Ознака: денари

parking

И на малиот полигон ќе се наплаќа за паркинг

Post Views: 1 Со паркингот кај поранешниот полигон за мали спортови од денес ќе стопанисува ЈП „Билјанини Извори“. Тој паркинг простор е сопственост на ГП „Гранит“.  Ова градежно претпријатие склучило договор за издавање под закуп на просторот наЈП „Билјанини извори“ во траење од една година.  Со тоа  ова јавно претпријатие  ќе врши економско оперирање на паркингот за што на „Гранит“ ќе му исплаќа соодветен процент. Во случајов „Гранит“ добива, но граѓаните губат. Инаку паркингот ќе биде дел од зоната Б, така што за еден час паркирање  ќе се наплаќа 20 денари. Уредувањето на просторот...

Continue reading

grobista

Пресврт во ЈП „Градски Гробишта“

Post Views: 0 ЈП „Градски Гробишта“ вратило 60% од старите наследени долгови, се пофали првиот човек на ова ЈП, Зоран Симоноски на денешниот брифинг со новинарите. Имено долгот изнесувал 10 милиони денари и за период од нецела година вратени биле 6 милиони денари. Според него тоа се должи на низата мерки кои ги презело новото раководство на претпријатието, како што се, работните ангажмани кои на претпријатието му ги обезбедиле Локалната Самоуправа и Фондот за комунален развој,  отпочнување на производство на сопствени бетонски производи, отворањето на новиот наплатно информативен...

Continue reading

Васил Радиноски

Во Вевчани, собирање смет за само 70 денари

Post Views: 4 Вевчанци му плаќаат минимална сума на Комуналното претпријатие.  За месечен надомесок за собирање смет, домаќинствата издвојуваат по 70 денари. Незнам дали воопшто во регионов има населено место каде по оваа цена се собира смет, вели директорот на претпријатието „Еремија“. „Пред некој ден бевме на семинар во Скопје, се дискутираше на оваа тема. Просечна цена во Македонина за собирање смет е од 4 до 10 евра. Замислете сега, ние наплаќаме по 70 денари. Со оваа сума не можеме ниту минималните трошоци да ги покриеме“-вели директорот  ЈП „Еремија“ од Вевчани, Науме Попески. И...

Continue reading

avtopazar

Охрид конечно доби автопазар

Post Views: 0 Охрид конечно доби автопазар. Трговците со половни автомобили како и оние граѓани кои што сакаат да купат половно возило, веќе нема да одат во други градови за оваа потреба, рече градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески, на денешното официјално отворање на новиот охридски автопазар. „Сметам дека со ова успеавме да излеземе во пресрет и на граѓаните на Охрид  меѓутоа и на трговците кои се занимаваат со овој бизнис. Само можам да кажам дека авто пазарот ќе служи за изложување не само на патнички возила туклу и на тешки товарни возила, моторцикли и авто делови“ –...

Continue reading

AVRM

Владини субвенции за работодавачите што ќе вработат приматели на социјална помош

Post Views: 3 Примателите на социјална парична помош кои активно бараат работа преку Центрите за вработување, добиваат можност за вработување преку новата мерка за субвенционирање на работодавачи кои ќе вработат невработени лица од оваа категорија. Примателите на социјална парична помош за оваа мерка можат да поднесат пријава до подрачниот Центар за вработување и со тоа да се вклучат во оваа активна мерка. Огласот за истата беше објавен на 5ти Јули, а крајниот рок за пријавување истекува на 25 Јули 2014 година. „Самата субвенција се состои во тоа што се обезбедуваат од буџетот на...

Continue reading

Лебот нема да поскапи

Post Views: 6 Состојбата во мелничко-пекарската индустрија не е алармантна иако пченица нема затоа што производителите ја чуваат за стоката поради скапата пченка, велат преработувачите.Тие почнале да купуваат жито од соседството, а дали ќе се зголеми цената на лебот зависи, како што нагласија вчера, од евентуалното поскапување на влезните суровини.– Ситуацијата е на некој начин стабилна, но е условена од случувањата во околните земји. Засега најавите од Србија се дека цената на пченицата ќе стагнира. Моментно се движи од 165 до 170 евра за еден тон – рече Благоја Стојчев,...

