Ознака: денари

dpmne kandidati

Целосна промена на казнената политика за стопанските субјекти, најавија од Вмро Дпмне

Post Views: 10 Промена на инспекцискиот систем и системот на казни во  РМ за стопанските субјекти, а обезбедување на низа мерки за развој на малите и средни претпријатија, најавија од Вмро Дпмне. Меѓу промовираните мерки се  намалување на високите кирии  за најмување на деловен простор со кои стопанисува Јавното претпријатие. Обезбедување на владина финасиска помош за секоја мала компанија на која ќе и е потребна помош од странски експерт. Субвенционирање на дел од имплементација на  ИСО , Хасап и Халал системите, се дел од  мерките кои на   денешната прес конференција ги презентира...

Continue reading

jagnesko

За Велигден наместо јагнешко свинско на трпезите

Post Views: 1   Охриѓани забрзано се подготвуваат за престојните велигденски празници. Овој најголем христијански празник се карактеризира со богата трпеза, со јагнешко и со вапцани јајца. Но, длабочината на џебот на граѓаните за жал  не дозволува еден пристоен Велигденски ручек со своето семејство. Производителите на јајца велат дека и покрај нискиот стандард граѓаните купуваат. Цените се движат  од 100 па се до 200 денари по шаблон и се многу пониски од минатата година. -Не е лошо, се троши, годинава е многу поефтино па повеќе се купува, вели еден од производителите на јајца.Дуг...

Continue reading

blinker

Започна ловот на Охридската пастрмка и белвица со блинкер

Post Views: 0 Од овој месец започнува ловот со блинкер на влечење од пловен објект за Охридска пастрмка и Охридска белвица, информира концесиоенерот Пастрмка 2012. Блинкерот на влечење ќе биде дозволен во периодот од месец Април до месец Ноември, од 1(први) до 15(петнаести) во месецот, како и во ден недела и за Државни празници. Оваа година новина  е тоа што цената на дозволата за блинкер на влечење е намалена па така од досегашната цена од 800 денари сега дозволата же изнесува само 600 денари. Дозволите се издаваат во просториите на Концесионерот Пастрмка 2012 во стара барака на...

Continue reading

opstina Ohrid

Нов долг на товар на општина Охрид

Post Views: 1 Долгот на општина Охрид од денес порасна. Милион и пол илјади евра или 93 милиони 339.953 денари нов долг на товар на МЈП Проаква, вака гласи најновата правосилна пресуда на Врховниот Суд на Република Македонија. Од локалната самоуправа денес рекоа дека и покрај огромните напори на новото општинско раководство, не можат да формираат одбранбен механизам за заздравување на општината од наталожените долгови. Според портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски, ова е само уште една епизода од бескрајниот серијал на неодговорното работење на претходната локална самоуправа...

Continue reading

sdsm

ДПМНЕ манипулира со охридската јавност, обвинуваат од СДСМ

Post Views: 3   Локалната власт од ДПМНЕ никако да престане да манипулира со охридската јавност, кога се работи за образованието, обвинуваат од општинската СДСМ. Одговорните лица упорно се обидуваат да ја убедат охридската јавност дека градската власт ги одблокирала сметките на училиштата во Општина Охрид, поради наводното нестручно и недомаќинско работење на поранешните директори. За блокираните сметки на училиштата во Охрид вината исклучиво ја сноси Министерството за образование и наука, велат од СДСМ. По освојувањето на локалната власт, за таквата состојба неоправдано и популистички...

Continue reading

kredit

Со спогодбени договори општинскиот долг намален за 10 милиони денари

Post Views: 1 Локалната самоуправа води спогодбени преговори со правните и физичките лица кои имаат извршни побарувања од општината.  Колкав е бројот на фирмите кои се спогодиле со Локалната самоупрва одговор побара  советникот од ЛДП Дејан Блажески.„Колку од фирмите од кои ги побаравте за отпишување на долгот го отпишаа“, праша Блажески.   Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека во моментов најсложена и најтешка  операција е деблокирањето на општинската сметка.    Според списокот од Министерството за финансии  општината е должник на 155 субјекти.  Дневно се пресеметуваат и по...

