Ознака: Грашница

kanal

Во езерото кај Грашница од канал истекува нечиста вода

Post Views: 0 Во езерото кај фудбалскиот стадион Грашница од канал се излева  нечиста вода. Ова  се гледа од аматреска снимка направена пред 5 дена а која граѓанин ја испрати до редакцијата на ТВМ. Денес нашата екипа беше на посоченото место и камерата забележа бара со нечиста вода околу каналот. Зад објективот на камерата луѓе кои тука живеат прокоментираа дека тоа е стар проблем. Следствено на оваа појава  се поставува  прашањето води ли некој од надлежните институции грижа каква вода се влева во езерските води. Одговор на ова прашање побарaвме од неколку  надлежни институции. За...

Continue reading

Дното на Охридското езеро вистинска депонија

Post Views: 6 Дното на Охридското езеро вистинска депонија. Местата каде што се влеваат реките Грашница, Сатеска и Даљан има многу наноси и цврст отпад, вели меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски. Ова е забележано при акцијата за пренуркување на дното на езерото која започна пред еден месец. Во понатамошните активности за пренуркување на езерото покрај тоа што имаме планирано да направиме документарна емисија и изложба на подводни фотографии ќе превземиме и конкретни мерки за чистење на дното на езерото, вели Секуловски. Тоа ќе биде доста сложена и скапа активност,...

Continue reading

voska

Ќе се уредува крајбрежјето од Воска до Даљан

Post Views: 0 Впечаток на граѓаните кои што живеат во населбите Воска и Даљан е дека вниманието на градската власт во Охрид е концентрирана на источното крајбрежје, каде што се реализираат крупни инфраструктурни проекти кои што се во насока на еден како што велат граѓаните елитен туризам. Градоначалникот Никола Бакрачески не се сложува со ваквата констатација. Тој категоричен, дека заедно со неговиот стручен тим поденднакво се грижеле за сите делови на градот и смета дека општина Охрид има рамномерен развој и коректна распределба на проектите. Бакрачески изјави дека на потегот на...

Continue reading

мауцкер

Екологистите од Грашница бараат да се изработи археолошко сондажно истражување на Мауцкер

Post Views: 25 Екологистите од Грашница со демант дека молчеле за претварањето на локалитетот  Мауцкер во градска депонија. Ние отсекогаш сме укажувале дека градежниот шут на Мауцкер не смее да се меша со  друг вид отпад, но за жал никој не ги послуша нашите апели,  вели претседателот на ЕД Грашница Борис Стојаноски. Активни се  и во новите случувања на Мауцкер. Во декември приговорале за развојната зона дека тука  постои археолошки локалитет, посочува Стојаноски.     „  Во сегашната фаза ја поздравуваме идејата за чистење на депонијата, за изградба на развојната индустриска зона,...

Continue reading

reka

Ќе се анализира загадувањето кое го предизвикуваат реките Сатеска, Велгошка и Коселска

Post Views: 13 Реките Коселска, Сатеска и Велгошка идентификувани како системски загадувачи на Охридското Езеро. Главната причина според еколошкото друштво „Грашница“ се пестицидите и вештачките ѓубрива кои земјоделците по течението на овие реки ги користат. Екологистите од „Грашница“ заедно со „Гаус институт“-Фондација за нови технологии како и Институтот за еколошки политики од Тирана ќе го следат загадувањето токму од овие три реки, но и реките од албанска страна кои се вливаат во Охридското Езеро. Воедно, во рамките на проектот „Инцијатива за одговорно планирање и управување со...

Continue reading

река

Охридските земјоделци рационално да ги користат водите за наводнување, советуваат екологистите од Грашница

Post Views: 8 Охридските земјоделци рационално да ги користат водите за наводнување, советуваат екологистите од Грашница. Тие спроведуваат проект за рационално наводнување  на земјоделските површини во сливот на Охридското езеро. Климатските промени ќе влијаат врз земјоделието и водните ресурси во речниот слив на Охридското езеро па  охридските земјоделци мора да ги менуваат  навиките за рационално наводнување на посевите, вели Ѓоко Зороски координатор на проектот. Проектот има за цел да се менува свеста на земјоделците кои живеат  покрај Коселска река и Сатеска. Од досегашните  средби...

