Ограби ме нежно!

Најмалку 1,2 милион евра незаконски наплатила ЕВН од граѓаните преку двојна наплата на манипулативниот трошок во сметките за струја од мај 2006 до февруари 2008 година.

 |  Маја Савиќ  | 
prasence
прасенцце

lijalicaНајмалку 1,2 милион евра незаконски наплатила ЕВН од граѓаните преку двојна наплата на манипулативниот трошок во сметките за струја од мај 2006 до февруари 2008 година. Прекршокот на ЕВН го констатира Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), која на компанијата и изрече парична казна од 500.000 евра.

Според образложението на Комисијата, ЕВН е казнета бидејќи ја злоупотребила доминантната позиција на пазарот со тоа што во наведениот период два пати го наплаќала манипулативниот трошок од 6 денари. Односно, австриската компанија го наплаќала овој трошок како посебна ставка на секоја сметка, иако 6 денари веќе биле пресметани во цената за потрошена електрична енергија. Сумата што сега ја побарува КЗК е пониска од таа што првично ја одреди и која изнесуваше 1,3 милион евра и изнесува 500.000 евра.

Парите од казната ЕВН треба да ги уплати во државниот буџет. Од Комисијата објаснуваат дека при одредувањето на казната ги зеле предвид природата на прекршокот, пазарниот удел на компанијата, големината на пазарот и времетраењето на прекршокот.

Грубите пресметки покажуваат дека секое од 600.000 домаќинства било оштетено за околу 130 денари. Но, незаконски стекнатата добивка на компанијата се мери во милиони евра.

Од ЕВН сметаат дека одлуката на Комисијата е неоправдана.

Иако се оштетени, граѓаните немаат право на парите од казната што ќе ја плати австриската компанија. Но, правниците објаснуваат дека изрекувањето на казната отвора пат за приватни тужби.

Па кој има време и нерви, нека повели.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top