумпани.

Тој вели дека од 9те милиони денари кои ги побарува претпријатието по основ на гробарина, добар дел, односно околу 4.600.000 денари се ненаплатливи или тешко наплатливи побарувања, дали по основ на застареност на сметките или како резултат на фактурирани а ненаплатени фингирани сметки за гробарина.

deponija grobista„По основ на тековно работење, односно долгови кон доверители, претпријатието должи околу 4.000.000 денари. Кога сето ова ќе се сумира, се доаѓа до вкупен износ од 8.900.000 денари. Ако кон оваа сума се додадат судски такси, затезни камати, бидејќи во тек имаме и судски спорови, извршители и слично, јавното претпријатие ќе ја надмине сумата на должење од 10.000.000 денари.“-вели в.д директорот Симоноски.

По откриените злоупотреби и вештачко пумпање на завршната сметка, според Симоноски, негативното салдо на „Градски гробишта“ од 2.513.088 денари би пораснало на повеќе од 5.500.000 денари долг на претпријатието.

Точниот износ на долгот, како и останатите неправилности, целосно ќе бидат откриени во наредните денови, а тоа ќе го прави посебна комисија во рамките на претпријатието.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top