Continue reading

vmro - dpmne

Таксативно наведени потрошените суми за гориво за време на владеењето на СДСМ

Post Views: 2 Портпаролот на Вмро Дпмне, Никола Митровиќ, на денешната прес конференција ги презентира потрошените суми за гориво и масла за општинските возила за периодот 2005-2013. Митровиќ таксативно ги наведе потрошените суми по години почнувајќи од најниската во 2005 година од околу 425.000 денари па се до највисоката од 1.844.000 денари во 2012 година. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината  и неразумното трошење на нивните пари, рече Митровиќ.„ Ваквиот принцип на нивно недомаќинско трошење на парите на граѓаните и вртоглавите осцилации од година во година е само пример...

Continue reading

urbana oprema

Се намали комуналната такса за поставување урбана опрема

Post Views: 2   Пониски цени за закуп и комунална такса. Угостителите и другите правни лица кои пред своите објекти ќе сакаат да постават урбана опрема, во иднина за оваа давачка ќе треба да издвојат помалку пари. Така беше одлучено на вчерашната 20-та седница на Советот на општина Охрид. Според Програмата за поставување на урбана опрема, цената на закуп на метар квадратен ќе чини 250 денари во првата зона, 150 денари во втората и 100 денари во третата градска зона. Исто така ќе биде намалена и висината на комуналан такса од 10 денари на 7,5 денари. -Во изминатиов период имавме интензивна...

Continue reading

Golemata mecka

„Големата мечка“ го означи стартот на „Месецот на киното“ во Охрид

Post Views: 33 Од вечерва на  кино-репортоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“  ќе се прикажува анимираниот филм „Големата мечка“. Оваа анимирана авантура ќе се прикажува и на 12-ти и на 15-ти март. Почеток на проекциите е во 19.00 часот, а влезот е 50 денари. Од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ велат дека овој месец ќе биде месец на киното во Охрид, па така покрај анимираниот „Големата мечка“, на репертоарот во Центарот за култура се и филмовите „Сината боја е најтопла“ и „Убавицата и ѕверот“. Сите три филма гледачите ќе може  да ги проследат по промотивна цена од 50...

Continue reading

narodna

За ВМРО Народна, експропријацијата на земјиштето за автопатот е спорна

Post Views: 0 ВМРО Народна партија смета дека цената на чинење на автопатот од Охрид до Кичево е превисока. Од таму велат дека според пресметките за еден километар автопат ќе се плаќа по 5.5 милиони евра што според Народна е двојно повеќе од она што се плаќа во други европски земји, вклучително и во соседството. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна, Ванчо Костоски смета дека особено цената е нелогична бидејќи во голем дел од теренот каде што ќе поминува автопатот, условите за градење се добри, така што според него тоа во голема мера ги намалувало и трошоците за изградба...

Continue reading

bebe

Доделена паричната помош за бебињата родени во јануари во Охрид

Post Views: 3 Врз основа на доставениот список од  ЈЗУ Општа Болница, а  по претходно  потпишаниот меморандум за соработка меѓу  градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на општата болница Љубен Арнаудов, општина Охрид  во  месец февруари  на 15  мајки чии деца се родени во  месец  јануари годинава, трансферира  по   5 000 денари  еднократна парична помош. Финансиската поддршка на локалната самоуправа е во насока на стимулирање  на наталитетот  и во неа се опфатени новороденчиња кои што се  родени во Одделението за гинекологија при Општата Болница – Охрид чии родители...

Continue reading

svr Ohrid

Двајца кичевчани „оперирале“ низ Охрид

Post Views: 10 Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 17 казнени дела „Кражба“ и „Тешка кражба“ СВР Охрид  поднесе две кривична пријава против А.Ф. (27), Б.Р. (27) двајцата од Охрид како и А.Е. (19) и Е.Б.(37) двајцата од Кичево. Пријавените А.Ф. и Б.Р. кривичните дела ги извршиле во текот на изминатите два месеца со насилно кршење на вратите и прозорците. Така од објектот каде се наоѓаат водните пумпи за општината Дебарца бесправно одзеле електромотор со кабли, потопна пумпа, наставци за метални цевки и неколку рачки за округли шибери. Двајцата пријавени од работна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top