Continue reading

Galicica

И охриѓани ќе плаќаат за влез и престој на Галичица

Post Views: 6 НП „Галичица“ секој ден со ново изненaдување. Паркот од денес почна со наплата на влезници и за охриѓани. Само пред неполн месец од паркот информираа дека новиот ценовник кој почна да важи од први јуни нема да се однесува на локалното население на Охрид и Ресен.  Денес  охриѓани кои убавото време го искористиле за прошетка  на Галичица морале да платат за престој во националниот парк. „Утрово отидовме на Галичица. Попладнето на враќање бевме спречени да излеземе и ни беше побарано да платиме за престојот на Галичица. Ние им кажавме дека сме охриѓани и дека за нас не...

Continue reading

cinar

Негрижата кон охридскиот чинар продолжува

Post Views: 0 Институциите продолжуваат со крајна негрижа кон охридскиот чинар. Гранката која се преполови во декември 2012 година е сведок за крајно дволичниот однос на институциите кон заштитениот споменик на животната средина. Никој не презеде грижа да се санира дрвото или да се предложи што ќе се преземе понатака. Од Локалната самоуправа тврдат дека до министерството за животна средина и просторно планирање се обраќале за да се произнесат за заштита на чинарот.„ Од тогаш досега 10-ци писма , извештаи и информации се испратени до Министерсвото. Тие испратија во јануари 2012 година...

Continue reading

Bakraceski pat

Жителите на Сирула конечно ќе газат асфалт до селото

Post Views: 1 Свечено пуштен во употреба реконсруираниот и новоизградениот пат кој води до Сирула. Градоначалникот Бакрачески заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и рурален развој, Тони Димовски денес го посетија ова рурално место на христијанскиот празник „Свети Никола“ чие име го носи и селската црква. Мештаните велат дека го добиле  најубавиот подарок за денешниот празник. „Да се заблагодариме на локалната самоуправа на чело со градоначалникот Никола Бакрачески кој се заложи и Агенцијата за поддршка на руралниот развој кои ни дадоа средства,...

Continue reading

ataletika

Атлетскиот клуб Охрид ќе згасне, тренерот Димитров најавува повлекување

Post Views: 6 Охридските атлетичари не  учествуваа на квалификациониот куп на Македонија  за сениори и сениорки. За прв пат останаа без лични резултати  кои требаше да им ги отворат вратите за учество во натпреварот на Европското првенство во Грузија.  Атлетскиот клуб Охрид е во финасиска криза, а Локалната остана глува на барањето  на раководствотo на клубот да ги поддржи  охридските атлетичари за натпреварите, вели тренерот на клубот професор  Влатко Димитров. Тренерот Димитров ова го смета за голем  пораз на атлетскиот клуб кој има близу 4 децениска традиција. Како што вели по...

Continue reading

galicica

НП Галичица од јуни ќе почне да наплаќа влезници

Post Views: 11 НП Галичица за посетителите од јуни ќе почне со наплата на  влезници. Цените за наплатата се формирани, а влезници  ќе се купуваат во инфо центрите во Охрид и во Стење, кажува Огнен Достиноски од НП Галичица.  Влезниците ќе чинат 30 денари по лице за еднодневен престој,  за автомобил ќе се наплаќа 50 денари, а за комби и мини бус  80 денари. За посета на посебни објекти и за патеката Магаро или островот Голем град влезницата ќе чини 200 денари за еден посетител, напоменува Достиноски. Исто толку ќе чини еднодневно кампирање кое е дозволено единствено во локалитетот...

Continue reading

logo

Кривична пријава за поранешен директор на МЈП „Проаква“ – Струга

Post Views: 13 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т.(53) од Охрид, поранешен директор на МЈП „Проаква“-Струга, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како директор на претпријатието на седница на управниот одбор во 2009 година предложил поради превработеност и тешка материјална состојба да бидат прогласени 23 вработени како технолошки вишок во РЕ „Водовод“-Охрид која е дел од МЈП „Проаква“-Струга. Пријавениот ги довел во заблуда членовите на управниот одбор предлагајќи да донесат одлука на овие вработени противзаконито да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top