• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските земјоделци рационално да ги користат водите за наводнување, советуваат екологистите од Грашница

Охридските земјоделци рационално да ги користат водите за наводнување, советуваат екологистите од Грашница

Охридските земјоделци рационално да ги користат водите за наводнување, советуваат екологистите од Грашница.

 |  Валентина Неловска  | 
река
река

Охридските земјоделци рационално да ги користат водите за наводнување, советуваат екологистите од Грашница. Тие спроведуваат проект за рационално наводнување  на земјоделските површини во сливот на Охридското езеро. Климатските промени ќе влијаат врз земјоделието и водните ресурси во речниот слив на Охридското езеро па  охридските земјоделци мора да ги менуваат  навиките за рационално наводнување на посевите, вели Ѓоко Зороски координатор на проектот. Проектот има за цел да се менува свеста на земјоделците кои живеат  покрај Коселска река и Сатеска. Од досегашните  средби сакаме да ги дознаеме проблемите, но  гледаме дека ретко се користат прскалки или систем за наводнување капка по капка, појаснува Зороски.

наводнување
„ Се соочуваме со застерени сфаќања како се искористува водата од реките, се користи не рационално, се губи и време и енергија. Исто така се соочуваме и со лоши земјоделски практики. Плакнењето на земјоделските машини во реките со излевање на пестициди што е недозволиво и внесување на тешки метали во почвата кои влегуваат во синџирот на исхрана, прекумерна употреба на ѓубрива и пестициди“, укажува Зороски.   

Европката регулатива во иднина ќе налага измени во начинот на примена на хемикалиите и наводнувањето. За да се добиваат финасиски поддршки земјоделците ќе мора да  применуваат методи за заштеда на вода и  правилни земјоделски практики, напоменува Зороски.

наводнување

Во таа насока екологистите од Грашница организираат трибини со охридските земјоделци од кои ќе се бараат коренити промени за проектот да даде конкретни резултати, вели Зороски.

 „ Конкретното произлегува од земјоделците  од нивните потреби и барања, сите тие ги согледуваме, сите ги сумираме во конкретни предлози до институциите во однос на изградба на системи за наводнување, инсталирање на системи за рационална употреба на вода во земјоделството. Секој регион е специфичен во однос на засадените земјоделски култури и протокот на реките“, вели Зороски.  

Во таа насока ќе се органзираат тринини и обуки за земјоделците, ќе се печати брошура, ќе се организира теренска посета на  фарма каде што се наводнува рационално и ќе се соработува со институциите.  Проектот почна да се имплемнтира во  септевмри и ќе трае до мај 2015 година и е во висина од 18.000 долари.  Опфатени ќе се 8 села  на сливот на Сатеска и Коселска река.

ЕД „ Грашница“ има поддршка од Унгарска еколошка организација и од Агенцијата за развој и поддршка на земјоделието.    

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top