Continue reading

logo

Црвен крст и лајонистите ќе ги чистат плажите со пристап само од вода

Post Views: 2 Непријатната слика која, на почетокот на летната туристичка сезона  ја создава сметот-отпадоците што ги исфрлило езерото на потегот на месноста Грашница (кај фудбалскиот стадион), и на поголем број некомерцијални плажи на Охридското крајбрежје, ги поттикна волонтерите на Црвен крст Охрид, во соработка со ЈП Охридски Комуналец Охрид и со поддршка од Лајонс клубот Gathenhielm од Гетеборг, да организираат еднодневна акција за собирање и селектирање на отпадот и чистење на плажите. Покрај, од копно пристапните плажи, со помош на пловните објекти на Црвен крст Охрид ќе се...

Continue reading

intervencija komunalec

„Комуналец“ интеревнираше во населбата „Крум Точко“

Post Views: 0 По налог на општинскиот инспекторат Ј.П.„Охридски Комуналец„ изврши расчистување на просторот во населбата „Крум Точко“, на потегот кај река Грашница, Лабино и станбените објекти во оваа населба. Просторот се  расчистуваше машински бидејќи беше обраснат со различни видови високи билки со трње, трева и депониран отпад. Целата вегетација е отстранета и просторот е расчистен. {loadposition content9}

Continue reading

narodna

Заштитата на Охридското Езеро, приоритет на ВМРО НП

Post Views: 5 Заштитата на Охридското Езеро и ревитализацијата на Студеничишкото блато е можно само во време кога Македонија ќе го потпише Договорот за датум за челенство во Европската унија,рече кандидатот за пратеник, Владо Цветкоски на денешната пресс конференција на ВМРО НП .  Тој потсети дека во времето кога Љубчо Георгиевски беше премиер на Република Македонија се реализира проектот за заштита на Охридското Езеро во вреЗаштитата на Охридското Езеродност од 20 милиони Г. марки односно во вредност од 10 милиони Евра. Цветкоски ги обелодени нивните планови за решавање на проблемот...

Continue reading

ekolozi

Тешката индустрија подалеку од населените места- еколозите на терен собираат потписи

Post Views: 3 Екологистите почнаа со  собирање потписи за дополнување на Законот за животна средина. Тие  бараат поддршка од  граѓаните за  иницијативата да не се дозволува градење на загадувачка индустрија во близина на населено место. За иницијативата  на македонските еколози да влезе во собраниска процедура треба да соберат 10.000 потписи од граѓаните, кажува Борче Стојаноски од еколошкото друштво Грашница. „Бараме ново изградената тешка индустрија да е подалеку од населеното место барем 5 км. Додека иницијативата влезе во собраниска процедура пратениците тој лимит може да го зголемат...

Continue reading

eko akcija

Еколошка акција за спас на шумата под Самоилови

Post Views: 5 Еколошка акција за спас на боровата шума под Самоиловите тврдини. Преводена од еколошкото друштво „Грашница“, акцијата е насочена кон отстранување на бршленот од боровите, но и останатите дрва. Ова инвазивно растение според екологистите од „Грашница“ ја има нападнато скоро целата шума на потегот од Самоиловите тврдини до месноста Плаошник. „Ова е само еден дел каде што бршленот е распространет, но има и други делови од градот каде што бршленот има нападнот и други дрва и претстои опасност оваа шума да се деградира бидејќи бршленот се обвива околу стеблата на дрвата,...

Continue reading

kujto

Усеини: Моето место е обезбедено во идниот Совет

Post Views: 5 Моето место во Советот е загарантирано, во тоа длабоко сум убеден, рече Кујтим Усеини, носителот на мултиетничката независна советничка листа на граѓани. Усеини потенцира дека овој период воопшто не го чуствува како кампања, бидејќи според него тој четири години бил во трка на реализација на проекти кои се од суштинско значење за жителите од Охрид и околината, во што добро се докажал со изградба на дел од коритото на реката Грашница. „Проектите продолжуваат сакам да обезбедам подобро утре на граѓаните посебно сакам да ги ангажирам младите“, вели Усеини. Дел од советниците...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top