Таксативно наведени потрошените суми за гориво за време на владеењето на СДСМ

Таксативно  наведени потрошените суми за гориво за време на владеењето на СДСМ.

 |  Валентина Неловска  | 
vmro - dpmne
вмро-дпмне

Портпаролот на Вмро Дпмне, Никола Митровиќ, на денешната прес конференција ги презентира потрошените суми за гориво и масла за општинските возила за периодот 2005-2013. Митровиќ таксативно ги наведе потрошените суми по години почнувајќи од најниската во 2005 година од околу 425.000 денари па се до највисоката од 1.844.000 денари во 2012 година. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината  и неразумното трошење на нивните пари, рече Митровиќ.
никола митровиќ
„ Ваквиот принцип на нивно недомаќинско трошење на парите на граѓаните и вртоглавите осцилации од година во година е само пример за неразумноста која преовладувала низ осумте години на СДСМ.
Господо од СДСМ еве ви можност да спроведете отчетност кон граѓаните на Охрид и да кажете зошто и на кој начин се потрошени огромни суми народни пари. Воедно апелираме и укажуваме дека ВМРО ДПМНЕ, граѓаните на Охрид и пошироката јавност е во исчекување на одговори на веќе претходно поставените прашања за потрошените репрезентации за периодот од 2005 до 2013 година март месец како и потрошените средства за службени патувања во истиот период“, кажа на денешниот прес  Митровиќ. 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top