Post Views: 3
Најмалку 1,2 милион евра незаконски наплатила ЕВН од граѓаните преку двојна наплата на манипулативниот трошок во сметките за струја од мај 2006 до февруари 2008 година. Прекршокот на ЕВН го констатира Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), која на компанијата и изрече парична казна од 500.000 евра.
Според образложението на Комисијата, ЕВН е казнета бидејќи ја злоупотребила доминантната позиција на пазарот со тоа што во наведениот период два пати го наплаќала манипулативниот трошок од 6 денари. Односно, австриската компанија го наплаќала овој трошок како посебна...
Post Views: 0
Цената на лебот не би требало да оди нагоре, мелничарите сметаат дека продажната цена од 25 до 27 денари е прифатлива и за произведувачите и за купувачите.
Ова е ставот на претседателот на групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Благој Стојчев, во однос на поскапувањето на цената на лебот и интервенирањето на Владата во стоковните резерви.
„Мислам дека цената на лебот нема да оди нагоре, но доколку другите инпути за производство на леб не се зголемат. Aко се одржи на оваа цена треба да бидеме задоволни со 25 денари, таа е...
Post Views: 2
Сезонски летови од летото 2015та, редовни линии до охридскиот аеродром почнувајќи од 2016тата. Дали конечно ќе дојде до реализација на идејата за субвенционирање на авио летови кон и од охридскиот аеродром. Денес на седницата на Советот на општина Охрид, советниците едногласно ја поддржаа оваа идеја и изразија надеж за нејзина конечна реализација. Според градоначалникот Бакрачески, првата дестинација која ќе биде субвенционирана најверојатно ќе биде аеродромот Лутон во Англија. Од опозицијата со став дека како даватели на субвенцијата, општина Охрид во тендерот кој ќе...
Post Views: 2
Секоја година бројот на поднесени барања за родителски додаток расте за околу 50 нови пријави. Годинава до центарот за социјални работи во Охрид пристигнале 310 барања, а за споредба лани бројката изнесувала 260 додека во 2012 година 200 семејства добиле трето дете и побарале додаток. Динамиката е задоволувачка и очекуваме овој број да се задржи и во наредниот период, нагласува директорот на Центарот за социјални работи, Екрем Каљоши. Родителскиот додаток за трето дете изнесува 8.360,00 денари а се прима во текот на 10 години.
Службите се доведувани во ситуација...
Post Views: 0
Врз основ на Jaвен повик бр.09-4737/1 од 12/05/2021 за субвенционирање занаетчии на подрачјето на Општина Охрид за 2021 година и Правилникот за субвенционирање бр. 08-4086/12 ОД 28/04/2021, одобрен од страна на Советот на општина Охрид, Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески го донесе следното:-Согласно правилникот на барателите ќе им биде исплатен износ од 9.000 денари со вклучен персонален данок, по поднесување на копија од трансакциска сметка и лична карта на барателите.
Недобитните апликации може да ја подигнат својата документација во Секторот за...
Post Views: 7
Заинтересираните граѓани барањата за субвенционирање на комунални услуги можат да ги поднесат заклучно со петок , 5- ти декември.Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600 денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање на гробна такса – гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно субвенцијата.
Барателот...
Post Views: 1
Во една соба од трошна куќа која е на распаѓање во близина на амбулантата Воска, под кирија живее семејството Хусоски од Охрид. Покрај болеста која се надвиснала над нивното едногодишно дете, кое е категоризирано како телесно инвалидно лице, најтешка форма, тие едвај крај со крај врзуваат со скромната плата која ја зарабтува сопругот Сенат, вработен како метач во ЈП „Охридски Комуналец“.
„Со таа плата од 8050 плаќам 4000 денари кирија струја и вода по 1200, мене од таа плата ми остануваат 500 со тие пари што да купам . Немам услови, немам болјер да го искапам детето,...
Post Views: 4
СВР Охрид покрена уште една кривична пријава против поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, поради постоење основа за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Портпаролот Стефан Димоски информира дека пријавениот спротивно на законските нормативи вработувал, а тоа го правел без претходно да има соодветни писмени барања од страна на раководителите на сектори и другите организациски единици во рамките на општинската адмистрација.
„Пријавениот кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“го направил во периодот...
Post Views: 7
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Охрид.
Во периодот од декември 2012 до март 2013 година, пријавениот во својство на градоначалник на ЕЛС општина Охрид, делувајќи по претходна умисла, веројатно со намера да се стекне со што поголемо општествено влијание како кандидат за Градоначалник на општина Охрид во пресрет на Локалните избори 2013, спротивно на Законот за работни односи противправно склучил сто шеесет и пет договори за времени вработувања...
Post Views: 5
Цената на бензините од утре се зголемува за 2,5 денари, а на дизел горивата за 2, односно 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,27, односно за 3,78 отсто.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 78,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) со одлуката на РКЕ се зголемува за два денара по литар и ќе чини 67,50 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)...
Post Views: 7
Филмот “Споменикот на Мајкл Џексон” (2014) во режија на Дарко Лунгулов, жарн комедија / драма ќе биде поставен на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“, во деновите 9-ти (вторник), 10-ти (среда), 11-ти (четврток) декември 2014 година, почеток 20.00 часот, влез 100 денари.
Приказната во филмот се плете околу еден локален бербер од едно српско село кој доаѓа до идеја да се подигне споменик на Мајкл Џексон да се привлечат туристи од целиот свет. На дел од локалните жители им се допаѓа идејата, а на другите не.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Продолжен рокот на огласот за субвенционирање на комуналните трошоци. Причина за тоа е зголемениот интерес на граѓаните на општина Охрид кои своите барањата можат да ги поднесат заклучно со 05.12.2014 година. Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600 денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање на...